Емче душо морам да рибам рерна ,таа ми е најискористен дел од куќата Еве сега се печат полжави од афион например
Женски ако веќе сакате да работите користете само на природна база препарати. Јас уште одма сменив хемикалии, затоа и викаат да не се фарбаш во бременост бидехќи вдишуваш и допираш на кожа.
Овде се прворотки сте се собрале....И јас вака звучев многу страници наназад во темава. И јас ништо не фаќав, ручек не праев купувавме готово, или си порачувавме. Книги и филмови ми беа единствена обавеза, на работа лагано. И така уживав во првата бременост за која сите викаат дека е најубава на свет зашто немаш други обврски - и не грешат. Е сега оваа вторава, и таа си е убава, ама има обврски. Мажот колку и да помага, а помага многу, првото дете си бара и мама и јадење и играње и шетање. Затоа ќе ви кажам, сите прворотки уживајте и не се замарајте со ништо, ама баш со ништо.
Јас со ракавици и маска онаа специјална мајсторска чистам Ништо пусто не чисти плочки и санитарија ко полирапид А за фарбање се фарбам и тоа на 20 дена сама пошто сум малце блондиии
Каква ти е таа мајсторска бе јас обични за операција имам, искористити и бацити. и ракавици исти такви. Полирапид апсолутно ДА, докажан и покажан!!!
Значи @srekice you make my day, хахахаххс,заедно со @Emma2 закон сте двете. @srekice потполно те сваќам дека ако твоја рака не фати,исто ко да не е чистено, иста сум и јас, и ја на почетокот како поп некој одев по мм, и му викав ова вака не,ова она, се нервирав,и после си викам баталииии, нека тера, има време кога ја да ја превземам метлата во свои раце
Ееее ти си се тргнала на страна а кај мене муж ко муж знае тачно кага да се тргне да не ми смета.И ете не ми смета веќе Само на крај на работата ќе ми дофрли дојди седни јас ќе средам.
Не сте свесни колку се нервирам овие месеци што неможам се да исчистам како што сакам јас ама то е то.ама тоа повраќање ме среди убаво.грев ќе ме фати ако кажам за свеки ептен овие месеци само таа чисти јас чат пат нешто.ама пак не е то то како мачка со опашка да поминала а кога јас ќе си исчистам знам исчистено ми е
Денеска стаса и веднаш ја пробавме. Јас подобро нешто немам во мојот живот видено. Канестерот го истуравме 5пати од 3соби и предсобје, влакната ги собра што не ги влечела старата правосмукалка и прашина и земја еден куп извлече од теписите. Јас се чудев, неделата поминавме чистевме со старата и летово ги перевме сите теписи. Се зачудив што се сме имале по собите
Ве читам и се смеамКолку сте јаки со муабетиве. Јас второротка (додуша после 14 год како прворотка да сум)се си правам по дома или надвор. Исто како да не сум бремена. Некогаш се заборавам и трчам по скали, метам, готвам, рибам како пред тоа. Инаку кој може нека одмара . Посебно првата бременост не се повторува
Еее мили мои, ме кутна нискиот притисок. Цела ноќ повраќам и сабајле и денес цел ден без енергија. Е денес баш буквално само лежам. Како да го кренам бе???? Нема полошо од ова .... Вртоглавици, повраќање и главоболка .. Ужас!!!! Утре ќе проверам крвна слика, железо. Ама се надевам сабајле ко нова да бидам. Има ли Некоја друга низок притисок??? 80/50 слегува често мојот..
Која недела си мила?имав јас на почетокот негде 10 недела така 90 со 60 страшни главоболки пиј многу течности кока кола обавезно да се напиеш и нешто солено и лесно сварливо и одмарај повеќе зошто нискиот притисок може да доведе и до несвестица.ако можеш да пиеш кафе слободно и тоа малку појако и сладок чај.со лесно мамичка