Јас сум хомозигот, и освен метилитана од 1000, не ми даде Јани ништо друго. Гледам во Фемибионот има обични Б витамини, кои како што знам кај нас со мутации не се апсорбираат, па не гледам зошто би ги пиела. А заборавив вчера да и спомнам на докторката дека веќе 2 недели не ги пијам Фемибионот Со тироидната немам проблем, баш правев ехо и испитував хормони пред да забременам, ок ми беа. Се нервирам само што не знаев за мутацииве од почеток, да почнев одма со метилфолат во прво тромесечие кога е најважно Си пиев обична фолна, исто и со ќерка ми во првата бременост. Тоа е што е, ќе истераме уште малку. Јас во трет триместар влегов и искрено едвај чекам да се породам веќе Вие сите уживајте си во најубавите три месеци
Ќе може ли некој што знае да ми каже што значат овие вредности што се намалени,зголемени и дали е добра крвнава слика за 20 недела?
За секој е индивидуално. Некои од моите вредности беа полоши од твоите, па докторката ми рече дека ми е супер крвта за бременост. Единствено обрни внимание на глукозата, може ќе треба порано да испиташ скриен шеќер ама секако доктор ќе ти каже најдобро. А може и си јадела нешто благо или јаглехидрати за вечера пред испитувањето. Вака горе доле се добри.
Да да за глукозата ми беше јасно зошто е толку, вчера во 19 јадев крофни па во 23 палачинка, скроз заборавив дека треба да одам крв да испитувам
@Sexybaby86 Те молам кога ќе бидеш во можност, види колку има Д3 во тие апчиња со калциум што ги земаш.
Не. Матичната ми рече да не го користам. Јас прскав само солен раствор кога бев затка. За некој ден ќе помине.
Јас да, во неколку наврати кога бев настината. Дозволено е ако ептен мора, јас стварно не можев да дишам колку бев затната, физиолошки раствор не ми помагаше воопшто. Ограничи ја употребата на еднаш дневно, пред спиење навечер најдобро и не повеќе од 2-3 дена.
Фала ви, ептен ме фати, со треска, со благо покачена температура и главата многу ме боли. Морав да земам Парацетамол, ама за Оперилот уште се мислам...
Денес цел ден осекам бодеж во долниот дел кај јајникот.14 +3 сум и досега ми се случувало ова ама еднаш,два пати во текот на денот.Дали сте биле во ваква ситуација,ме фаќа паника
Мешиња 15+0 сум! Денес бев за брисеви. Резултатите се во среда. Но, кај мене запримети матичниот светло зелен исцедок. Ми кажа да се измивам со медицинска сода бикарбона и вагинални капсули Polygynax ( само две). Дали има некоја трудница со слично искуство?
Мешиња ајде ве молам ние што сме второ тромесечие да си споделуваме тука мислења. Мислам дека труднички муабети е многу натрупана!
Јас уште два дена влегувам во трето тромесечје, секој месец правам крвна слика и до сега резултатите биле добри. Читам низ темиве дека сите нешто пиете витамини но јас ништо не пиам, ми вика матичната штом ми се добри резултатите дека немам потреба...
Polygynax samo dve poveke ne i jas gi stavav vo 13ta nedela bidejki isto imav iscedok ama bel a brisovite mi bea cisti,a pred da odam na brisevi nedelata bev nastinata
Јас денес треба да ги земам резултатите од брисевите. Ќе видиме дали се е во ред!? Дај Боже да е, бидејќи железото ми е мало па не ми треба уште стресови.
Женски, во вторник имаме закажано за втор скрининг едвај чекам да ја видам принцезава моја. Сакав да прашам тие што веќе го поминале дали е само ехо преглед како и првиот и од кога почнува да се мери цервикс и на кој начин? Имајте си убав ден
Да, детален ехо преглед е. Значи гледа и мери буквално се, секое органче, главчето со мозочето ги гледа детално, брои прстиња итн итн. За мерење цервикс - не мерат (барем кај мене) на секој преглед. Јас почнав 21 недела и досега 2 пати ми мереле. Еднаш кога бев на итна заради болки и повраќање и сега втор пат на вториот скрининг бидејќи се раскрварив од брисот. Според тоа си сфатив дека мерат само ако има потреба.