Баш една докторка збореше за ова на едно предавање, да спие секоја трудница како и одговара и дека не може да му наштети на бебето. Битно било да се наспиеш ))
Помош Имав во 9та недела крварење кое запре со Дабростон апчиња и плус инекции. Сега сум 20 недела и повторно се јави кафеав исцедок. Докторката се чуди од каде се јавува, ме гледаше на ехо и се е ок и со бебето, нема хематом, го мереше цервиксот и се е во ред... немам памет
Исто и јас имав крварење во 7 недела и со дабрастинот се среди. Сега сум 19 и фала му на Господ се во ред, но јас сеуште ги пијам. Мене докторите (бидејќи одам на 2 места) ми велат додека е кафеав исцедок нема потреба од грижи, тоа е нешто што е старо па се чисти доколку е црвено одма да се оди на лекар. А тебе ти рекоа дека се е во ред така да не се секирај не си прави стресови ќе биде се добро чим бебуш е добар гали мешко
Здраво девокји Сте патувале во вторито тримесечие. Јас од дригата недела ке влезам во второто тримесечие и сакаме да одиме на одмор за египет со авион . Инаку јас сум супер супер се осекам неам потешкоти. И како што читав најубаво и најбезбедно за патување било овој период од бременостА
Јас патував во 26 недела на одмор. Сѐ беше ок. Види со гинекологот најдобро знае. Во Египет само внимавај на храна и вода заради стомачни вируси и труења.
Ај сега едно малку чудно прашање хахаха. Во спиење осеќам болка во левиот колк и многу чудно ми е. Во последно спијам на десна страна значи левиот колк ми е одозгора. Ете секој ден нови и нови симптоми
Мајки во 23 недела бев на скрининг на органи на бебето, се мислам дека докторто спомна дека ќе треба да се направи дополнителна ехокардиографија на срцето некаде 28 недела, ама не сум сигурна точно. Дали знаете во која недела се прави тој преглед дополнителен ? Ќе ми треба за да закажам на време. Позз
21-ва правев јас првата бременост. Сега кога ја прашав докторката кога е најдобро, пак ми рече 21-ва полна
Благодарам @Sexybaby86 , не ми се верува колку брзо минува времето, мислам дека вчера го правев првиот скрининг а дојде време и за втор
Zdravo na site 18 nedela do denes. Vcera mi se pojavi krv za vreme na vrsenje golema nuzda...i od porano cesto mi se ima desavano ama ptidruzeno so hemoroidi.. ovojpat samo krv i posle nisto dali i na vas.vi se ima slucuvano i ima li prosytor za panika
Мене ми се има десено,докторот рече дека е од некој хемороид помал или внатрешен,не се секирај не е ништо страшно
До 12та,после витамини. Јас воопшто не пиев фолна посебно како таблета, пиев прво Фемибион 1 до 12та недела а после тоа Фемибион 2. И во двете има витамини и фолна.
Здраво на сите! Од денес сум 14 нед. Иначе до сега се е во ред, не сум имала никакви мачнини само последните денови мислам дека киселината ме убива Освен витамински апчиња друго ништо не пијм, барем доктор ми нема ништо препорачано. Не сум во мк, па овде на подолг период ги закажуваат прегледите, бев во 12 и сега дури во 19. Како е кај нас во врска со ова? Убав ден на сите!!!
Во врска со прегледите кај нас е на 3 недели од прилика,јас незнам дали би издржала вака како во странство, многу долг период ми се гледа..ама може се навикнува на таков принцип и тоа е тоа.. Инаку и јас сум 14+3 ама киселини сум немала,вака што читав тука пишуваше нешто ладно млеко да се напиеш или сода бикарбона со вода,пробај нешто па ке видиш.
Па ќе мора да се навикнам или да одам на приватно, као ако се е во ред нема потреба од толку прегледи . Фала, може да пробам.
На почеток на второ тромесечие па се до 30та недела и јас одев на 4 - 5 недели. Нема потреба од повеќе контроли ако е се во ред. Тука најважен ти е скринингот во 21 недела.