Девојки 19+1 сум денеска Ноќеска не спиев добро, се будев често чувствувам некој притисок во стомакот и после мокрење осеќам болка во долниот дел на стомакот. А згора на тоа во сон ме фати и грч во десната нога во мускулот под коленото дури и сега ме боли целата нога Бебето послабо некако го осеќам некако мрзливо ми стана. Заспивам на страна но секогаш се будам на грб Незнам дали има простор за грижа, еве на работа едвај издржувам некако Се надевам бебенцево е добро мислата ми е цело време во него
Ne se sekiraj, grcevi i bolki se slucuvat oti rasne bebe... site gi imame ... I bebeto eden den e aktivno cel den drugio den odmara . Ubavi misli majka i so lesno
Кога за прв пат го осетивте да мрда ? Јас сум 15+2 па да знам кога да го очекувам ? И дали секогаш ако вагиналниот исцедок е жолтеникав значи дека има инфекција ? Глава не можам да кренам , денес ми земаа брисеви и уринокултура , мокрачата матна , веројатно имам песок во бубрег , уф се плашаммм
Во првата бременост синко почна да мрда од 19 недела и беше помрзелив, а сега во вторава порано кај 15, 16 недела и е доста поактивна момава
Да ве прашам, тие што работите канцелариска работа на столица пред компјутер како издржувате? Имате ли болки? Како се справувате? Јас секој последни два дена од месецот имам премногу работа и еве вчера и денес цркнав од болки под деснава града, реброто ме болит
Гледај да седиш потпрена ако можеш. Малце ќе ти смета и стомакот ама мора да се снаоѓаме некако. И јас 8 саати во столче ги поминувам
Девојки, кога почна да ви се познава стомакот? Јас сум 23та недела и досега нема видлива разлика, односно само минимална промена.
Јас сум 20+5 и стомакот исто така малку ми се познава. Никој не приметува дека сум бремена освен оние што знаат. Баш денеска на работа еден колега слушнал дека сум бремена и не му се верувало плус кога му кажав веќе 5ти месец уште толку се зачуди Се поправив 6кг некаде нк нема некоја голема промена
Ја пред бременост бев 60кг и 172 висока. Сега сум плус 10кг, а 21+5. Не знам кај ми е килажата, вагата само нагоре оди, а ја ништо значително не забележувам, не ми се познават многу, Кога ќе кажам крај на 5ти месец осеќам ко неверување или се чудат, а има и такви што ме прашуваат дали е се во ред..
Офф... А што ти вели лекарот на сето тоа, развојот на бебенцето се надевам е во ред? Јас едвај чекам да дојде 22ри за 4д
Бебенце е супер си одговара на неделите засега, се надевам дека и во иднина ќе биде се во ред, и на сите идни мајки им посакувам здрава бременост, одлучив да бидам имуна на сите муабети
Сосем нормално до кај 25-6 недела да не се познава, или да не е ептен забележително. Бебињата нагло почнуваат да растат од 27ма недела, до тогаш се ептен малецки, така да немате потреба од страв. Кај мене почна да се забележува крај на 7ми - почеток на 8ми, значи 31-32 недела и коа ќе кажев кој месец сум никој не веруваше гајле ми е
Мене пак почна да ми се заоблува мешето во 9 та недела,и така пишуваше на сајтот на систина во бременост по недели(кои за мене беа точни,со исклучок на некој појави што јас ги немав),и потоа како поминуваа неделите мешко растеше,а мама се гордееше и се прчеше со него.Но секој организам и конструкција се различни,но е битна и поставеноста на бебуш.Со лесно мили мои.
И јас сум 24та по циклус 22ра по ехо, покасно сум оплодена така ми објаснуваат бебето е добро но не ми се познава ништо, јас си осеќам мрдање но се смеам дека накај бубрези расте После 7ми и мене ми рекоа нагло ке пораснам.
Имам постојано,ко подмочана сум,по 3 пара гаќи менувам,од безбоен до белузлав или бледо жолт ми е. Нормален е баш овој што го опишав погоре,со тоа што од витамините и хормоните знае да смени/добие боја,ама бледа.
И мене истото ми се случува, нон стоп ми се мократ гаќите, безбоен течен исцедок, појма немам што е. На микробиолошките тестови немав бактерија, но поради ова Др ми даде Микотрит вагиналети и крема. Ни тоа не помогна. Јас имам друг проблем, болки во препони и многу ниско под јајниците, како мускулите да ме болат. Дали е карлицата, дали од канцелариска работа, од седење, не знам. Др ме гледаше и вагинално, рече нема ништо опасно, но сепак ми е страв. Друг некој вакво искуство ?