Koga pocnavte da gi gledate mrdanjata na bebeto nadvor od stomakot? Jas sum 19+2, a vece 2-3 dena koga ke stavis raka i te kako se oseca, plus se gleda kako mrda stomakov. Mnogu rano e ili ne? Srecicka mila ❤️
Мешковци, едно прашање. Втор скрининг треба да праавам или крај на октомври или прва недела на ноември. Е сеа, на 16 септември (нели во Ремедика секој 15ти од месецот отвараат термини за наредниот) се јавив во Ремедика и немаше термин кај докторкава за крај на октомври, што ми е чудно, пошо нели 16ти! Совет? Како да не пропуштам термин прва недела на ноември? Уште сега ако се јавам нема шанси да ми закажат за ноември
Има ли некој тазе од прво тромесечје да премина во второ? Да ве прашам како поминавте скрининг, брисеви? Јас ги поминав брисевите, ми излезе кандида ми препишаа вагиналети три микорил, ме чудо што никогаш не дум имала, но што е тука е. Што ви препишаа да пиете? Како се чувствувате? Дали имате односи? Јас немам односи, сеуште пиам утрогестан, со фолната завршив сега примам премама, а и пд вчера ко да поднастивав, носот ми тече, си пиам чајчиња
Јас сум 14+4. Брисевите се чисти а и приската била добра. Пијам сеуште фолна киселина и дабростонот што ми остана, докторот рече откако ќе ги испијам тогаш ќе преминеме на нешто друго. Односи имаме ретко, ептен некако страв не фаќа. Инаку се чувствувам подуено, болки понекогаш како боцкање и вагинален исцедок кој некогаш е пообилен.
Женски денес влегов во 17 недела матичната ми рече аспиринот да го пијам до 17 недела, па се мислам да го прекинам. Ме интересира, кога ги испитувате димери и во кој случај се примаат клексани?
Јас сум 16+4 тука сме некаде Пиев аспирин уште пред да останам бремена и откако останав еве до пред 5 дена го пиев. Имам генетска мутација и секој месец ги проверував д-димерите по препорака на доктор,првите два резултати беа во граница па ми рекоа да терам со аспирин, ама последниот пред 5 дена излегоа многу високи димери 2800 и така веднаш си почнав со клексан по една инекција на ден. Сега за сега само клексан без аспирин па ке видиме како ке биде. Е сега доколку има потреба од тоа да го продолжиш аспиринот ке ти каже докторката или доколку има потреба од клексан се гледа и на ехо во каква состојба е постелката(тоа беше и кај мене случај,се виде и на ехо што немора да значи дека е случај кај сите) ама за ти да си мирна можеш да си испиташ. Позз
Фала ти, баш ќе ја распрашам подобро на следен преглед веќе секоја втора трудница прима клексани во последно време и морав да прашам
Јас од денес сум 17та недела, брисеви пап прв скрининг и приска ми беа уредни, освен во мокрача што ми најдоа стрептокока па си пијам Ampicilin. Исто поради кафеав исцедок во 7ма недела пијам Дабростон уште. Втор скрининг ми рекоа меѓу 20-22 недела да се направи, јас одам во Ремедика на ехо и скрининг а брисеви земав кај матичната. Ужасни мачнини и повраќав до пред некој ден, сега сум малку подобра се надевам ке поминат!
Ние денес сме 19+1 ја раситнивме 20та недела. Брисеви уредни, приска добра, прв скрининг супер. Закажав и втор скрининг. Секој месец правам редовна контрола на тероидна жлезда... Бременоста ми ја следи матичниот гинеколог и исто одам во Ремедика. Гадењето ми помина, чат пат имам главоболка, но важно е да мине брзо. А димери немам испитано ни во прва бременост, ниту сега... Поздрав мешенца
Здраво мешенца. Како сте?❤️ Како малите срцуленца во мешето? Јас сум 21+3. Сакам да купам перница за поддршка на стомакот при спиење (оние како триаголни). Дали вие користите нешто, и каков? Поздрав
24 +4 сум и како да ми трне горниот дел од стомакот. Тоа ми се случува само кога лежам на страна, тогаш чувствувам трпки на страната на која лежам. Има ли и некој друг таков симптом?
Јас кога стојам ми се случува да ми трне горниот мускул на левата нога и како да ми жари осеќам... а стомакот понекогаш осеќам како да ми се стега, така ми беше и во првата бременост.... Ваљда тоа е тоа друго стање
Девојки Од утрово кога станав грлото ми е исушено и ме пече при голтање. А и во стомакот киселини чувствувам како да ми гори во желудникот, тврд ми е стомакот кога ќе се допрам или сведнам осеќам болка. Целиот стомак како разигран го осеќам на моменти како кркорење и гасови, незнам дали е бебенцето или пак нешто друго... Не сум настината но незнам зошто вака се чувствувам... Да не е од храна вака? Се грижам за малово
Матката се шири затоа подболува стомакот...А за киселините мене само кисела вода ме спасува, пробај и ти по една чаша можи ќе ти се смират. Ако болките се големи посети си доктор најдобро