Тука сме некаде, 21 исто, второво тромесечие поактивна сум, бебушко го чувствувам од време на време, ама повеќе ќе се чувствува кога ќе е поголемко нели? Не мисли на тоа, кога сме активни не ни можеме многу да го чувствуваме овој период. 2 скрининг завршив оваа недела, нарден во 28ма здравје, така ми рекоа. Се си е во ред, да не се пререкнам. Шеткаме доста во овој период штом видиме сонце, денес малку вртоглавица па домче ќе се седи, работа преку тимвивер, тоа е, па ќе се надохнади заостанатото од утре друг ден. Уште ми се спие и се сум ненаспана, притисок стабилен, апетит таман. Имам болки во долниот дел на стомакот, но сите ми рекоа трудна си, ќе ги имаш
И јас ја користам истата апликација, малку грешно ги прикажува неделите, 14 недели и 3 дена е веќе 15та недела. За ова сум сигурна бидејќи ја прашав док и така ми кажа. Малку е збунувачки можеби пошо како што ги гледам по интернет ги кажуваат со полни недели. Значи викаат 14 недели бремена, а ние кажуваме која недела ја тераме. Што е малку различно.
Значи јас сега 20+ сум 21 недела. Затоа скрининг ми закажаа сега 21 недела, а ми рекоа дека почеток на 22 најдобро е за скрининг. Баш збунувачки и за мене. Ти благодарам.
јас сум денес 21+4 и вечерва имам закажано 2 скрининг, овие два дена ме боли лева нога од препон нагоре т.е навнатре кон вагина како чудни штрекања осеќам од по некоја секунда и неможам да ја кревам ме боли..... имал ли некој нешто слично?
Истото и јас го чуствувам овие два три дена, исто на лева нога, болка како грч на некоја секунда се појавува, ме укочува на момент, па пушта. И дијареа имам овие денови што ми е невообичаено. Инаку јас сум веќе 34+5 и еве лутам по темиве да видам дали некој пишал слично искуство и што би значело...
Јас вчера во Плодност Битола платив 3000 ден 2 скрининг. Но без преглед на срце од страна на педијатар. За тоа после 2 недели.
Која недела си? И јас за 2 недели ќе одам на преглед за срце, а вториот скрининг уште не ми е направен. 16та сум сега, во 18та ќе треба да го правам тој преглед па после тоа втор скрининг. Исто во Плодност. Не знам дали е рано, ама така ми кажаа да се закажам.
Детално го гледаат срцето, мислам дека не го прави прегледот гинеколог туку специјалист во таа област Ќе ти кажам точно по 2 недели.
Јас сум 21+. Мене ми рекоа 2 скрининг од 20-22 недела. Мислев дека срцето заедно со скрининг оди, но ми кажаа дека доаѓа Др од Скопје, па ми закажаа за 2 недели. Кај кој др си @Magic13 ? Јас сум кај Др Таше но скрининг ми прави Др Марија.
Знам дека е вториот скриниг од 20 до 22, мене овој преглед ќе ми дојди порано во 18 та, после тоа ќе одам на втор. Значи 23та недела ќе бидиш тогаш? За на 4ти мај си закажана? Јас кај Таше одам и кај Кристинка, задоволна сум од двајцата. Зависи како ќе се закажам.
Првиот го направив приватно, бидејќи немаше термини. Вториот кај истата докторка бидејќи веќе таму почнав, а и искрено се сомневам во стручноста на државно. И да отидев на државно, пак би отишла на второ мислење на приватно, некако помирна сум. Башка толку пари до сега дадовме за инвитра така да ова ми е мачкина кашлица, повеќе пари давав дневно за стимулации колку сега што е еден скрининг
јас па двата скрининга ги направив на гак. Се супер помина и матичниот што го имам е одличен во стручноста. За разлика од мене па една другарка со катастрофа матична одеше приватно на друг лекар тука во градов башка и трето мислење во систина. Прокрваре во 8ма недела матичната и рекла ништо не е дури ни витамини ни испитувања не и правела ни лабораторија. Само ехо. На второто мислење и рекоа дека станува збор за мало одлепување на постелката во систина и дале прогестерон ли... И да некогаш е добро да се побара второ мислење но две различни изјави ептен доведуваат до забуна
Затоа што имаат крш апарати и незаинтересирани доктори. Јас на државно бев на почеток и ми рекоа дека нема плод ,да потпишам да ме чистат,за после пола саат во приватна болница да ми кажат дека имам здраво и право бебе во стомак. И решив да ги дадам и последните пари за да добијам човечки пристап и однос.
Што знам. Може на приватно и поголема утка ќе направат не е никогаш правило дека тука е подобро или таму. До лекарска грешка е многу лесно да се дојде. Ама барем малце намирена ќе бидам вака, ептен сум паничарка за се
Само Господ да не чува, грешки секаде биваат. Сите доктори од приватните се излезени од ГАК или Чаир. Пред 7 год.втор скрининг правев во Систина кај Димчев, бидејќи кај Јовановска кој тогаш уште беше на Гак немаше термин, а она беше за скрининзи, ливринова беше на боледување подолго време. Во тоа време скринингот кошташе 3800. Димчев го гледаше само плодот, грло не ми мереше иако му кажував дека имам некои тегоби, за по една недела да бидам на строго лежење до крај со ризик за предвремено породување. Понатаму ме следеа н ГАК, и благодарение на Трајковски кој тогаш беше н ГАК, родив живо и здраво дете. Што поминав јас си знам, а да видеше Димчев веднаш ке направивме церклаж, за кој после веќе беше доцна. Затоа пак ке речам само Господ да не чува мили мои, грешки и пропусти секаде се случуваат.
Јас летото вториот и третиот скрининг ги правев на гак вториот ми го правеше Др Лазарова и супер поминав а третиот Др Маџунков исто супер поминав оно додуша јас и овде во струмица ги правев плус скрининзите ама и за ГАК немам што да кажам