Леле никако не ми попомина мамии ме боли назад многу уште смеам со нешто да се намачкам со ментол за настин нешто?
Сношти имав пишано,полојната пак со влечкање станувам од кревет насредина назад точно ме боли многу дали какп од настин
Дами со главоболката како се справувате? Втор ден еве како мислам главава ќе ми експлодира. Се напив кафе обично кога не сум пиена знае така да ми биде, ама не ми помогна. Течности кој знае колку имам испиено од вчера навака и јок пак абер нема. Помош, совет нешто?
Крвна слика и проверка на урина ако не си проверила скоро - можеш, барем еднаш месечно/на два месеци чисто да си следиш ситуација.. Друго јас не правев..
Главоболката помина, не се напив ништо издржав. Го послушав советот на @YoursTruly и успат сум се комирала до сабајле. И да не сакаше мораше да помине . Него 23 та недела скоро 24та не е касно за втор скрининг? Денес ми закажаа за нареден месец. И тогаш освен органите на бебето проверуваат и друго нешто или?
Ете ти, ем одморена ем излечена главоболка - добитна комбинација Инаку имаше мислам уште некоја членка што правеше втор скрининг 23/24 недела и мислам немаше никаков проблем, така да сигурно ќе си е се ок. Инаку ги гледаат органите нели и стандард како и секој преглед - мерат главче, коскички, гледаат постелка, плодова вода, цервикс.. Со лесно
Овој е најбитен скрининг и одбери добар специјалист. Се гледаат сите аномалии доколку ги има плодот, се мери се кај бебето и функциите на мозок и срце. Мислам до 24та беше провери си на нет.
Девојки вие што сте во второ тромесечие дали осеќате затегнување како тежење странично на матката и ниско на бешика.Јас еве два дена тоа чувство, не е болка така нешто ко да тежи,се тегни ли нез сварно,а денеска сум на јога па некако се замислив дали да одам Инаку бебка претка посебно насабајле и навечер и меше расти ептен и спиењето веќе станува потешко,си ја порачав таа перницата за спиење но мм ми спие на неа јас неможам мислам се гушам во неа Од утре 23 недела инаку
Баш истото сакав да го прашам, јас осеќам на моменти странично над препоните некоја тапа болка, како истегнат мускул и тоа или на едната или на другата страна. Знае да потрае некој саат и ке најдам соодветна положба па поминува. Исто и кога стоам осеќам понекогаш некоја тежина и ме тера да седнам. Ептен сме исто јас и ти, 23 +3 сум. Се тешам дека е од тежината на стомакот затоа што овие две недели нагло почна да расти.
Па и јас сметам дека е од тежината на матката,истегнување на лигаменти,мускулите а и кога бев на јога ја прашав инструкторката воедно е и бабица и ми го потврди истото,јас се уплашив пошто осеќав и тежина баш во долниот дел од стомакот дури и вагината ама читав дека е до некаде нормално заради зголемен раст на плодот баш во второто тромесечие,еве нешто