@Ive13 мила 20та недела сум. На почетокот имав вака после 12та се смири, некогаш имав како главоболка ама од ноќеска катастрофа ми е. И јадам и солено и кока кола пијам и кафе и малку ми е подобро ама ми е страв да легнам да спијам, губам контрола сонувам кузнај што и станувам од сон повраќам, дотолку е дојдено... И да се капам во бањата ми е страв, дека топло пареа и обавезно имам и тогаш вртоглавица и повраќање. Мразам кога треба да се капам... За грев сум.. Не сакам да се сожалувам или да сум плачка ама ова ми е стварно голем проблем. Не знам како да се справам веќе. @ocicka2014 @Emma2 мили абе се ми е пробано и кока кола и солено и се . Да поможва моментално но кога ќе ми се случи вака ме нема 2 3 дена. Најлошото чувство досега во мојот живот.... Без 1грам енергија се осеќам. А мм да е здрав и жив си ја зеде бејљата... И му викам Емка и ме слуша и џабе лошо ми е и не попушта притисокот, не се качува. Мора да постои чаре оти не знам како понатаму, ај можи утре ќе ми се смири ама за на пороѓај лелеле а сакам природно...
Беше на преглед мила?капење со наизменична вода топла ладна зошто нискиот притисок не поднесува жештини.знам дека ти е лошо исто ми беше ама мораш да одмораш никако немој сама да одиш негде заради вртоглавиците.колку дена ти е вака?пиеш магнезиум и витамини некој?ако не утре оди на преглед да те видат за да си помирна
Фала девојки. Магнезиум моментално не пијам а пиев пред некое време. Витамини ПреМама и неуровит тој е мн добар. Да тоа наизменична вода топла ладна најдобро, и пијам и течности и се но еве по период пак ме надвладеа. А неколку недели бев како друга личност. Ќе видам утре крвна слика и докторот во петок што ќе ми речи, па ќе ви пишам обавезно. Имајте убава вечер, ќе одмарам се читаме. Бацкии
Поздрав девојки. Веќе ближам 15 недела и се е ок, но некако градите како да ми спласнаа. Од како останав бремена имав страшни болки, а сега болката во градите како да исчезнува. Наутро кога ќе станам, имам болни гради, преку ден ги осеќам како потешки, но не како пред некој ден.Дали е нормално? Само се вадам од памет за се и сешто.
Супер девојко. Добредојде! Па сите се вадиме од памет за се што ни е непознато, Немај гајле. Со градите сум немала сличен проблем, но некоја друга девојка ќе ти сподели искуство сигурно. Ама мислам дека е нормална таа болка. Поздрав Прекрасна.
Ти благодарам. Таман ќе си речам првото тромесечие помина, да здивнам се нешто излегува. Ама нека е со добро ќе издржиме. Те
Ееее цело време ќе биди така. Нема правила тука. Денес добро утре со болка, други ден убаво најубаво. Со помин да е се, ќе се издржи. Јас да ви кажам со повраќање и вртоглавица сум подобра. Ги пијам антиметил и можам да шетнам на убавото време, а и почнав повторно убаво да јадам. Повремено кратки главоболки и мачнини но се издржуваат.
Прво добре дојде,и со лесно да си ја тераш бременоста,и опуштена да си бидеш. На мене градите првиот триместар ми отекуваа,ме болеа и на допир и на бањане, а особено насабајле кога ќе станев, како камења ги осеќав. И после тоа болката престана,градите си останаа отечени. Не се секирај,сето тоа е нормално. Поздрав
Вечерва болка во грбот од левата страна, измеѓу рбетот и плешката .... Девојки помагајте оти не знам повеќе како... Мм ме масираше ништо, зедов со масажер малку помина, на сите места ме опушти само таму не. Како грутка имам и ме боли ме притиска. И во седење, мирување одење секако .. Не знам поќе што да направам. Офкам од болка, мм излезе воздух да фати и не може поќе да не слуша... А тек е цел ноќ пред нас..
Оф леле до крај ќе има нешто. Да не седеше во некоја лоша позиција? Или пак расти матката и притиска на сите органи внатре. Пиши ни како си утрово.
Па не знам точно но одеднаш се појави. Болка невидена. Ама никој не ти верува. Ти веруваат уствари, ама дека секој ден има по нешто како шо велиш и го сфаќаат здраво за готово. И не ги обвинувам, не ја знаат болката нормално. Ајде со овој парацетамол ќе ми помине можда. Ќе пишам покасно.
Каде сте девојки нешто слабо не има тука. Да се фалиме и жалиме. Јас 15 недела терам и се чувствувам многу подобро и поенергично. Како да не сум бремена. Само мешко што почна да расте. Се си работам по дома, пешачам, само што апетитот не ми е вратен во нормала. Утре сум кај матичната редовен преглед, притисок, крв мокрача... Па ќе пишам како поминав.
Ќе ти се врати и апетитот полека. Јас уште јадам како луда хахах Ми се чини дека цел ден сум гладна, јадам и по 15мин ми се јадии.. И гризам нешто, или сокови да дополнам празнина не можам само храна. Е убаво ако можеш се да си правиш. А како ви поминва еден ден девојки ???? Активности, одмарање, средби, книги ..? Пиши ни Прекрасна утре за контролата. И полот утре ќе ти го кажат така ??
Хахаха. За апетитот се смеам. Инаку денот ми поминува трчајќи по дома. Работата ми е исто дома и час сум над шпорет, час над умивалник, па во канцеларија... Инаку праев нифти тест поради годините над 36 и полот го знаеме женско ќе биде. Само здраво и право. Инаку утре рапортирам
Лллеле исто па исто, па нели сакаме да прошетаме ??? Кислород немам во мозокот. Уште денес да завршам нешто низ дома со чистење и од утре шетање ќе биди!!! Книга, правосмукалка, крпа, тенџере НЕ!! Да биди здрава и жива. И јас ќе имам ќеркичка. Најдобра другарка си велам.
Фала, сите да се здрави и живи. И јас си викам најдобра другарка. Ама јас покрај домашните активности секој ден пешачам по 2-3 км обавезно и вежбам по 15-20 мин вежби за трудници. Морам не се давам.