Второ тромесечие од бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од BellaS, 19 јуни 2014.

  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.147
    Допаѓања:
    137.212
    Пол:
    Женски
    тоа секако :D па ако треба за на школо коа ќе го праќаме да ја облече :D битно попуст да е, ама рано е за попусти тоа август дури
     
    На Bubce38 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.987
    Допаѓања:
    108.489
    Пол:
    Женски
    @KuklickaSk како лета времето денес тоа си размислував :lol:
    Купувај си кога сакаш , јас од мерак купив неколку работи , ама имам доста шпихозни , бодиња од првата ќерка така да би купувала нешто од гардероба со поголемо бројче или цуцли , шишиња , лигавчиња како што рече @Sesil :)
    А и сега низ продавнициве се е за сезона пролет лето , не ми одговара баш , здравје од јули-август ќе почнам да гледам облека за есен-зима :D
    Кичма мене ме боли се повеќе и повеќе како проаѓа времево :x кога ќе легнам потоа не можам да станам. А за прегледите на толку време и јас одам на 3-4 недели
     
    На Lara 27, KuklickaSk, Tiki123456 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Tiki123456

    Tiki123456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2018
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Кичмава и мене почна се повеќе да боли башка и куковите од што спијам на лево или десно се укочувам и после и кога се движам ме болат. Башка стомак на моменти знае да штрекне. Ауф од се се плашам ми нема спас. Едвај чекам од контрола на контрола да кажат дека се е ок. Мислев ова тромесечие кога ќе почне дека нема да се замарам ама ништо. Си се испожалив :P
     
    На koritsaki и bela.m им се допаѓа ова.
  4. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    На 10 кога бев не ме виде баш на ехо - остави за скринингот на 21. На 21 поминав ок, со исклучок на неколку моменти - на срцето виде некоја точка - како задебелување - не било страшно, 1 на секое 20 бебе го има - echogenic intracardiac focus - се губело во трето тромесечие, или и да останело не било срцева маана. Но, можело и да е индикација за генетско пореметување... Иако ми рече дека на двата скрининзи сѐ е во ред и не би требало да е тоа.

    Друг момент е што доплерот на контакт матка - плацента покажа поголем отпор во протоците - лево и десно се на горна геаница. Ама бидејќи детето ок напредува не било сега за сега индикација. Е ок напредува ама обемот на главата го измери малку помал ама на долна граница и плус без многу секирации затоа што мозокот беше супер развиен.

    Сепак, контрола за 4-6 недели на ехо и со доплер. Е дали мојата докторка ќе се согласи или не, ќе видиме (кај други ме праќа на скрининг). Секако ќе ја менувам од јули, па ќе видиме што ќе биде.

    Инаку и моево е машко.

    Ти како помина на скрининг? Каде си ако не е тајна? Задоволна ли си од прегледи и грижа?
     
    На Lara 27 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Дали некогаш сте почуствувале во долниот дел на стомакот,баш кај вагината,конкретно кај срамните влакна мрдање како клокотење на црева,како меурчиња...нешто така? Се мислам дали е тоа движење на бебе, некогаш го чуствувам со посилни удари,некогаш послаби, некогаш е во висина на папок,некогаш под папок па и надолу до почетокот на влакненцата... се мислам дали и ова мрдање е од него или е нешто друго?
     
    На #Bebe123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ana-lib

    Ana-lib Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2015
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Женски
    Јас поминав добро, бебето беше малку потешко од што требаше да биде во тој период. Кај мене немаше некои забелешки, се што виде кажа дека е во ред. Па се надевам дека навистина е така. Инаку јас сум во CH. А ти?
     
  7. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Вчера бев кај мојата правев oGTT и плус имав редовен преглед. Грло затворено, сѐ делува вака ок. Заради препораката на професорот скрининг што правеше ми направи и контролно ехо. Главата ја измери и таа, и беше пак доста помала, па утре сум на доплер преглед кај професорот. Насекирана сум малку, иако сум свесна дека може ништо да не значи, ама некако не сум мирна баш. Нестрплива сум до утре.
    Јас сум во Германија.

    Ти посакувам со лесно и сѐ да си е ок со прегледите!
     
  8. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.207
    Допаѓања:
    13.655
    Пол:
    Женски
    А вие што имате проблем со димензиите имате ли размислено дека гени се во прашање.
    Ако имате вие мала глава ќе има и бебето таква.
    Мене ми го водат многу големо ама кога ќе не видат со маж ми колкави сме не викаат ништо :D
    Не сме огромни дебели, туку имаме снага и бебето сигурно ќе биде такво.
    Нема место за паника според мене, уживајте во бременоста :*
     
    На Vetruska, Martka и Sesil им се допаѓа ова.
  9. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Фала очичка на одговорот и обидот да ме успокоиш, ама тешки да е така едноставно. Уште претходно ме прашаа од тој аспект колкаво се роди првото дете... Не е исто да е целото бебе сразмерно поситно и кога пример сите мерки одговараат на одредена недела а само главата заостанува значително.
    Се надевам дека утре убаво ќе се видат повеќето мерки и дека ќе може да се извлече позитивен заклучок.
     
    На Andonia, Septemvri и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  10. Tinkerbell11

    Tinkerbell11 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    1.958
    Пол:
    Женски
    Девојки веќе сум 16 недела но нешто ме мачи.
    Се си мислам дека нешто не е во ред, се такви филмови ме маваат во глава а сигурна сум 100 посто дека нема ништо лошо но ете.
    Немам крварење, немам големи неиздржливи болки и слично.
    Една другарка ми вика пипни си го стомакот и таму каде што е тврдо таму е газето но јас никаде не осетив тврдо. И како за 16 недела некако како мало меше да ми е.
    Се нервирам вака оти само мислам на глупави работи а со тоа и самата си правам да ми е тешко.
    Дали оти прво бебе и не знам што како и мислам дека ќе полудам. Како да ги снема тие мисли од мојата глава?
    Иначе некогаш имам слаби болки или како пецкање во пределот кај јајниците или долниот дел од стомакот но ми кажаа дека тоа било нормално бидејќи матката се ширеле. Сте имале вие такво искуство или?
     
  11. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Тие болки што ги имаш се нормални,се додека немаш некое крварење или константно болка не се секирај. Не слушај другарки,комшивки и тетки многу тоа дополнително напнува :) опушти се и уживај. Долг период е бременоста за постојано да бидеш напната. Биди добра и уживај во секој ден колку можеш. Тоа и бебето го осеќа :) Лесна бременост ти посакувам до крај :)
     
    На betty oh, Tinkerbell11 и Septemvri им се допаѓа ова.
  12. Nora.A

    Nora.A Популарен член

    Се зачлени на:
    17 април 2018
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    1.018
    Пол:
    Женски
    @Tinkerbell11 и јас сум иста, прва бременост со ивф 14+2 сум, си викав да помине прво тромесечие па полесно ќе да е, ама не, постојано се мислам,се секирам.
    Имам и јас како слаби боки и пецкања од лева страна кај јајникот, не знам дали е нормално
    До сега немав, денес почесто, а мирувам еве магнезиум пијам редовно од 375 мг
    Ехо правев на крај на мај, матичниов ми вика рано е сега за ехо, скоро е правено, да чекам до втор скрининг во 20 недела
    Скрининзите ги правам на приватно
    Прашањето ми е колку често си правите ехо прегледи?
    Многу ми се глеа до крај скоро на јули да сум без преглед:^)
     
    На Tinkerbell11 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Adams

    Adams Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2018
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    4.925
    Ногу бе тоа да чекаш 2 скрининг скоро 6 недели. Јас одам на 1 месец кај матичната имам 2 пати 18 недели сум а и си одам во Плодност кај Таше. Бев во средата и сега сум на 2 скрининг за 3 недели во 21 недела.
     
  14. Nora.A

    Nora.A Популарен член

    Се зачлени на:
    17 април 2018
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    1.018
    Пол:
    Женски
    И мене ми се гледа многу, ќе одам на крај месец пак онака, нека ме види
    Фала Адамс:*
     
    На Adams му/ѝ се допаѓа ова.
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    27.970
    И јас иста сум, прво бебе и мисли да не нешто не е во ред, па како ќе знам ако не е во ред. Мене дури сега во 20 недела почна да ми забележува малку меше, претходно никој не ме ни приметуваше, дури и еднаш на фризер во 17 недела една жена ми кажа 'Како може да си 17 недела, кај ти е стомакот'.. Во моментот толку се насекирав, а сосема беспотребно.
    Сега некако се опуштив, дали дека повеќе го осеќам бебето па помирна сум, знам дека ми е тука.
     
    На Andonia, Nora.A, Tinkerbell11 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Многу ме иритираат коментари за изгледот на трудницата. Слаба била, дебела била, мала била, голема била... Да ни јадат уши!
     
    На MMA, Kaetana, Poklonce и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.147
    Допаѓања:
    137.212
    Пол:
    Женски
    На 4 недели.

    И не се секирајте за стомакот, колкав стомак очекувате да имате коа бебињата во 15-16та недела се едвај по 100тина грама. И пoарно шо не ми се познава, поштедена сум од прашања :angel:
     
    Последна измена: 15 јуни 2019
    На koritsaki, Nora.A и bela.m им се допаѓа ова.
  18. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    9.843
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа што стомакот најмногу расте од 7 месец натаму, до тогаш може и да не се забележи нешто многу. И како што рече бела, да ни јадат уши :)
     
    На Andonia и bela.m им се допаѓа ова.
  19. Maslany

    Maslany Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2016
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Женски дали се нормални благи менструални болки во второ тромесечие? 16та недела сум и некои денови си осеќам во долниот дел од стомакот такви болки...
     
  20. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.147
    Допаѓања:
    137.212
    Пол:
    Женски
    И јас ги имам од време на време, прашав докторката рече ништо страшно, се шири матката.
     
    На Maslany му/ѝ се допаѓа ова.