Да на 4 Мај ми закажаа, само за саат чекам инфо. Тогаш ќе сум скоро 24 недела. А за пораѓај каде планираш? И со кој др? Јас во Плодност со Др Таше. И со првото на државна со него се породив пред години. Задоволна сум многу.
Таму и јас планирам да се породам. Се надевам кај Кристинка или кај него, ако не испадни нешто за итно. Таше и хистероскопија ми правеше лани. За првото на државна сум и јас, пред 5 години.
Јас не сум била во државна зашто мразам чекање, гужви, незаинтересираност, арогантност... далеку од тоа дека не се стручни (иако зависи на кого ќе налеташ). Со исклучок само на трансфузиологија што одам кај др. Јани зашто приватно ми лупаат терапии и дополнителни испитувања без потреба.
Јас немам а знам тука негде сме. Дури запек имав минатата недела ама дека не можам манџи да јадам повеќе на сува храна сум. Да не те има фатено некој стомачен вирус?
Срцки, да ве прашам што лекови смее да се пијат во второ тромесечие? Ме фати настинка, грлото лом. Само стрепсилс земав, не знам што друго смеам...
И мене ме фати од петокот , грлото ми беше катастрофа , пиј топла вода измешана со мед и лимон , ставај ракија со црн пипер на шал и умотај се, пиј витамин ц и парацетамоли.. ќе помине. Бев во аптека и ми дадоа и едни пастили со жалфија од dr.theiss ок се , не знам дали ми помогнаа тие нешто ама ете пробај. Со помин @Mini90
Леле девојки помагајте! Дали вирус или настинка не знам што е, но цел ден имам такви неиздржливи болки во стомакот. Желудникот и цревата. После 3 месеци тешки запеци(излегување еднаш на 4 дена) денес излегов неколку пати за на крај 1-2 пролив. Болката ми помина, уште како натолчен го чувствувам стомакот. Не можев ништо да јадам, само чај. Дали е опасно за бебето? Ве молам за помош.
Да не имаш нешто расипано каснато или недобро измиено? Јас пред 1 месец така си го расипав стомакот. Домати, краставици јадев често и изгледа од нив, сега и не се баш најздрави со хемикалии прскани. Ама таква болка имав, пролив, се виткав од стомакот. Само чај од нане и за 2 дена ми се среди.
Леле ти благодарам. Како јас да се опишав со болкиве. Јас само тоа јадам овошје и зеленчук. Може да е од нечисто. А и неделата како да ми беше последниот ден пред породување, чистев и прередував по дома по кратки ракави. Излези влези и настинав. Важно бебуш да е ок. Ќе истрпиме.
Ќе помини. И од јагоди јас последниот пат си го расипав стомакот и сега се воздржувам од купување. Можно е да се имаш и преладено. Некогаш забораваме дека сме бремени и како што велиш како последно да е, ќе се умориме до максимум.
Леле жени ова некој силен вирус беше. Цела ноќ се исцедив од пролив. Преку 15 водени столици буквално. И грчеви кои во 36 год сум ги немала. Помина кај 6 часот. Сабајлево немам ништо ама отепана сум, како воз да ме има згазено. Ми е страв за бебушот макар што знам дека се засебни системи и нема потреба од паника. Ја сетив сабајлево како ми чукаше срце мајкино
Бебуш е добро не се секирај. Ти гледај да не дехидрираш те молам! Бајаги течности имаш изгубено. Денес надокнадувај со поише вода и супа од кокошка. Дури види во аптека ако смееш електролити земи си. Побрзо да оздравиш
Фала ти мила. Денес на течности сум. И во кревет. Дека имам еден куп работи пред празникот. Ама за убаво да е и без тоа се поминува. Прозорците и после Велигден се чистат. И така африкански дожд ќе врнело Те