Мила штом докторот ти рекол во ред е нема причина од страв, уживај. И мене ми дозволи да патувам, секако ќе се прават паузи по пат (доколку не е со авион) и ќе биде ок. Ајде кога ќе се осигураме за полот, ќе видиме до каде сме со осватувањето хахаха
Мешиња на преглед на мокрача и крв мокрачата не ми е во ред и ми рекоа да пијам само увин чај, не ми дадоа никакви лекарства, опасно ли е тоа?
Zdravo mesinja....jas postojano ve citkam ama ne sum vi pisala...eve denes konecno ja zapocnuvam 14 nedela i vleguvam vo vtoroto tromesecie. Na pregled treba da zakazam slednata nedela pa ke vidime dali doktorkata ke mi dozvoli da patuvam. Imaku seuste imam sekret koj mi se sliva od sinusite i sekoe utro moram da go isfrlam inaku mi pravi strasni problemi pri disenjeto....Denes mi se javija i kiselini iako dolgo vreme bev raat...ama ete nikogas nese znae...edvaj cekam da si go vidam bebusot...pa mozebi ke go doznaeme i polot!!! Pozdrav do site mamicki i nivnite malecki dusicki!!!
Тие не се страшни неправилности што ги забележуваат кај мокрача, кај секоја втора ги има, немај мака пиј си го само чајот и ќе помине Ти беше на контрола или сеуште не?
Фала ти Белас што ме мислиш, бев вчера на контрола и матичниот од памет ме извади и денес трчав од работа да одам Систина... Мојот матичен доктор- Др. Тасе Цветановски (морам да кажам кој е за ако некоја се најде во слична ситуација да не се потресува од него), прво ми рече па ти си имала болка, контракција гледам, ако ми кажеш дека не си осетила ништо ме лажеш! Јас чувствувам нешто пецкање, некогаш ,ама од кај да знам, си мислам дека може бебушко ме клоца или се превртува....После тоа, почна да мери, ми вика главата му е 14та недела а телото 16та Ми вика па не е многу, 1 недела разлика (а ми спомнува 14 и 16???) над 2 недели може да значи деформитет, ама ај оди во клиника, да те види некој друг! Сестрава бара термини, јас се укочив не можев ништо да кажам од стрес, а мм само ме виде и одма отиде и им рече не ни треба упат ќе одиме во Систина! Денес бев, докторката 10 пати го премери сите мерки си одговараат на 17та недела, се си е нормално развиено а и главчето си е 17та недела! Се чудеше што мерел докторов и не смируваше со мм зошто виде дека бевме многу уплашени За полот неа не ја прашав, откако слушнав дека се е ок не ми беше важно, а вчера мм го праша матичниот, овој еднаш виде, и вика паааа не знаааам, не можам да видам знаци на машкоооо, ај зетко другиот пат ке видиме!! Извинете за долгиот пост, морав да споделам искуство, целиот мој стрес во бременоста е резултат на овој доктор, и решивме веќе да не одиме кај него. Ве гушкам сите
Не се плаши, јас затоа не одам за поважните прегледи кај нашите приватни доктори во градот (бидејќи не сум од ск) право во Систина. И јас сум презадоволна од таму, не тука да ме плашат со глупости и мене (не како твојата мака ама за други работи мене ме исплашија без веза кај нас). Најмалку е важен полот, само живо здраво и се ќе си се нареди по ред Ајде уживкај сега со бебушко, позз
Како сте ми мешиња најубави....Еве ние да се пријавиме добри сме 18+3,некако ми летнаа мн брзо неделиве.Почнаа да ме мачат киселини навечер кога ќе легнам ми гори се одвнатре.Другиот четврток имам закажано ск за на 4д ехо,некако мн страв и паника ме фаќа што и како ќе ми кажат.Се надевам дека се ќе биде во ред.До тогаш позз од нас и се најубаво......
Јас вејке 19 недела,ги цекам резултатите од микробиологија ,имав ешерихија коли и пиев антибиотик две дози се надевам дека сега нема да ја има.И во петок сме на контрола,одвај чекам да го видам милото мало.Само да прашам дали ви се има случено нешто слично .... неколку пати на исто место ме фајќа како електрицитет на стомакот ,како струја многу непријатно чуство,дали е можно секој пат е поврзано со лап топот до мене или телефонот во раце...
И мене неколку пати ми се има тоа случено, често сум на лап топ, ама не ми се верува да е од тоа. Пијам магнезиум. Еве поискусниве мамички нека кажат и јас сакав баш за тоа да прашам.
Мене одвреме-навреме ме боцка по малку, ама не е толку често. Ќе го прашам гинекологот кога ќе одам на контрола па ќе ви кажам
мамички еве ме и мене,јас влегов во 21та недела,се здебелив 6 кг и забележав како светли стрии да ми се појавуваат на градите и задникот ама почнав со бадемово масло да се мачкам па се надевам ке се повлечат. Инаку ми кажаа дека е машко,син ми ги беше раширил нозете уште да рече еве гледајте машко сум можеби оти јас очекував девојче хехе. Инаку правев крвна слика и се е во ред освен железото и црвените крвни зрнца па си пијам витамини и плус железо и така,наредната недела треба да правам онаа морфолошката екографија (мислам така се вика на мк) па ако некој ја правел нека ми каже како е? поздрав до сите мамички
Туку....вака или онака, уште малку ја напуштам темава, т.е. влегувам во трето тромесечие следнава недела Гледам други што се поназад од мене веќе се спремаат полека, ние абер немаме од ништо Премногу брзо ми поминува бременоста, додека се свестам што ми се случува, ќе дојде време за породување Уживајте во второто тромосечие, мене ми беше најлесно во измнатите три месеци
Идни мамички, бев на контрола (обична) и докторот ми кажа дека боцкањето одвреме-навреме е од ширењето на матката. Исто железото ми е пак слабо, и покрај месц дена користење на апчиња за железо, сокови од рибизли од берово, цвекла, чаеви од коприви и што ли уште не а тек сум 4ти месец, до крај којзнае што ќе правам. Некој лек за покачување на железо да не знаете?
Не комбинирај железо со калциум, најчесто грешиме кога спанаќ јадеме со к.млеко, или сиренце со цвекло салата. Пред конзулирање на продукти со железо 1 саат и после 1 саат избегнувај млечни производи. Тоа е мојот рецепт и делува. Јас железото го пијам насабајле со сок од лимон или вода. ако јадам јогурт со тесто јадам накај 11, па пијам магнезиум (магнезиум и калциум се сакаат ) Инаку влегов во 19та и мило ми е да читам како сме сите со попозитивни а сепак мали "проблемчиња" во оваа тема. Дечко на мама пливаше на првиот крак и супер ми дојде одморот и излежувањто во сенка на плажа
Иста сум и јас како тебе, вЧера се испласив ептен од тие боцкања или болки како да ги нареЧам незнам па отидов на дежурен ми рекоа се е во ред и ми дадоа спасмекс за болките. Денес еве пак ме заболува од време на време незнам зосто така еве веке неколку дена. Железото и мене ми е слабо, пијам апЧиња па ке видиме. Исто и јас сум тек 4ти месец и ептен ми е страв особено за болките, и тебе ти се така како благи менструални грЧеви или??? Ако некоја др.има искуство со такви болки нека сподели.
Болките сите ги имаат.Се додека се слаби и без крваренје опуштете се,не се боцкајте ако нема потреба од тоа.магнезиумот мене мн ми помагаше при грчеви на матката исто и утрогестанот препишан од гинеколог.сега сум скоро 33 недела па уште имам болки боцканја и слични ствари
и јас исто еве во теков на четвртиов месец со такви благи болкички,ама имам приметено ако повејќе се движам и се уморам низ дома ме притиска ,а кога ќе се одморам поминува
Срце мало, пливкало оно во мешето на мама Инаку јас прво насабајле пиев железо ама ми беше лошо, повраќав така и сега после ручек и за ручек не јадам млечни продукти. Знам дека железо со витамин Ц треба да се пие, па земам и вит. Ц