За сите оние кои треба да прават испитување за скриен шеќер, не е ништо страшно, супер поминав освен што од првото до второто зимање на примерок од венска крв треба да поминат 2 часа. Јас правев во син лаб (бившо адриа лаб) од причина што таму не се закажува, се прави секој работен ден од 7:30 до 10:30. Со упат од матичен гинеколог не се плаќа ништо. Резултати истиот ден.
Моментално чекам за второ боцкање, во меѓувреме цела блага вода ја повратив.☺ Можи има и останато нешто во мене
Од аптека само оние бонбони што се лижат за грло, ги има едни што можат и трудници, мислам од еукалиптус ли беа, знам зелени се, јас ги користев едно време, има ефект. Друго јас бев со вирус 3 недели и во прво тромесечие и пиев оспен со консултација со доктор, така да види си пак и топли чаеви на грло обавезно без шеќер. Инаку јас што си имав мало крварење пред некој ден, бев на доктор, ме прегледа внатрешно под микроскоп и се виде дека уште има крв, продолжив со дабростон па ќе видиме и строго мирување, работа никако. Што ќе правам незнам, но оваа недела ќе биде така, за да се повлече крварењето, кое го немам повеќе, од само еднаш но докторот вели можеби ќе се појави. Најверојатно е од постелката кај што завршува, притиска или пукнат капилар или од инфекција една што испив сумамед. Исто и јас на станување ме боли стомак и имам потреба рака да ставам на стомак, мислев ретко тоа во ова тромесечие, ама гледам не било.
Одиш сабајле гладна и жедна, ти зимаат крв од вена, го проверуваат одма шеќерот и ако се во ред резултатите ќе ти дадат да испиеш околу 300 мл вода со многу шеќер и откако ќе ја испиеш треба да поминат 2 часа и повторно ти земаат крв. Додека чекаш да поминат тие 2 часа исто така не треба ништо да пиеш и да јадеш и не треба да имаш никаква физичка активност. Доколку живееш блиску до местото каде се наоѓа лабараторијата и си со автомобил, можеш и дома да си отидеш и повторно да се вратиш 5 минути пред да изминат тие 2 часа.
Мене ми дадоа пантенол, како пастили, меѓутоа некој ефект не мислам дека има..Чаеви со мед и лимон и млеко со карамел и путер тоа ми помагаше
Девојки испадна дека бебушка моја ниско ја носам ама за да не ме плашат никој ништо не ми кажува. Има ли некојс вакво искуство
Немора ништо да значи, повеќе одмарање и се ке биде ок. И тие ниско што се поставени се носат до крај. Релаксирајте се, пребарај низ темата мислам дека ке најдеш други како тебе.
Девојчиња имам некоја тапа болка да ја наречам кај т.н спојлери која е присутна кога стојам на нозе и се движам, а тоа е од кревет до кујна и истата од спојлери се пренесува на двете страни надоле накај јајници и по кичмата позади нормално е ? 16 недела сум..
Нормално е Софи,и јас имав болка ниско доле, мислев дека е кај јајниците,и кичмата ме корнеше,дури бев и на преглед, и ми рекоа дека се тегнат лигаментите на матката, затоа р таа болка, а болката во кичмата е од што се тегне и матка и стомак напред. Башка, близначиња носиш. Не се секирај,се ќе биде во ред. Поздрав
Да ти кажам мила ќе издржам се само да е се нормално и очекувано, али пусти страв...таман ќе заборави човек на некаква болка во матка , јајници едно десетина дена и ете ги пак и одново прашањата дали е нормално и се во круг али што викаш кај нас со близначка бременост веројатно се е нормално дури и во дупли дози, ќе се истрпи се само за убаво нека е фала ти на подршката
Девојки едно прашање, 19 недела сум, сеуште примам утрогестан од 100 орално, повремено имам исцедок воденкаст, Од утрогестанот е?
Здраво девојки, 18 +5 недела сум, осеќам чешање по телото посебно на нозете и забележав бели кругчина. Досегашните испитувања кои ги правев се во ред. Се сомневам на алергија, некоја од вас со вакво или слично искуство? Понеделник имам контрола кај матична.
и јас имам ужасно чешање и тоа во делот баш кај што стегаат чорапите, онака дури крвнички ме чеша , црвени брунчиња си направив ... незнам од што е но моето не верувам на алергија дека е