24недела сум.Имав ешерикија во мокрача.Пред една недела проверував нема ништо.Имам чести нагони за мокрење што е нормално ама на моменти со печење.Не знам веќе што да мислам.Пијам еден куп витамини.Можно ли е да е од нов печењево.Пијам капсули брусница со д маноза.Одам сабајлево за Охрид.Во паника сум.Ви се случува ли ова вас?
24 недела сум.По испиен антибиотик и по една недела пауза стерилна урино култура.Пецкање при мокрење продолжува и често мокрење кско и притисок врз бешика.Пијам брусница со д маноза.Плус се она што се пие во бременост.аИ утрогестанот го пијам.Сакав неделава што помина да повторам уринокултура ми рече др.дека е рано.Одам за Охрид после.Многу се плашам.Можно ли е пецкањево од апчиња,од бременост?Ми викаат дека не може нешто многу да ми искомплицира.Ве молам ваши искуства.
Јас имав искуство со првото - ама некаде при крај ко да беше кога ми велеа дека мешето е помало за недела - две.. ама нема врска, сѐ беше ок. Испитај димери и хемостаза - направи доплер. Ако протоците се во ред, треба да се следи мешето дали напредува. Ако напредува (па нека е и пак недела минус од гестациската) нема простор за грижа. Скоро сум сигурна дека не е ништо. Со втората бременост главата на бебето му е помала. Димери овде не испитуваат каде што живеам ама среќа прават доплери. И плус видовме дека со тек на време главата со расте, само за гестациската недела едниот дијаметар е помал. Ама е цело време помал и си следи крива на раст, така да, тоа е важно. Не смее да заостане со мерките и да се исти како претходниот пат.
Фала женска А доколку вредностите се покачени? Многу ми е страв понеделник имам закажано ... иначе втора бременост ми е ама многу се плашам
Повраќам од увин чај.Се плашам за бубрезите.Во Авицена на контрола на уринокултура ми излезе една ретка бактеријНаправив уринокултури во Адриалаб и Биотек двете беа супер.Ништо немаше.Тоа беше минатата недела.И сега јас цела во страв сум.Ме пече кога мокрам имам бактерија.Ме боли грб ми отишла на бубрези.И се така во некој страв.Денес дојдовме во Охрид.Една недела ќе сме тука.Само се да биде ок.Да не ми се случи нешто на детево и мажот ми стрес да не им направам.Не ми се чудете во страшни паники сум.Пијам фемибион,пола аспирин,линекс,Хемовит за крв,магнезиум со б6,утрогестан на џејмисон брусница со д маноза капсули.Може и од толку апчиња ме пече.Правев ехо на бубрези,бешика пред едно три недели.Се супер освен песок во бубрези.
Не знам навистина. Немам такво искуство. Јас пиев увин поради пецкање предизвикано од воспаление на мочен меур. За каменче/песок во бубрег знам за пролом вода, друго не знам што да ти кажам за твојата состојба.
Можам само да ти го препорачам советот да пиеш што повеќе чај од брусница во денот, да се плакнат уринарните патишта, така и да има и да нема бактерија нема да има концентрација з да прави проблеми
И мене ми е втора бременост. Ако се покачени димерите, ќе видиш со доктор. Има чаре во секој случај. Клексани или сл. Ама не ми се верува - мислам дека сѐ ќе биде во ред. Кај мене цело време отпорот на протоците или крвните садови во матката ми е зголемен, ама детето напредува па демек нема простор за грижа сѐ уште. Ама проверувам доплер секој месец. Не знам што да кажам. И мене ми е малце постресно, ама тоа дека не сум во мк и се адаптирам на друг систем.
Црп-то е многу важно, покажува дали има воспалителен процес во организмот, испитај си го за мирна глава, зашто често знае да се случи, останатите резултати да се ок, а ова е показател за се’, како и леукоцитите, ама црп-то е поважно.
За брусницата сакав да ти спомнам, покрај капсулите, консултирај се дали да пиеш и чај, зашто имам слушнато дека и чајот се пиел максимум по 2 чаши дневно, да не се предозираш.
Туку денес цел ден сум под дебела сенка од дрво,дури ладно ми беше и на сонце бев два пати по 15-20 мин и не беше жешко 27 степени.Рамењата и напред сум поцрвенела.Ништо страшно нели?Само да не сум на сонце директно?И да не се вријам така?
Вода колку што можеш повеќе, ама подобро флаширана, не знам каква е водата во твојот град, ама мислам дека не е најбезбедна од чешма. Потруди се да пиеш барем по 2 л. на ден.