И јас ги имам пиено на сабајле пред јадење. Можеби и нема тоа некое големо влијание. Освен ако е потенцирано во упатството, што не верувам, така што уживај си. Те чекаме утре со добри вести.
Можам да замислам шо би било коа јас не би пиела кафе, железни прачки ќе вадат од мене немајте мака, занемарлива е таа количина кафе шо се консумира дневно за да би пречела на апсорпција на железото
@mamaibebe @Queen8 нема ефект кај мене од Фероглобионот, на исто ниво е хемоглобинот како претходниот месец, а железото се намалило дополнително Сега ќе пробам со други таблети од Грција.
Фала ти што сподели искуство, пробај, сум слушнала дека се ефикасни, јас од мое искуство можам да се пофалам од Iron forte на Каливита, но ова за подобрување на железото, но не знам дали се безбедни да се пијат во бременост, сепак треба консултација со доктор. Кој е тој препарат од Грција?
Немам пишано од последниот пат. Скринингот помина супер - да, BPD на главата е нешто помала вредноста, но напредува према крива на перцентили и не заостанува - овој доктор имаше мерки и од претходниот скрининг, па се виде на кривата дека си ја прати кривата на развој. Уште еднаш ми кажа дека мозокот е ок развиен и дека нема простор за голема грижа. Доплерот на десната страна е уште со висок отпор, додека на левата е доста подобрен - постелката ми била на лева страна на заден ѕид, па тоа било поволно. Ќе треба повторно доплер заради протоците после 6 недели, ама скроз се опуштив и можев раат да заминам на одмор. Инаку, со ова ја напуштам темата, затоа што влегов од саботата во 27 недела, а со тоа во 7 месец, па ве поздравувам и ве чекам тие што сте тука да се придружите во трето тромесечие.
Мило ми што е во ред. Смири се сега. Да не си грешка во пресметката на неделите? Знам еден ден си пред мене со термин, јас сум сега 26+2. Од 27ма полна почнува 7ми месец и трето тромесечие.
Супер што убаво поминал скринингот. Јас да прашам дали ти пишува во извештајот зрелост на постелка,ако да од кој степен?
@Magic13 јас знам дека 27 недела тековна е веќе 7 месец, т.е. 6 месец завршува со завршена - полна 26 недела. @Sofi.ja Пишува "Plazenta: Hinterwand links. Grannum Grad 0. Unauffällig." Тоа е во превод - плацента на заден ѕид лево. Степенот 0 значи без калцификати. Тие се истите 4 степени на старост од 0 до 3 - без калцификати, лесно калцифицирана, средно и тешко. (Извини на преводот, може да не е скроз коректен, ама мислам дека сум разбирлива). Калцификатите се нормални затоа што плацентата има век на траење (околу 42 недели) но степенот на зрелост треба да одговара на гестациската недела. Ако не, треба да се предвиди соодветна терапија.
Кај мене во 22ра недела пишува постелка на заден ѕид со II степен на зрелост. Во текот на скринингот не ми искоментира ништо докторот а и многу беше штедлив на зборови. На снашката во 38+некој ден кога се пораѓаше и беше III степен на зрелост,па си реков мојава мн брзо да не созрева или пак е вообичаено за второ тромесечие.
https://www.famivita.de/plazenta-granuum/ Ова го најдов како некоја табела за зрелост по недели. Иако мислам дека сепак сѐ е индивидуално и дека докторот најдобро знае дали има некаква мака или не. Се прати состојбата и преку доплери, и преку растот на бебето, така да и да не си скроз во границите на табелата не би требало да е страшно.
Здраво идни мамички јас сум околу 12 недела и имам кафен исцедок многу ме плаши од што може да биде знае некој?
Најчесто кафеавиот исцедок е безопасен, само да не е црвена, свежа крв. За секој случај нека те ѕирне доктор.
Здраво труднички!Денес бев на преглед, бебчето е супер, постелка исто така. Според ехо сум 15+4 /15+5,а според апликацииве што ги имам 15+6 Не можам да се пожалам на ништо, до сега бременоста ми е како по книга Утре здравје крвна слика и урина до сите
Супер и да си продолжиш така... уживај во најубавите денови Инаку јас сум 18 + 3, се на се добро. Лежам постојано, со исклучок на кратки прошетки дома и низ двор. Денес имав некои слаби болки во вагиналните мускули и како слаби грчеви... незнам дали да се јавам кај матичната? Инаку на контрола сум на 12 ти, бројам денови до тогаш... Е тоа е драги мои, си се изкакукав и јас поздрав до сите
Извини дури сега видов дека си ми пишала, иначе пијав Утрогестан по 2 пати на ден и користев Макмирор комплекс вагиналните .
Ти пишав, во смисла да ен случајно Утрогестанот ти создава кафеав исцедок. Претпоставувам дека веќе се има средено. А, Макмирор комплекс какво дејство имаат?