И јас така го осеќам од време на време како пуканка да ми пука во стомак а ова со стоењево јас поише од пола саат ако сум на нозе одма куковиte ме болат
Женски од вчера ме заболува стомакот на левата страна ниско цело време на истото место при вртење,станување, седнување, болката е нешто слично на воспалени мускули после вежбање. Нормални ли се или да си појдам на лекар?
Нормални се, се тегнат лигаменти, мускули. Полека врти се, станувај и легнувај, немој нагло. Ми се случуваше и од смеење да ме заболи така.
За чувствувањето на бебчето, уште не можам да рзликувам дали тоа кожата ме пецка или бебето мрда Се уште само како некое повремено пецкање го чувствувам. А за болки од стоење имам, во срамната коска, и тоа на момент силни, и ногата од колковите надолу како да ми трне понекогаш, што не знам дали е поврзано, само забележувам дека кога подолго стојам тоа ми се случува.
Епа ајде и овде да ви пишам. Среќна нека ни е новата година и да си дочекаме радости во неа! Поздрави и прегратки до сите !! Јас се осеќам како казнета.. Телефонот ми се расипа, лаптопот ми остана дома во Штип и сега баш немам што да правам. Ви пишувам од туѓи телефони... Се надевам сите сте добро и дека добро поминавте за Нова Година. Еве јас позајмив неколку книги да читам за да не се досадувам. Утре сакам да прошетам по книжари и да си купам некоја книга за идна мајка, некој прирачник или нешто такво. Ако можете и ако знаете препорачајте ми нешто што ќе ми биде корисно и интересно во исто време. Поздрав и имајте убава вечер и мирен сон.
Тироидната ми беше малку покачена,па ја зголемив дозата и сега не е ко шо беше деновиве.Можда е од тоа.Сол малку јадам.
15+6 сум и последниве денови после ручек до вечер ми нараснува стомакот. Не знам што се случува. Мм ме зеза дека ми изгледа стомакот на 7ми месец. Гасови си имам нормално ништо претерано.... А и тврд го осеќам стомакот.
Јас уште од сам почеток ги проверувам, од почеток на 4ти месец примам фраксипирин поради покачен фибриноген
Да, па има исклучоци затоа и пишав рутински како е, а ако има потреба за порано доктор ќе и каже, да не си помисли членката дека пропуштила нешто.
Така е. И мислам само во Македонија секоја втора трудница се боцка. Во Бугарија имам другарка кај нив само д димери по 24та недела, протеини редовно, фактори на хемостаза не, генетските мутации исто не, но им даваат метилирана фолна и метил Б12 уште на сам почеток. Секаде и со секој пациент е различно. Само да ги слушаме гинеколозите на кои им веруваме и со позитивна мисла да истераме сите до крај ❤
Девојки од денес 22ра недела. Дали се нормални болки во стомакот како со игли боцкање ниско долу и околу стомакот, тежина исто осеќам под папокот во тој дел кај што е бебето. Претпоставувам од што се шири матката но пак да си прашам, прва бременост ми е