Ве читам и малце паника ме фати, од што се крати цервиксот и какви симптоми имавте? Јас сум 13+5 и уште имам повремени слаби болки де јајници де стомак, треба да се плашам или? Иначе лечам уреаплазма пиев апчиња па нез дали и тоа влијае или не
Не се плаши немора да значи дека се јавува кај секој. Незнам од што точно се јавува, голема е веројатноста од бактерии, инфекции, а и голема физичка активност. Првата препорака од др. за мене беше колку што можам да лежам повеќе и да не кревам тешко...
Мене на брисот од цервикс ми најдоа кандида. Се пренервирав. Никогаш досега сум немала. До понеделник ќе си пукнам. Кажете колку и дали е опасно? Шо да преземам до понеделник?
Ништо докторот ке ти каже, не се секирај се се средува, јас еве прв пат уреоплазма а баш пред да останам бремена сите испитувања ништо немав. Се надевам брзо ке се отарасиме од досаниве бактерии
Ја пијам магнезиум по 2 на ден, така што немаш гајле што го пиеш. Не знам докториве како се сите со различни протоколи за водење бременост.
Добро утро мешиња! Од денес (14+1 и 14+2) се приклучуваме во вториот триместар. Едвај чекав. Воопшто не можам да се пожалам од првиот, фала му на Господ со лесно поминав. Се надевам така да минат неделите до крај. Мачнини и гадење уште имам ама многу поретко. Почнаа киселини на моменти. Мокрам многу, ама многу често. Многу и јадам. Одвај две кила имам ставено, а јас јадам како слон. Слабичка сум. 52 кг. Овие неколку дена главоболки... Јаки. Не ни помислувам да се напијам нешто, си трпам и поминуваат. Се чувствувам добро и тоа ми е најважно. Мешко расте. Се познава. Од радост голема, помини-замини јас пред огледало го меркам. Инаку, Миле Паника бев, сум и ќе си останам до крај. Само, без вистинска причина да паничам и јас и сите другите!
Здраво женски, Тек сега кога сум 15-та недела можам да кажам дека ми почна второто тромесечие, бидејќи конечно престана да ми се лоши секоја секунда и да повраќам ко луда. Имав тешки 2 месеци. Многу ми помага што ве читам. Голем поздрав до сите!
Здраво девојки Сабајле како што си седев нешто како да ми тропна два пати во стомакот под папокот. Сега исто се случи додека седев ама малку подоле и по десно незнам дали е тоа од движењата на бебуш. 16+2 сум
Здраво, веќе сум 19+5, ама од почеток на второво тромесечие премногу икам, дури и преку ноќ се случува да се разбудам икајќи се соочила ли и некоја друга со ваква ситуација?
@Sofi.ja Што направи Софи? Кај мене излегоа резултатите се е чисто, сега чекам време за да одам на повторна контрола и мерење... инаку сум супер, си одмарам по дома, меше расте и понекогаш чувствувам некои грчеви, струи во стомак незнам дали се то први движења на бебе....?
Тоа е тоа, мртка бебето. И јас ја осетив тогаш од прилика, иако сите викаат дека ми е прво, па покасно ќе сум го осеќала... Индивидуално е. Чувството би го опишала како кога трепери ("игра") мускул. Не знам дали тоа го имате почувствувано после поголема физичка активност.
Да баш такво е чувството како да трепери мускул. Прва бременост ми е па незнаев дали тоа е бебушко.Обично да викаат дека покасно се осеќало ама ете сме имале привилегија ние . Фала ти многу
Bebuskata e..i kaj mene pocna da mrda od 16ta nedela.Samo sto mene ne mi e prva bremenost i odma znaev deka e toa.So lesno
Здраво!18та недела сум,имам чуство ко за цистит,не ми е прв пат.Вака ми се случува понекогаш и само престанува.Имам и повремена болка во препони,и болки позади во грбот,ко кај бубрези.На моменти после мокрење имам болка мала.Бев на контрола минатиот Вторник и мокрача и крв беа супер.Си викам се е нормално.Ама денес се и сешто низ глава ми се врти.
Уринокултура уредна,ги чекам резултатите од брисевите, а цервикс ми порасна на 31мм пак не е 35мм ама се надевам со лежењево и терапијава и дека ќе го надмине утре ќе го правам снимањето ЕМГ,а следна среда сум на втор скрининг па ќе се консултирам со докторот. Околу движењата на почетокот чуствував нешто како мрдање на цревата,баш како бранови се додека не ме удри еднаш посилно за да сфатам дека тоа е тоа. Сега па дека цело време лежам бебе чочек мислиш игра во стомак
Од утре 19та Не знам кога летна времево. Беба е понапредна, а јас поправена сум само 2кг. Мешето не ми се познава многу, уште носам обични фармерки па слушам секакви коментари, ама игнорирам Освен кичма што ме боли, други тешкотии немам, и се надевам дека вака ќе остане Се нервирам само што сега прегледите се на 3-4 недели и многу долго ми изгледа чекањето од едно до друго гледање на беба. Ќе прашав, кога почнавте да купувате за беба? Мене се некако рано ми е, а времево си поминува.
Па ако ти е мерак да си купеш нешто не е рано ама земи во предвид дека сега е претежно сезонска гардероба, на кратки ракавчиња е речиси се по детски бутици, а твоето би било зимско бебе. Јас 14-та недела сум ама си купувам нешто што ќе ми влезе во око коа влегувам во продавница, и што не зависи од сезона, пример бањарка, чорапчиња, шишенца, лигавчиња...