Јас сум 23та недела и јас кога ке се раздвижам ме болат препоните и доле ниско мускулите на стомак и плус срамната коска. И кажав на докторката исто, рече магнезиум евентуално калциум за коската,ама ме боли коската поготово во спиење кога се вртам .. со магнезиумот се ублажува се ама има некои денови кога ми е многу тешко,претпоставувам дека ова се е нормално ради тежината на бебето,зошто на прегледот се си беше ок. Ти која недела си??
Го направив вториот скрининг и д димери во Скопје, на извештајот ми пишува да се јавам на контрола кај матичниот по еден месец, а доколку има потреба и порано, кога ги прашав дали треба трет скрининг докторката ми рече не, немало потреба. Па сакам да прашам освен тековни контроли и секој месец што правам крвна слика и мокрача, има ли некое друго испитување?
Девојки пишав и ма труднички но ова е посоодветна тема , како ги осекавте движењата ? 17+6 сум претходнава недела како почесто да ги осекав вчера малце помалку односно сабајлето беше размрдан вечерта скоро и да го немаше , вие во интервали како ги осекавте овој период ?
Во тој период јас воопшто не го ни осеќав. Ама не се секирај некогаш се многу активни некогаш крајно пасивни.
Женски која недела е најдобро да се направи втор скрининг? И сакав да прашам кога почнаа да ви проверуваат цервикс?
Може да се прави од 18-22 недела. Според мојата докторка, најдобро е во 21-ва, така и го правев во двете бремености. Цервикс ми мери докторката на секој преглед, претпоставувам заради претпазливост, зошто имав некои проблеми во почетокот. Ако не ти мереле досега, на вториов скрининг би требало да измерат, зошто гледаат буквално се’
Два пати беше вагинално, а сега со абдоменално ехо. Вагиналното е попрецизно, но ако нема индикации за скратен цервикс, и абдоменално мерење врши работа
Мене два пати ми мереле со вагинално ехо, па прашувам дали има некој помалку непријатен начин за мерење на цервикс
Еве и официјално влегувам во второ тромесечие. Секаде читам дека во овој период исчезнуваат симптомите од прво тромесечие, како што се гадење, замор, главоболки.... Дали и кај вас исчезнаа? Јас уште од самиот почеток чувствувам замор и поспаност, па еве и сега во 14та недела не поминува...
Ќе помине. И јас си мислев зошто не поминува, но полека ќе осетиш повеќе енергија. Јас сум 15+3 и многу подобро се осеќам. Не се уморувам брзо, а претходно и само од зборување се задишував. И благите мачнини што ги имав наутро на гладно, ги снема.
Девојки Откако дојдов на работа утрово почна да ме боли стомакот, и тоа во долниот дел околу јајниците Не е многу силна но како бодежи и непријатно чувство. Стомакот ми е исто така тврд, мислам поради тврдата столица Немам отидено до тоалет. Вечер и така планирав да одам на преглед но вака многу ми е нервозно кога ми се случува нешто секак и мисли идат по глава, само бебето да е добро...
Јас сум од денес 19 недела, и јас како @srce-9 имам мали болки од страна кај јајниците ако може да се каже болки подобро кажано како да го чувствувам стомакот при станување и легнување. Се потешко се движам и мешко си пораснал доста. Инаку колку е дозволено магнезиум да пијам, јас пијам од 250, да не треба да покачам?
Колку е во понапредна фаза бременоста толку поголема количина магнезиум ти треба. Околу 20та недела јас веќе пиев магнезиум од 400
Девојки да ве прашам нешто. 19+5 сум, го осеќам бебуш, ама ме плаши што некогаш кога мрда, ме боли бешиката, многу е ниско и имам веднаш чувство како за мала нужда. Читам сите уживате кога ги чувствувате движењата, а мене ми е страв дали е се во ред и се вознемирувам кога бебуш мрда. На контрола сум дури во петок
Така го осеќав и јас и кога бев на контрола и кажав на докторката ми рече ништо страшно,со ноџињата е надоле и таму мава моментално.. после веројатно се сврте па помина и тоа,
Те мава со ноџе на бешиката,а тоа боли.Зошто се плашиш кога мрда,јас па и’ правам муабет и ставам рака одма,да и ги осеќам скроз ударите,така си комуницираме