Македонка007 значи не сум сама те разбирам подполно и јас имам голем апетит, од почеток на бременост. Јас немам мн активности, сабајле сум на работа кога ќе си дојдам средвам и одмарам, за викенд пепачење и книги.
Здраво девојки, сега сум 16+5, повремено осеќам по некој бодеж во пределот на јајниците.Треба да ме загрижува?
Хеххе претерано имам ама овој период можам малку да го контролирам пример наместо 6 лепчиња можам 4 да јадам, дури и 3 ама ќе дополнам со друго пример. Кроасан, овошје, јајце, грицки, суво овошје. А вечерата некогаш не ми е морална ... Јадам грицки, благо или пица парче... Може дека ручекот ми е покасно малку сега. А за активностите морам да бидам поактивна. Баш кога ќе напредувам ќе пишам хехех Убава вечер.
Не треба мила. Доколу не е голема болката, не и обрнувај внимание. Сите се осеќаме цело време како шо не читаш поназад. Секој ден различни симптоми... Затоа сме тука. Бацкии.
Еве ме на рапорт. На преглед бев денес, се е супер бебушот 130 гр. По ехо сум една недела понапред, значи терам 16 недела. Грам не сум поправена, што било доброспоред Др. Притисок 80/40 в земја. Инаку препорака вака да продолжиме. За еден месец контрола, а резултати од крв попладне. Сега неколку дена ќе сум мирна, а потоа 1000 зошто и 1000 затоа Поздрав
Јас и пред бременоста имав и цел живот имам притисок 90/60. Ама и гладна бев заради крвната слика. Ми рече само повеќе течности др ништо.
и јас сум со низок притисок но во бременост се покачува. Со првото 120/90 130/100 дури чудно ми беше тоа за мене е висок. Со 140 инекции примам ко да имам 240. Мене вчера на работа ми се слоши притосок 90/60
Секогаш сум имала низок притисок 90/60, а и сега во бременост нема промена. 17 недела сум до сега не ми проверил Др притисок (сама си правам проверка дома). Исто и јас бев смирена неколку дена по контрола потоа паничев, но откако поминаа првите 3месеци се смирив.
Оо и јас низок притисок, имам и пишувано назад на разговорите. Ми се има и слошено од то многу пати и повраќање. Сега од поќе витамини како да ми е покренат малку. Иначе 80/50 ... Како на пиле вели докторот. А еднаш не ми беше добро, зедов витамини се напив и дирек на болница, ми го мереа притисокот 110/70 ми велат супер ти е. Се мислам дека од витамини ми се поткрева. Барем на мене така делуваат.
ништо,јас при рака кока кола на работа и да си терам така до крај. Мене проблем ми е прва смена,станувам во 5 сатот во 6 ми почнува смената и веќе до првиот сат очекувам дека ќе ми се слоши или ќе се онесвестам. Не знам вие кога станувате наутро ама во 5 мислам дека не е нормално станување. Многу ми паѓа наутро притосокот.
И моето раб време е од 6ч а јас во 5ч станував ама на дома сум моментално, боловање. И мене ми беше тоа станување тешко. Претешко. Посебно за притисокот,, до 10ч како успана.
среќа па на недела дена се менуваме,и јас сум на боледување. Вторникот многу ми се слоши и напуштив отворив боледување па ќе видиме. Со првото лесно ми беше имав своја фирма па си седев дома ама сега... си викам ајде белким ќе издржам уште 5 месеци да фатам породилно,кој ти дава плус 9 месеци работен стаж од седење дома,инаку одма ќе напуштев.
Девојки денес правев димери, 1290 во 18 недела, клексан веќе примам 0.4 секој ден.Трансфузиологот ме упатува кај матичниот и обратно и сега поим немам што значи и дали треба друга терапија или?
јас и ти ко сестри да сме се исто ни кажале инаку и јас сум 1000 зошто илјада затоа комотно и книга можам да испишам ...секој ден, а ова нормално ли е, а зошто ја ова го немам или имам... за килажава да не зборам секој ден висам над вагава дали некако "случајно" ќе се деси да ја качам па макар и грам во бременоста...секој преглед прашувам дали е нормално сите погоре пишуваат кркаат апетит имаат ја ко за греота се осекам ко изрод некој сите нагоре ја две ипол кила надоле па нели треба да качуваме веке како тежат бебињата ? Апетит, глад што е тоа? којзнае дали, кога и колку ќе качам, сите ми трубат блиски и комшии јадеш ли мораш вака така...али како , ...месо, риба јајца со очи да не видам ми се гади луге од што зборам, а не да ги јадам што да се јаде и да се качи некое кило ? Докторката не реагира дека е тоа лошо што не качувам ,а резултатите фала му на Бога супер си се
Девојки уште едно прашање до вас, кажете добар транафузиолог , кај јани нема термин исто и кај петковиќ.Дали има во ск некој приватно што работи или некој во приватните болници бидејќи во мојот град нема со кој да се консултирам.
Кочо Димитровски мислам се презиваше, работи во Хемолаб приватно, поручек.. а на клиника работи на сабајле...така да ако ти е за на приватно можеш кај него дури најдеш термини ..