Сега сум 16+. Исто значи во 15 недела болки во кичма ама мислам тие ми беа од што сум премногу згрчена и не правам некакви покрети во случај да не наштетам нештои при крај на 15 недела започнаа тие бодежи,ретки ама ме преплашуваа.
@flower55555 а тоа со седењето со скрстени нозе секогаш заборавам да прашам дали е штетно. Ама никако не можам да се одвикнам. Мојава болка е во предниот дел некаде под папокот и најчесто се јавува кога ќе менувам положба, тебе кај те боли? @Happyinlove беше ли на лекар да се консултираш за болките?
@maja8 да вчера бев на редовна контрола се си беше во најдобар ред,за болките во матка ми рече горе долу се нормални се шири матка но да не траат онака да се менструални. Магнезиум да земам редовно опушта мускули
@maja8 многу знам и јас кај мe боли ниско долу па и се шири болката кај препони незнам шо да мислм... ете и на @Happyinlove и кажале не е нормално да траат менструални болки, па си велам недај боже да е нешто ке приметиме не ќе се трпи И овде си пиши дека нормално е да чувствуваме тензија а и ко што вели маж ми како сакаш ти да си бремена без ништо да осетиш
Еве и ме и мене 20+2, помина долгоочекуваниот втор скрининг што толку се плашев. Се е во најдобар ред ,докторот провери и измери се ,ми објасни,пропорциите соодветни со неделите, постелка на преден ѕид само заборавив да прашам колку тежи а и др не ми спомна.По третпат потврдено маженце на мајканема дилема, ако мама на почетокот забегуваше и гледаше се што е розево,незнам осеќав дека ќе е женско ама се лажевај за второ здравје. А колку само глупости ми минеа низ глава, повеќе од што се живо и диво читав на нет,како на пример ударите ги осеќав ниско долж јајниците и мислев бебуш е ниско поставен или дури еднаш сонував дека и цервиксот ми бил скратенсвашта ,па прекинав со јога,а денес видов дека баш ножињата му се таму поставени па нормално е А за болките јас си ги имам стандард ,некаде 15,16 беа доста присутни како тегнење ги осеќав а еве сега последниве денови мешко како камен, мислам готово веќе нема каде да расти бебево,ќе експлодира,плус и долу ниско имав притисок како грчеви и странично плус,ама др вели нормално е се се шири,бебка расти,а па за половината да не зборам си ме боли уште у старт,ама си трпам. Ај се и изнапишав доста уште ова да прашам деновиве сум ептен напната се ме нервира и тоа е нормално во бременоста нелимм за греота тој си крка се, пошто нема кој друг,странство сум ама ај ќе ме трпи нема друг избор Поз мамички
Мамички споделете ве молам искуства за бактерии во урина некако како да почна да ме пржи мокрачата ?? Дали смее увин , некои членки пишуваат дека можи некои не ,само брусница моментално пијам ?
Добро вечер идни мами, Ние го поминавме вториот скрининг, бебушка си е во ред, си одговара на неделата, ги гледавме детално органите, убаво си се храни и ни кажаа дека ќе имаме девојче, на среќата и нема крај . Јас се пожалив на зголемен исцедок па направивме брис но докторот веднаш ми кажа дека од око личи на кандида и ми дадоа канестен вагинални и плус надворешно маст. Сепак ми рече да не секирам дека не е опасно и сосема честа појава во бременост.еден ден ставам од вагиналните и веднаш осетив подобрување. Инаку јас сум добра, уште си спијам без проблем, се радувам на секој удар што ќе го почувствувам , како монат деновите се повеќе и повеќе се осеќа.
А провери уринокултура? Јас чекам резултати а матичната ми кажа слободно два литра увин да пијам но да го правам со три филтер кесици .
страв ми е увин да пијам, некаде пишуваат дека е штетно и не знам правев уринокулутра пред еден месец немаше ништо сега ќе видам пак ..
Не е штетен увинот воопшто,мене матичната ми рече дека може ама сепак да не е замена за вода преку ден,до кило може,и повеќе од 4 дена да не се пие,исто и други познавам што пиеле
Ајде честито Во која недела тоа ти потврдија за 100%? Инаку знам и др случаи каде прво цело време викале женско и на крај машко испаднало. Е за обатно мислам дека не е возможно да се случи. Така да вие што ви кажале женско не земајте здраво за готово
Што шомага за болки во половината а најмногу ме боли насредина назад,сношти не можев ни да спијам и стомакот ме болеше и од лева и десна страна дали се проширува или не знам Кас пред да правам брисови баш имав исцедок дента какп зеленкаст дури и ништо немав на брисовите ако не си сигурна дека имаш кандида поубаво не употребувај вагиналети
Женски каде обично на почеток ги сеќававте движењата на бебчињата? Јас некако деновиве мн ниско ги сеќавам се надевам нормално е
Долж јајниците,и јас мислев дека ми е ниско ама на последниот преглед видов дека така си лежи беше бочно поставено со ножињата накај десниот јајник