Еве и кај мене од вчера го чувствувам долу ниско како постојано ми мрдка нешто ,како некој бран да трепери нон стоп и се радував ко дете ама беше во текот на целиот ден и си викам ова машково зарем не спие и некако се замислив и си викам па може да не е тоа може е некој мускул и еве денеска пак уште кога станав пак вибрира на истото место зарем може да е бебушот 24/7 а инаку сум 18+5 и појма немам што е тоа
Toa e зoшто да не е таман си и со неделите ти Јас вчера што сетив еднаш и толку сега за сега уште е мирна ама рано е има време.. Се мислев и јас мускул да не е, ама досега никогаш не ми вибрирало така или на тоа место, башка кај тебе е константно така да галете се со мешко
Да мила сигурно е тоа досега не сум почуствувала такво нешто ,иако на последниот преглед во 16 та недела ми кажаа дека постелката ми е на преден ѕид и некаде прочитав дека потешко се осеќаат движењата ама ете јас чувствувам. Чувството е неопишливо,малку чудно ама кога знаеш дека тоа малечко ти праќа знаци дека е добро и чувство на живост е голем благослов Ајде во скоро време и кај тебе Јас за 10на дена сум на втор скрининг и едвај чекам да го видам
Јас наредна недела на преглед после 1 месец и едвај чекам, уште од сега сум возбудена Да ни се живи и здрави, времето лета кај и да е ке се "жалиме" од јако мавање
Знаете ли каде можам да најдам јакнинво кои се собираат нашире мешиња? Веќе едвај ја закопчувам мојата
мислам дека видов на facebook во Ева бутикот во буљжњаковец рекламираа јакни. Да се јавам на рапорт и јас . Ја тераме 20 недела, се чувствувам супер, сеуште полна со енергија, навечер спијам без проблем. Апетитот се повеќе и повеќе се зголемува, но се трудам барем малку да внимавам. Бебушка си клоцка и многу и се радувам, вчера за прв пат и сопругот осети и беше пресреќен . Ако го погодиш моментот веќе убаво се чувствува и од надвор. Се припремаме уште малку за вториот скрининг, едвај чекам да се видам со бебушка.
Од денеска сум 26+0 недела а од вчера чуствувам удари од бебчето таму кај што е долу раката на мешето кај црната линија кај шо обележив таму негде од прилика како на сликата таму ги чуствувам нормално ли е ? Некако ниско ми се видоа удраите пред тоа чуствував погоре ама вчера и денеска баш во овој дел кај шо е раката и линијата. Малце ми е страв ми се вртат мисли дека е многу ниско? Некој да сподели искуство
Мила и јас ниско ги чувствувам ударите и тоа од сам почеток, а до сега гинекологот не ми рекол дека ниско го носам бебето и си сметам дека тоа е нормално. Зависи како е поставено. Сеуште има доволно простор и кај тебе да си менува положби па сигурно со некое раче или ноже клоцка таму
Ние 16+3 денеска, еднаш дневно ке ја осетам ке ми затрепери пред некој ден во 4 сабајле ме разбуди со мрдкањето Вчера бевме на преглед, испаничив малку па набрзина појдовме.. Ко ја видов изгледа си спикаше мн мирна беше, а си планирав пред преглед ке се напијам кока кола за да се размрда, така имам слушнато.. Битно се е во ред и таа си е супер дури 161гр е Инаку кога ке го праиш 2риот скрининг? Јас планирав 20та нед.
Секоја недела се повеќе и повеќе ќе го чувствуваш бебчето. Еве во моментот прави салта кај мене и удара на бешиката . Скринингот ќе го правам во сабота, тогаш ќе бидам 20+5. Едвај чекаме бебушка да ги поздрави мама и тато
Јас следната недела сум на контрола,само се да биде во ред. Радознала сум кога ке го почуствувам прв пат Два дена имав некаква нелагодност ниско во стомак како боцки на неколку пати,сигуно маткава се шири. 15+2 сум што значи каде и да е ке го почуствувам
Мене во првата бременост така доку ме клоцаше ако седам во положба неудобна за бебче , посебно кога седев да јадам и одма се бунеше хаха
Еве ме и мене секој ден ве следам но некако ептен ретко пишувам.Ние веќе влеговме во 22 недела,бебуш си мрда си клоца секој ден се повеќе и повеќеБевме и на втор скриникг,докторот вели дека се е во ред,супер си напредуваме.Од време на време чувствувам тапа болка во кичмата и ниско во стомакот но поминува.Таа болка се јавува само кога сум малку подолго време на нозе.Приметувам дека апетитот ми се зголемува но сепак не сум некој јадач.Мачнините одамна ги немам,единствено што некогаш имам киселини. Секоја контрола со душа ја чекам а наредната ми е дури за две ипол недели. Поздрав девојки имајте убав ден
здраво убави девојки , денес 12+2 трета бременост , дали дека претходната бременост беше пред 6 години или сум збудалела ама бебенцево ми мрдка , прво мислев дека се цревата ама сега веке сум сигурна , дали е можно вака рано да го осетам? малку беше понапред на последниот скрининг дури 6 дена понапред ......
Јас долго време барав јакна, тие трудничките не ми се допаѓаа воопшто (а не се баш малку 3-4000 да дадеш за 2-3 месеци што ќе ја носиш), на крај си најдов во Зара, не е за трудници, ама се шири и собира во мешето и е совршена, а колку топли да не ти кажувам. Си зедов поголемо бројче, Л, сега сум 6ти месец и ми е ептен комотна, до 8ми сигурно ќе ме собира, за после не сум сигурна, зависи и колку ќе ми порасне мешето. Добро е тоа и што ќе можам и после бременост да си ја носам. https://www.zara.com/mk/en/water-resistant-sorona-®-dupont™-puffer-parka-p03427210.html?v1=7971889&v2=1129001 Едит: Зелената ми ја дава на линкот, мојата е црна.
Здраво и од мене со лесно нека Ви е на сите да си изродите здрави и живи бепчиња Ве читам и открив дека не сум сама што сум почувствувала мрдање во 12-13 недела иако ми велеа нема шанси сега терам 24+4 недела, ќе имам женска иако бев 100% убедена дека ќе е машко бебка е активна 24/7 цело време мрда особено кога сум гладна
Фала мн. одлична е, баш ми се допаѓа ќе тркнам до Зара ❤❤❤❤ 18г.н. и кичмата (кај крстот) ме боли веќе трет ден, ако се наведнам за нешто исправувањето тешко ми иде. Не знам дали смеам да се истегнувам на пилатес топка? дали би ми олеснило барем малку, ако вака терам до крај аууу. Немав болки бакби со првата бременост, не толку рано, таму накај 8-9м ми се појавија и тоа при неудобно седење ❤
Ајде и овде да пишам Денес го направивме вториот скрининг и се беше во ред со бебушот за кој конечно дознавме дека ќе биде моме теже 495г и одговара на 22+2 а требаше на 22+6. За мојата килажа нема некои промени полека но сигурно качувам по некое килце мада на мене ништо не се познава се е во мешето, почнав со 62кг паднав до 59кг а сега сум 64/65кг. Од потешкотии кои ги осекам е одвреме навреме болки во половината ама не секогаш, намалено движење кое многу ме задишува и ми е најголем проблем затоа што претходно бев многу брза за спиње да не зборувам спијам по два пати на ден и јадам по 7/8 мали оброци што не е типично за мене ама бебушка си бара па за неа морам Многу се распишав ама еве уште ова конечно ја осекам како мртка дури и ја снимав како ме клоца како цело меше ми вибрира од неа Поздрав мешиња имајте лесен убав ден извинете за долгиот пост
да е здрава и жива @***Bony*** После втор скрининг што се прави освен крвна слика и урина ? и во која недела ? јас овие две недели скоро имам некако повеќе исцедок како жолто некогаш,а некогаш само водени ми се гаќите дали е нормално ? и дали може со сода бикарбона да се миеме во бременост ?порано нон стоп си се миев одвреме навреме .. кога се почнува да се гледа вагинално прв пат дали во второво тромесечие или третото ? многу прашања поставив а апетит имам многу и јас само ми се јаде а многу сакам маж ми да почне да чуствува и тој кога ќе мрда и значи пукнав од одење во вц на секои 5 мин одам, а инаку не знам по колку пати на ден
@anita123 фала ти мила посакувам исто и кај тебе и кај сите други мешиња За испитувања незнам, мојот матичен ми кажа се гледаме за месец дена и ништо друго, а еве читам на нет дека од 24-28гн се испитува за скриен шекер, а тој на последниот преглед пред некоја недела кога бев кај него спомна дека во зависност од резултатите од скринингот односно од големината на плодот ке знаеме дали ке треба да се испитуваат димери и скриен шекер, а денес кога ги виде резултатите ништо неспомна. Ај ке почекаме некој поискусен да ни пише што е следно