Второ тромесечие од бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од BellaS, 19 јуни 2014.

  1. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    Од нет се сликиве срце , кај сега да месам не ме зезај :lol::shake: Купечки си кркав :pizza::wasntme:^_^
     
    На srekice и FreeMind им се допаѓа ова.
  2. ***Najsrekna***

    ***Najsrekna*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2018
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    641
    Пол:
    Женски
    Се зареков со несониците:doh:таман реков дека стануваат се поретки и еве ги сега пак веќе неколку дена по ред.Навечер тешко заспивам,ме фаќа ниедно време додека заспијам и само што ќе заспијам по 2-3 часа јас се будам.Седам будна некое време и пак си легнувам.Па пак се будам дете спремам за во градинка па пак легнувам и после станување како тинејџер до 10:30-11.Не можам ред да фатам а и кога станувам така касно како денот да сум го прескочила.Пробав да не легнувам од кога ќе спремам дете за во градинка но тогаш па на пладне преспивам...никако не сум(facepalm) некако почнувам едвај да чекам да ми дојде денот за породување да се вратам во нормала ма да знам дека баш тогаш нема да има спиење,но барем ќе знам зошто се будам ноќе,вака....без везе...
     
  3. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    3.161
    Здраво мешиња,

    Синоќа за прв пат почувствував киселини во желудникот, изгледа како се ближам накај трето тромесечие ќе почнат да се појавуваат, а таман си помислив дека нешто ќе ме одмине. Среќа кратко траеше па потоа сум заспала како топ. Бебка е активна скоро по цел ден, сега почнав да ја осеќам и над папокот, си расте и многу се радувам. Чат пат знае да ме штрекне некоја болка кај срамната коска и вагината но трае некоја секунда и поминува. Се си препишувам дека е нормално. Ја почнавме 25 недела, после нова година се селиме во другата група, кога ли летна времево :party:
     
    На Flower123123, anita123, YoursTruly и 6 други им се допаѓа ова.
  4. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Здраво женски
    Помина и вториот скрининг, бебка си е супер фала му на господ :bow::l:
    Нареден месец сме за скрининг на срценце кај некоја докторка која била специјализирана за ехокардиографија.. Докторот ни рече ако сакате направете си го и тој скрининг и спијте си мирно..
    Па си реков ајде само за убаво да е :sun:
    Маже наше 437г. на 4д сликичките цело на татко му :lol::inlove:
    Има време можи ке смени ^_^:D ама како и да е само живо и здраво да ни е :sun:
    Поздрав мешиња.
     
    На ***Bony***, Turna, Someday и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    Во која недела го направи вториов скрининг и кај кого?
    И тој за срце кај кого ќе го правиш?
    Супер што се е во ред !!!!! :hug:
     
    На Ive13, srekice и flower55555 им се допаѓа ова.
  6. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    21+5 сме според бебушка денес :inlove:
    Скрининг праев кај Влатко во Плодност, а ич не ми текнува како се викаше докторката за срценцето мислам рече од Охрид идела еднаш месечно.
    Дај боже кај сите да е се во ред :l::hug:
     
    На Emma2, srekice и anita123 им се допаѓа ова.
  7. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    Благодарам! Убави празници! :*
     
    На flower55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anita123

    anita123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2013
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски

    јас за срценцето не направив посебно, кога е се во ред на ехо зошто дополнителни прегледи само да е здраво и живо :angel:
     
    На Ive13 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Кај кој беше ти?
     
  10. anita123

    anita123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2013
    Пораки:
    637
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    не бев, само матичниот ми рече ако сакам да отидам дополнително кај некој доктор од систина ..
     
  11. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Убави празници и на вас трите :sun::inlove:
    Супер.. Во Плодност таква му е политиката затоа ја предложуваат неа, а тие не даваат мислење за да си појдиш.. Ама ако ко што реков само за убаво да е :sun:
     
    На Emma2 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Добар ден дами. Како сте? Ич ве ве нема на темава.
    Него јас влегов 20та недела и сега ме мачи што апетитот ми се намали скроз. Откако качив 10 кг тапкам у место ни ми се јаде ни ништо. Се плашам да не почнам да симињам на килажа, баш тоа сега некако мислам дека не ми треба. И ај тоа него се ли е во ред со бебево и покрај тоа што не ми се јаде? Мислам знам дека е малце смешно, ама од кај да знам триста мисли ме маваат.
     
  13. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    Не е ич воопшто смешно, и јас така си мислам исто, и фала Богу нонстоп ми се јаде па се тешам. 16+2 сум, 5 кила до сега накачено,ама може ќе рипнам повеќе нагло. Јас од што јадам нонстоп (глеам по малце да е секако) веќе јадењава ми здосадија, немам идеја за нешто ново. Апетит голем ама без сласт некако почнав да јадам, само колку да бутнам во клун нешто. Чудна работа! :|
     
    На srekice и Someday им се допаѓа ова.
  14. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    3.161
    Не се секирајте @Someday и @Emma2 , бебето си има доволно храна и малку да каснете на него му е доволно. Ќе си го слушате организмот ако имате апетит ќе јадете повеќе ако не помалку и сето тоа е во ред. Важно е само тоа што се внесува да е здраво. Јас до 15 недела од мачнините и повраќањето бев минус на килажа па бебче си напредуваше одлично. И сега си имам исто апетит како пред да останам бремена, имам 4 килограми плус а сум 26 + 2 и бебето си е супер на тежина.
     
    На srekice, Someday и Emma2 им се допаѓа ова.
  15. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.771
    Пол:
    Женски
    Супер! Така да биде до крај...
     
    На paleska3 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Turna

    Turna Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Здраво како сте ми ? Јас уште мака си мачам со киселини некаде од 6 или 7 недела ми почнаа (facepalm) Сега 14недела сум и уште ги има до кога вака дали некој друг ги има? Ми се гади веќе:x
     
  17. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Јас многу ретко ги имам и обично ми помага гастро гард, евентуално семка од маслинка. :D
     
    На Turna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. *Sara*

    *Sara* Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2017
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    399
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Дали е рано да се направи вториот скрининг во 20н + 6д?
     
  19. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    3.161

    Не е рано, јас го правев кога бев 20 +5
     
    На *Sara* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. *Sara*

    *Sara* Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2017
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    399
    Пол:
    Женски
    Јас тогаш си закажав па си викам да не е рано, да не требаше една недела покасно.
    @paleska3, ти благодарам.
     
    На paleska3 му/ѝ се допаѓа ова.