Мамички 23+2 сум и веќе неколку недели не често од време на време имам тахикардија обично кога повеќе ќе се заморам на работа ми се случува и кратко трае.нормално е ова?со првата бременост немав вакво нешто
Мене и е така исто од второ тромесечие па уште,испадна од многу слаба што ми е крвта Тахикардии со умор,препотување при мал напор
Опасно е нешто за бебушиве или нормално е?на преглед сум дури другиот месец заборавив да го прашам сега гинекологот што да правам.
Јас имав и како девојка тахикардии, а и сега имам одвреме навреме. И баш се мислам како ќе биде за пороѓај, сред лето ми е термин. Пијам неуровит и правам вежби и одмор плус и се осеќам подобро. А за жешкото ко ќе дојди не знам ...
Женски што е со тахикардииве, полека малце, многу сте возбудени изгледа.. ајде полека, дур ве читам и на мене ќе ми дојде, од колегијалност
Знсчи гинекологот го посочува според параметрите и плодова вода, тоа не го пишуваше, а матична воопшто не ми го спомна кога бев на преглед, само за torch i testot za seker
И јас имам тахикардии, исто ми рекоа од што ми е слаба крвта. Ама нема потреба од грижа само терапија за крвта и ќе се среди. Не може да му наштети на бебе.
Дали во второ тромесечие, е потребно да се прима некој одреден вид на храна или витамини...што е специфично за овој период ?
Аааа тука сте се криелееее а јас чекам некој да пише нешто во трудиички @Ive13 јас кога се имав тахикардија се испостави дека ми е ради слабокрвноста. Имаш ли проверено како ти е ? @Софија 88 стандардни се само витамините а се друго си јадеш што ти душа сака
Да миличка пред две недели негде проверував супер ми беше крвта сега негде мислам 26 или 28 треба пак да проверам така ми рече гинекологот.а со првата бременост имав проблем со слабокрвност и пиев хеферол од шести негде мислам па до крај.
Иве и мојата беше добра па и одлична на почеток ама потоа малата си влечеше и наеднаш паднаа вредностите и еве уште сум на лекови баш чекам во понеделник да видам какви ке се резултатите. Провери си ако не е до тоа прашај го матичниот да не треба да одмараш почесто
Кои витамини ги пиете? Мене мојот гиниколог само фолна киселина ми рече да пијам. А за да имаме млеко нешто посебно треба да се јаде пие?
Јас ги пијам ПреМама Дуо и ми рекоа ги има сите потребни витамини и ги задоволува дневните потреби. Нормално со редовна исхрана. Не ти се потребни кузнај колку скапи витамини и минерали.
Јас во цела бременост немам земено никакви витамини и јас само со фолна бев на почеток. Мене др.ми вика дека секој витамин го има во храната што ја внесуваме.
Колку што знам да ги има витамините и минералите во храната, ама колку сакаш јади здрава храна неможеш да го исполниш потребното ниво на витамини и минерали. Ја надополнуваат храната, и затоа др користат како додаток во исхрана... Значи (здрава) храна + витамини. Препорачливо е и за енергија и за крвта и за бебето да си има се што му е потребно. Но секоја мајка си знае најдобро и одлуката сепак останува на неа. Поздрав и убав ден.
Досега сум немала никаков проблем, освен малку крвта што ми беше слаба, ама и тоа го средив со храна.
Супер. Продолжи си како што си мислиш. Никој го нема најдобриот рецепт за било што да им кажува на другите, може само да сподели мислење и искуство ... Понатаму секој си знае и си одлучува за него.