Јас не пешачам заради воздухот. Имам симнато апликација за вежби во текот на бременоста ама кога ќе се вратам од работа само гледам да јадам и да го фатам креветот, воопшто не ми се вежба. А и јас сум поправена 4кг и грбот почна да ме боли и ептен паника ме фаќа
i mene mi e strav od istegnuvanje pa se mislam da odam so istruktor ama skapocki mi e 2400 za 8 casa mesecno,jas sum 2 kg popravena pesacam ama denovite ne zaradi veterot
Девојки што се испитува преку крв во 20та недела? Не ми беше добро и не ги ни разбрав во Чаир во лабораторијата. Ако било во ред нема да ми се јават а ако не ке ми се јавеле.
Единствено нешто што мислам дека можело да биде е хемостаза и д димери, да беше скриен шеќер ќе знаеше зашто 3 пати те боцкаат. Или да не била контролна крвна слика. Друго околу 20та не ми спомнале ни мене.
Хемостаза и д-димери испитувам на 3 недели, примам и фраксипирин, не беше за шекер. Ке ги прашам нареден пат кога ке одам. Фала многу
Пренатал јога од youtube или одиш на вежби некаде? За пилатес или јога? @Butterfly1107 Инаку и мене ме фаќа паника со зголемувањето на килажата
Не вежбам ништо, се движам кога ми се излегува или кога морам да одам некаде и гледам да испешачам. Денес сум 18+4 и поправена сум 1,5 кг досега. Само во меше растам
Блазе тебе Оли , како го контролираш апетитот? Јас добивам напад на глад , ми се јаде , на работа освен појадок што купувам , ѓеврек , бурек,пецива, до 14 час јас носам варено јајце , банана, јаболко...значи неможам кога ми се јади А не сум некоја јадачка 175 сум со 65 кг...е сега имам 69кг а сум 16+2.
Што знам, немам напади на глад ич. Станувам рано, но додека не испијам терапија, не јадам. Е само тогаш сум гладна и едвај издржувам додека седнам да јадам, но терапијата што ја пијам ми е на гладно и не смеам да јадам. Појадокот ми е околу 9-9:30, ако јадам леб јадам само тонус потпечен и тоа само за доручек, во остатокот од денот леб не каснувам. Бело брашно не јадам, ме дуе и ми пречи. Потоа до 12-13 часот не ми се јаде, појадокот ме држи сита. Од 13 до 15 јадам овошје како: мандарини, јаболка, калинка, киви, вишни, аронија, малини, бадеми, лешници, може да каснам парче печена тиква или нешто друго малку. Потоа ручам околу 17 зависи што има за ручек и не ми се јаде до 19, па ќе каснам салата, супа или чорба. Непосредно пред легнување никогаш не јадам, ноќе не јадам. Јадам лесни оброци повеќепати на ден и гладна ич не сум. И во 21:30 сум веќе заспана. Мерак за некоја нездрава храна немам, најчесто мерак ме фаќа за некоја манџа, потпечени зеленчуци Благо ништо не јадам. Ни претхно не бев јадач на благо, не сум ни сега. Грицки и такви работи не ме влечат, а чувам само соленки да имам за во случај ако ми се потслоши.
Ве читам се секирате за +кг а јас пак сум обратна.. денес 14+3 и место во + јас сум -2кг.. сите ми викаат место ти да одиш нагоре ти одиш надоле.. и со првото ми беше вака исто на почетокот ослабнав 2кг и цела бременост само +8кг ама тогаш многу поише повраќав од сега.. Не пазам што јадам, буквално што ми се јаде тоа и јадам.. и здраво и не здраво и газирано и благо и грицки и се.. здравје таму после нова година ќе одам на конторола па баш ќе прашам зошто малце почнав да се загрижувам...
Денес сум 15+1 и имам едно прашање Последниве денови мислам дека го осетив бебето. Вчера кога легнав вечерта на десна страна ептен го осетив како мрда и од страв се префрлив на лева и прекина Еве и денес на два пати го осетив. Чуството би го опишала како да имам риба во стомак и од време на време ја осекам како мрда Вие какво чувство имате? Бонус прашање е дали почнива да ве боли стомакот ако многу стоите? Приметувам кога пеглам максимум еден саат можам на нозе, одма после тоа ми доаѓаат некои грчеви и како нешто надоле да ме влече. Пред некој ден исто на прослава од работа саат време издржав стоејќи и ја збришав дома, многу непријатно чувство.