Цела ноќ не сум спиела од што сум како на штрек. Ај ваљда ќе се навикнам, и јас сакам да уживам, ама пусти страв се да е во ред. Се си мислам да не го носам бебо ниско, не ми мереле цервикс, ми се мота во глава и тоа да не е, да не е скратен. Ќе се обидам да се опуштам, да не мислам на глупости
Конечно и јас влегов во второ тромесечие. Денес сум 14+1. Два три дена по малку ме боли над левиот јајник. Мислам дека матката се шири па затоа. Дали некоја мамичка има слично искуство?
Не мораш да бидеш во поодмината бременост за да пиеш поголема доза. Влезена сум во 20та недела и завчера докторката ми рече при болки напиј се магнезиум, не ти помогнало-напиј се уште еден. Ако уште те боли-испиј уште еден. Значи, не е страшно ако имаш потреба, нормално да не се претерува секој ден. И вака и така, бебињата ќе исцицаат се што им треба од нас
Лигаментна болка е тоа,ке ја имаш уште некоја недела повремено,не паничи ако те пецне понекогаш,се спрема мешко да стане голем Магнезиум јас пијам по 250мг,ама внесувам и доста преку исхрана на дневна база.Треба да појачам на дупла доза,почнаа да ме болат колкови и нозе од спиење на страна.
Јас почнав со магнезиум 1х250, меѓутоа како се ширеше матката и имав болки зголемив доза од 2х250 и сега во 6ти месец сум со 3х250мг
Хелооо мешиња * Официјално го започнав второто тромесечие не ми се верува колку бргу поминува времето....До сега досадував во темата за прво тромесечие,а сега дојде ред и вас да ви додевам.... Сакам да ве прашам што примате терапии.... Вчера бев на контрола бебко е супер,ми ги прекинаа Утрогестанот но бидејќи имам останато уште 10тина да не одат зијан матичната кажа по едно навечер да ставам и немало потреба повеќе,ме префрли од Фемибион1 на фемибион2 и магнезиум.
@Dance27 14-та недела стаса, а? Бре ама лета времево. Што се чудам, јас скоро 17-та сум и не ми се верува како минува времево. Јас денес последната Депо ја примив, Утрогестанот останува 2×1 и според докторот до крај на бременост ќе ставам. Истите витамини ги пијам како и претходно, само ми рекоа да појачам витамин Ц од 1000, а плус во второ тромесечие пијам и омега3 и цинк. Аспиринот и Фраксипарините си остануваат. Едит. Нешто и калциум ми спомнаа, но тоа ќе препрашам.
Добредојде во 2ро,најубавото Ке ти порасне меше,ке почнеш да осеќаш удари,ке му смислиш име на бебуш па ке ти враќа со удар скоро секогаш кога ке му го спомнеш името И најважно,ке имаш многу енергија Иста терапија имам и јас,Фемибион 2 и Магнезиум
Да мила @0ли стасав...дур да трепнеш си минат неделите...Не ми се верува,едвај чекам да се запознаеме со тоа мало човече
@0ли за калциумот сакав да се надоврзам, бидејќи и ти примаш антикоагулантна терапија цела бременост. Мене др. Јани ми даде Идеос од 500 мг, таблети се за џвакање калциум со Д3. Ми објасни дека морало калциум да се зема редовно додека се боцкаш, зошто долготрајната употреба на антикоагуланти ги слабее коските. Кај нас бидејќи е случај боцкање со месеци (кај мене барем ќе биде до крај), клучно е да се зема. И гинекологот на секоја контрола ме прашува дали земам калциум обавезно, така да препрашај си и почни да земаш. Секако е убаво и за коскениот систем општо, кој е оптоварен од самата бременост П.С. Мравките се рачињата и ножињата на бебуш. Прво ќе те галка, после поцврсто ќе удира
Син на мајка,те пази и нежен е Викаат машките биле помирни во меше.Мојава директно на боксови премина @Sexybaby86 за што се боцкаш ти мила? Те прочитав вчера дека ке останеш дома до крај,се надевам не е ништо страшно Не мораш да ми одговараш ако ти е интима
Од денес и јас тука во се приклучувам Вистина брзо ми поминаа и мене овие 13 седмици , па со Господ напред , и до крај вака Девојчиња имајте убав ден
Да, и мене Идеос ми рекоа, на растојание со магнезиумот од барем 4 часа. Ќе го земам и јас штом е така. Боцкам 4 месеци, а ќе треба и до крај. Минатиот пат кога бев кај трансфузиологот, ми рече рано е, но веќе изгледа е време. Ти како ги земаш? И колку имаат Д3 бидејќи јас веќе пијам Д3 од 1000. Убав тој на мајка, културен и фин засега, додека не почне да ме тепа асално
Имам генски мутации, ги открив сега во вторава бременост, затоа морам да се боцкам. Во првата се боцкав од 7-ми месец до крај, кога ми се појави проблем со затнат проток од плацентата до бебето. И тогаш било од мутациите, ама ете Инаку морам да се пазам сега веќе зошто ми се потскратил цервиксот. Не е страшно, ама докторката ми рече да прекинам со работа и повеќе одмор, без многу активности. Особено не кревање, а знам дека ова ми е последица од тоа што си ја дигам малата по дома. Иако не е често, некогаш морам, тоа е. Така да, внимавајте и чувајте се, и следете совети од доктори, за кревање особено @0ли по едно земам насабајле, така ми рекоа. Магнезиум секако навечер пијам, не знаев дека мора да има растојание меѓу нив, ама ете ми се погодило А Фемибион пиеш? Јас ги прекинав, некако со мутацииве пошто ми дадоа метилфолат, не гледам потреба од и Фемибионот плус. Гинекологот ми рече дека нема потреба да ги пијам, за различни цели биле, ама сепак ми е шубе, не знам дали пак да ги почнам.
@Sexybaby86 Чувај се, сега удри на одмарање и ќе биде во ред. Знам дека со дете не ти е лесно, но некако залажувај ја за да не ја креваш, не барем исправена кога си. Со седнување можеби е поинаку и не е толку напор. Едит. Фемибион воопшто не пиев, сите витамини што се во него ги пиев посебно, поголема доза на метилирана фолна од 1000, метилиран Б12 од 1000, 2×1 Б6 и другите. Башка во Фемибион има јод, а за тироидата ми рекоа да не пијам со јод. И јас сум со мутација, хетерозигот.