@anita123 & @***Bony*** јас бев во 23+ некој ден кај матичната и ми даде упат за крвна слика и ми направи ехо. Димери правев во 18 недела дека во фамилија имаме длабока венска тромбоза, а за скриен шеќер ме праша дали има некој во фамилија од кај мене и кај сопругот, ние немавме и ми рече бебето си е во ред, немаш индикација и нема да правам ОГТТ. А и искрено немав намера да го правам, од искуство со други трудници. Се надевам дека ви помогнав со лесно
Полека но сигурно влегуваме во 5ти месец денес 17+1 уште неможам да си поверувам.. Движењата или не ги чувствувам исто, или незнам да ги препознам се бунам искрено чувствувам вибрирање пониско од порано, над јајниците негде ваљда тоа е незнам Како и да е убаво се чувствувам и си чекам да ме мавни девојкава да се стопам Како сте вие идни мајки во најубавото тромесечие?
Иста бев и јас незнаев кое е што е ама не се секирај за некоја недела ке ја осекаш повеќе. Ние сме 23гн и си играме по цел ден се чудам што ли праве толку многу балерина на мама Дефинитивно е најубаво тромесечје да не е мрдањето во мешето нема да знам дека сум бремена нека потрае подолго ваквиот период, кога читам што ни следи ме фака страв ама не се давам така лесно Како сте со спиењето? Знам дека не е добро на грб да се спие ама само така е мирна и само тогаш можам да спијам
Леле знам ама неке имам болки ако спијам на страна, неке ни лево ни десно несака, болката е како тежина веднаш под гради страшна
Гледам колку што можам да избегнам спиење на грб. Не дека можам да се контролирам ко ке заспијам, ама имам приметено дека не е често ко порано, потсвеста работи. Сега си ја порачав и перницата од Сомниа се надевам ке си најдам добра положба со неа Ете не било убаво ама и колку што разбрав ке сетиме мака ко ке неможиме да лежиме на грб, така да спиј си Инаку добро спијам само што почесто се будам и многу сонувам мозокот ми работи 200на саат
Мислам го имам еднаш пишено истово, вака јас дури можев спиев на грб, самото време ќе си кажи кога нема на можите, нема да имате воздух, самото ќе си дојди, еве сега само на десно можам, а на лево било подобро, јас на лево неможам да дишам одма снемувам воздух и се вртам десно. Ако кажал доктор спиј на лево (подобра циркулација имало) јас треба да умрам значи така да слушајте си го телото за се, самото ќе ви каажува што и како еве сум 38+2, здрави, живи, напредни
Јас вчера се изнаспав на грб.. Легнав на лево, со 2 перници и се разбудив на грб без ниедна перница.....не свесно сум се завртела на грб....
Епа тоа е неможеш да се контролираш во спиење.. Баш ке видам со перницава како ке ми биди не ке можам неа да ја туркам
Една под стомак, една меѓу нозе, странична положба со свиткани нозе.... Така заспивам и ми е удобно.... Амааа вчера имав позиција на ѕвезда на грб преку цела спална
и јас не знаев како се осеќа ама исто како да ти крокорат цревата од почеток, јас после 18тата дури почнав да сеќавам а повеќе после 22 недела негде и тоа не многу јако ..
Хахахах јас на лева страна заспивам е сега што се дешава преку ноќ е друга приказна Се дури можиме да спиеме немаме гајле, а кај и да е време ми е Е денеска дознав си каснав чоколадо па на сите страни ја сеќавав ја поминавме фазата на вибрирање, сега баш слаби удари се осеќаат нека ни се живи и здрави душички наши
Луѓе немам прашано до сега ама ај за секој случај да се консултирам. Подуен ми е стомакот, затегнат, осеќам болка во мускулите шо е нормално расти меше, ама на моменти имам и менструални болки не јаки ама тука се. Дали дека работата ми е со седење 8 саати па ми е тешко од тоа или незнам, а ко ке легнам ми се смируваат. Издржливи болки се, си велам нормално е ама пак да си прашам
Мислам дека штом ти се смируваат не е ништо страшно а и плус седењето убива и мене ми е напорно па знам да прошетам дедека сум на работа. Кога паничев за секоја болка матичниот ми рече дека болки се нормални поради растење не плодот едино доколку истовремено имаме болки долу ниско а и на половината истовремено тогаш треба да се јавиме на преглед. Едино ако ти е шубе и ако зачестат и овие болки што ги имаш појди до лекар, ма да мислам дека е најнормално и мене знае да ми се стврдне мешето мислиш ќе излезе во секој миг ама по некое време се смирува. Опуштисе дремни малку или најди некоја занимација во лежечка положба и се ќе помине
Јас сум сега 24+1 и исто ги имам тие ,,менструални" болки скоро цела бременост... Не се постојани, од време на време само, не се силни, како грчеви нешто така, се надевам дека се нормални.. меше се стврднува, се тегне некогаш, како тапанче веројатно е се нормално, да не потсетат бебушки дека сме трудни ова ми помага магнезиум, некоја удобна положба, одмор и некое чоколатце за утеха
И јас се вклучив на темава да прашам за истово, ти која недела си? На интернет читав дека при истегнување лигаменти болело лево или десно , ама мене централно ме боли долниот дел од стомакот. Моиве болки се остри, траат по секунда и се губат. Не се прејаки ама ме плашат. Инаку и мене работата ми е 8 саати во седечка положба. Некоја со искуство со вакви болки негде 15-16 недела?
Јас... ако седам подолго време знае како бодеж да почуствувам,еднаш беше и прилично силен кратко траеше само. 16+недела баш имав имав прашувано и јас предходно колку е нормално бодежи да чуствувам
Сега која недела си? Колку време ги чувствуваше? Се надевам дека е минливо и моментално. Така пред некоја недела неколку дена имав болки во кичмата сега па ова. Страв ми е да се мрднам да не ме здоболи.
@***Bony*** не е константна болка затоа си велам да не паничам, а за стегање ке си стега немав ич стомак пред бременост, сега му е време за растење па мислам треба да се чувствува така оти е муслулна болка не внатрешно, а и деновиве и ги сеќавам долу ниско ударите па си мислам од тоа е Доктор да прашаш дури е издржливо се е нормално затоа се конслултирам со вас @maja8 17+3 сум денеска многу ми е грдо со седењево никако неможи да ни се погоди на нас некогаш заборавам лошо се наведнувам или ке прекрстам нозе и ме фаќа стомак се појавува болката ама ке се поднаместам поубаво и поминува... Се надевам не е страшно кога скоро сите се чувствуваме приближно исто.