Јас така проверував секој месец вкупни протеини ако има промена тогаш се проверуваат албумини и глоболини.
Може не сме се разбрале, кај мене имаше протеини во урина што е различно од протеини во крв. Како и да е доколку има индикации и за такво испитување ќе знаам
Здраво, јас да ви се придружам, денес 14+2. Имам едно прашање, кога се прави втор скрининг? Сакам пак истата постапка, еден кај матичната, еден кај Димчев па да си закажам со време. На листот од Систина пишува, да дојде за два месеци (односно 20та недела) ама гледам тука по форумов дека 22ра недела правеле....
Јас сум 15+4 ,И мене ми рече Др.Лазаревски во 20. г.с. за втор скрининг и ме закажа кај Др. Петровска . А еве ве читам одите о как Др. Димчев незнам исто ли е и как него за аномалии на плодот?
Јас планирам втор скрининг кај др. Петровска, мислев да закажам на 19+3, дали е рано или да чекам полна 20та?
Јас отидов порано на полна 18та мислам зашто не правев приска. Мислам дека е подобро барем со полна 20та да одиш.
Ние денес правевме втор скрининг, фала Богу се супер сега за сега, ја видовме бебушка моја човече мало тешко 440 грама среќа
Денес ги зедов резултатитр од TORCH тестот,и ги имам сите антитела ,значи сум имала порано токсикоплазма и др вирус не знам како се викаше.Значи супер,зошто имам 4 мачки и не сакав да се пазам од нив и да ги ваѓам надвор зимава....гревчиња се.
Jas ke zakazam vo 21 nedela kaj Afrodita Stomnaroska taka mi rece i taa vo 21 da go napravam vtoriot skrining,a kaj maticniot ke go napravam porano
Јас денес ги добив резултатите од Нифти тестот . Сé е во ред , фала му на Бог. И да , се потврди и полот , девојче е. Макар што и докторот истото ни го кажа Среќна сум ќе си имаме ќерка . И сега кога веќе го направив Нифти нема потреба од Приските?
Дали е вообичаено во второ тромесечие да се јават болки во долниот предел, кај карлицата, каде што се спојуваат коските? Не знам баш прецизен термин... Последниве две недели доста ме боли, при движење, одење...
И јас пешачам , а почнав и со пренатал јога вежби...малку со страв во истегнувањето. 4кг сум поправена