Фала ви, во секој случај јас да спремам 4500. Како и да е тоа е еден од најважните прегледи, нека е само се ок.
Втор е најбитен. Само не ми е јасно зошто некои одат некои не на трет. Мене ми кажаа во 32 недела да одам, а се прави од 28-32. Нели јас ако отидам 32ра ќе бидам веќе полна 32ра и влезена во 33та. Нели е тоа касно? И да не знае некоја цена за трет колку е по приватниве?
Претпоставувам дека трет се прави ако има некоја историја претходно, кај близначка бременост или некоја ризична од други причини. Еве ако знае некој точно нека пише зошто се прави трет.
Мене докторката ми рече само се гледаме на трет скрининг во 32ра недела. Јас и викам касно да не е 32 ра кога се прави ми рече дека се прави од 28-32, ама кај мене дека било се во ред затоа на крај, ако имало нешто ризично тогаш правеле порано на некои жени. Она изјави како секако се оди, ама еве читам некои одат некои не затоа ми е чудно.
Здраво мешиња! Едно прашање .. Вториот скрининг се прави во 20гн или 22 гн? Јас планирам во државна да го правам дали бил некој како е задоволен од прегледот?
Јас ќе одам следна недела на трет скрининг, ќе бидам полна 28ма (без ден) , ама и во 32ра ќе одам уште еднаш бидејќи сум близначка бременост. Ми кажаа дека се прави за да се види до кај е развојот на бебињата, повеќе е како про форма ама убаво е да се направи. Се гледаат и протоци, грлото до каде е и така...ама развојот е најбитно, не дај Боже да не има некоја стагнација и така... Кај мене дека се две па ми препорачаа двапати да одам, за секој случај, подобро да се следат..
Мене трет ми закажа за 30 недела кога ќе сум а досега нормална ми е бременоста и ми рече исто е важен третиот како и претходните два а не ми спомна друго ништо
15 недели полни, од вчера почнав 16. Уште се осеќам како да не сум бремена. Од време на време кога пешачам осеќам како камче да имам во стомакот, така како да ми тежи малце, ама освен тоа - ништо. Имав осетено така како нешто да се преврти внатре, како пеперутки во стомакот, ама веќе 2 недели ништо. Може не ни било бебето. Уште знае да ми се гади, не толку често (за среќа). Киселини некогаш имам многу, а некогаш сум ок. Променливо некако, а не зависи од тоа што јадам. Имам мака само со тоа што ме чеша кожата - на градите горе, кај царскиот долу и од страна кај стомакот. Претпоставувам хормони, се мачкам со масло за стрии, демек да не е од ширење... Ама не помага баш. Многу ми е сува кожата и не знам веќе со што да ја намачкам. Стомак труднички немам (или не го гледам од мојот секако огромен мев). Ама и со првата бременост имав мев, само што на допир се разликуваше салце од матка. Тука сега осеќам така во долниот дел само ако стиснам. Веројатно е ок. На преглед сум во петок - не знам дали ќе има ехо или не, ќе видиме. Се надевам сѐ е добро.
Јас да се пријавам овде,од денес 14та недела и официјално во 4ти малце збунувачки со неделиве еден месец 4 ,еден 5 недели ама ај до крај ќе се научиме Почна малце да ѕирка мешко, дури кога ќе се наведнам знае под гради како линија да ми се направи да ми смета што ми се превиткува (ама објаснив), со лошењето горе доле добра сум, уште железово да го средам и ќе бидам малце раат. Проблем ми е што не јадам спанаќ, ретко цвекло и месо така да преку храна не се надевам многу. Од Фемибион 1 имам уште 5-6 таблетки,дали да ги допијам или веднаш да почнам со Фемибион 2? (Ги купив и тие) Денес сум на гинекологија за приска,возбудена сум што пак ќе си го видам бебулето Убав ден мами
Ќе се дружиме во оваа тема, и јас од сега скоро припаѓам во второ тромесечие. Можеш да си ги допиеш таблетите од фемибион 1 секако не се многу. Мене ми кажаа да продолжам уште со фемибион 1, да не земам 2ка но кај мене е поради метилираната фолна која ја нема во 2ката, а морам да ја примам. Јас по 2 таблети пијам наеднаш.
Мила како тоа нема во Фемибион 2 метилирана фолна кој ти кажа, дека само во 1 имало? Јас сега го гледав кутивчето има исто колку во едното толку и во другото . Слободно да си ги пиеш двојката, во второ тромесечие...освен ако немаш некоја друга причина поради која ти рекле дека не треба да ги пиеш..
Фала за информацијата, не знаев дека исто содржат метилирана фолна. Докторката што ми го правеше скринингот во 12та недела ми рече со фемибион 1 да продолжам поради фолната, и баш нагласи дека не се исти. Ете колку знаат
Мислам убаво се гледа. Од 14 недела. Јас ги рачунам со полни недели, таква ми е апликацијата. Денес сум 20+4 значи 20 недела.
Како сте мешковци? Како средните месеци? Ние тераме втора половина скоро 21 недела. Среда закажав 2 скрининг и едвај чекам да се видиме со бебушка. Ме загрижува тоа што многу ретко ја чувствувам, а втора бременост ми е. Читам многу порано чувствуваат?!? Јас само како бранови 1 до 2 пати на ден. Инаку сум цел ден активна, апетитот ми е малку паднат па тоа е за сега барем се пожалив. Ве чекам со рапорт.