јас уште прв пат ко појдов а тоа беше негде дали 4та 5та недела и плодот уште не беше добро формиран веднаш ми даде витамински апчиња и ми рече да ги пијам додека не ми рече тој.
Мамички и идни мамички едно прашање малку поразлично од витамини, скрининг, храна .. Што правите во текот на бременоста?? Работа.. Дома... Читате книги .. Ручек .. Чистите низ дома, прошетки ?? Како ви поминуваат денојте ?? Некогаш имам чувство дека ништо не правам .. Па се прашував што прават другите бремени жени... Фала ви
Исто и мене не ми даде витамини (premama, femibion ..), земам само sideral folic бидејќи ми е ниско железото.
Да ти кажам искрено баш ништо не правам, и да сакам не можам ...се осеќам без енергија, стално ми се спие, ручек ретко правам зошто нагони имам, чистење не тоа сопругот...шетање ретко времето е или загадено, ладно или бегам од толпа луге ради вируси и сипаници...значи одмарам, гледам тв и по лекари тоа е се... Значи баш ништо, едвај чекам пролет белким се од ова ќе се смени, па се надевам ќе шетам малку повеќе да наполнам батерии, зошто ова ме тера да се осеќам ко болна да сум не дај боже, а не трудна
Без енергија од низок притисок ми е мене. Дури и за капење во купатило имам проблеми... Ама си варам кафе (почнав и турско, иначе само нескафе пиев) и одма ми е подобро ми се крева притисокот. Иначе бидејќи не одам на работа читам книги, ручек поретко, чистам низ дома, а поретко излегувам на ладното. Ама пак како неисполнето времето.. Да почни пролетта охооо си велам дома нема да се приберам од шетање во природа... Ќе видиме
Па горе доле и мене на тоа ми се сведуваат деновите... телевизија,книга, дремкање... ручеци не правам, не затоа што не знам туку ете од старт се тргна со тоа да имам помош од моите и од свекрвата... маж ми чисти дома т.е усисава, мие садови и пушта перални,пружа...ја по некој тањир замивам... за викенд знаеме да шетнеме,парк или на кафе со друштво,избегавав луѓе до пред некое време од истите причини нели вируси,настинки итн... и ја се тешам дека ладно и загадено надвор па не ми фали толку и не ми е криво шо су затворена...ајде здравје пролет ќе живнеме повеќе надвор..
И јас сум поголемиот дел од времето дома, ама ем работам нешто ситно за на работа што им треба помош,ем приватно си подработувам,и си искачам си шеткам преку ден по 2-3 саати,нели кога дозволува времето. А за работа по дома,не правам ништо,шо вика Ема,знам да замијам чаша,нешто ситно и толку. Друго мм е задужен.
Изгледа сите мажи не гледаат како капка вода во рака. И мене не ми даваат ништо да фатам, правосмукалка немам од ноември јас пуштено само он или од мајкиве Од што му е тешко си нарача шарк правосмукалка треба утре да ми стаса полесно да му било па и утре дете во чисто да лазело
а и жена имам еднаш месечно ми доаѓа за генералка...јас за тоа време сум на гости кај моите.. и така...
По коментарите гледам дека сите го поминуваме најубавиот период во леснотија. Па да наздравиме убавици .. Cheers!
Јас кај грешам со мм Правосмукслка не сум фатила од октомври и кревет не местам тоа он го прави ама се друго работам.Пуштам машина ама он ми ја носи корпата или едно по едно изнесувам на жица.Пеглам,џогирам,бришам прозори,купатило 2 пати неделно киснам со полирапид.За готвење да не зборам Неможам ако не фатам јас мислам крокодили ќе ми шетаат низ куќа
Јас се штедев до почеток на 6ти,па го ослободив мм од домашни обврски секојднрвни освен дигање тешко и чистење со хемија. Брзо се одвикнуваат мажите од домаќински обврски барем мојот
Да,да чудо едно еј не ни мора сега толку.Нека помага кога ќе се породам тогаш повеќе работа ќе ми брка
Не грешиш нигде,ама и ти си за ќутек,како тоа се тегнеш и прозори бришеш???? Уби чу те. Мене дали дека ми забранија на почеток да кревам,да се наведнувам,и остало,и мм си сфати здраво за готово, а и јас малку му направив паники .
На мојот му помана паниката.Сега ќе му речам садови те чекаат ,аа да да добро и брада утре после работа ми вика остави ги срцка. Треба еден ден да ги оставам
одам на работс,чистам кога имам желба а она основното си го сработувам. Во слободно време спијам и читам статии по интернетов
е ајде сеа крокодили шетале, таман работа да е до толку, ќе те скршам еј..заборави да кажеш дека и рерна рибаш, па да те скршиме уште повеќе од ќутек Иначе, јас кревет местам Е само тоа неможам да го глеам ми смета растурен, а маж ми дека нема кога да го намести,сабајле спијам во него па... Па уште и со полирапид се труе, абе стварно си бесно женче Ја сакав еднаш да земам да поминам ама викам тоа хемиите нема шанси демек и маска ќе ставев ама пак...
Истооо важи сега и го снема и чекам и чекам и си земам сама да си сработам и го имаш одговорот и јас сега планирав помага за помагање ама на гурање сме морало ли да се усисава во неделата два пати не бе немора, како што се гради околу нас во еден ден е лом се тоа го дишиме ама ако не сме паразити ама сакам акција еве сега замина на работа јас да допијам кафенцето и се ке си средам прозори се ако сум бремена не сум болна полека натенане колку можам толку Поздрав женички без нас ништо на овој свет