И на скрининг докторот како што ги гледа органите го гледа и срцето.Се било ок .А Драшко си го гледа срцето и цел преглед само е за тоа.Јас првата бременодт близнаци бев зашто 2 не се гледаше се заради ограничен простор.Сега ќе чекам после 2 скрининг и мислење од Димчев дали да правам или не.
Здраво, јас сум 19+2 моментално. Нека помине уште некој ден и ќе одам на втор скрининг. Не знам како сум се погодила таква неодговорна, последно на преглед сум била на 4 декември... Инаку ме интересира што друго се испитува периодов после 20-та недела?
Не си неодговорна И јас бев на 9ти декември и следен преглед ми е за две недели. Вообичаено после втор скрининг до кај 27 недела се испитува скриен шеќер, д димери, хемостаза и денеска прочитав на форумот ехокардиографија ама колку што сфатив само доколку ти каже докторот.
Каj секoj е различнo. Мене мojата матична не ме прати на никаквo испитување oсвен редoвна кс и втoр скрининг. Не правев ни скриен шеќер ниту д димери. Наjверojатнo зависи oд самата бременoст, вoзраст и сличнo...
@Jana06 овие задолжителни се? Јас знам дека повеќето трудници ги прават. Ама јас кај матичната воопшто не сум била, ќе се префрламкај друг, и другиов доктор не ми кажал ниту за Приска ниту за овие работи. Постојано го прашувам бидејќи знае дека само кај него одам. Ми вели ако има потреба од нешто тој ќе ми кажел. Сега на скринингот ќе го препрашам пак. На моја пријателка која се породи пред една година и кажал дека само скриен шеќер треба да провери, за другите работи не и кажал бидејќи немало индикација дека можеби не се во ред. Таа на своја рака ги испитала, за мирна глава. Инаку кај нас д димерите не ги испитуваат, ќе морам за тоа да одам дури до Скопје. Ако не ме тера докторот не ги испитувам. А за скриен шеќер ќе си проверам секако бидејќи може секаде.
Па мислам дека не се задолжителни, мои другарки породени пред 5-6 години ништо не испитувале освен една скриен шеќер. Приска ни јас не правев. Д димери и хемостаза правев и не беа баш добри, сега за 2 недели пак ќе испитувам во друга лабораторија да видиме до кај сум. Скриен шеќер секако ќе испитувам зашто и претходно си имав проблем со тоа. Мислам дека повеќето испитуваме за мирна глава
Што е тоа хемостаза? Не сум баш упатена.. Никој не ми спомнал.. Ти викам дека сум неодговорна... И крвна слика не сум правела од 12та недела... Од вена ми земаа крв.. Сум слушнала дека земале од прст потоа.. Секако на приватно испитувам, што да кажам што да ми проверат? Нели седиментацијата не била важна. Знам дека за железо е важно да не ми е паднато..
Испитувај си крвна слика секој месец, мене ми земаат од вена зашо ми е страв од прст Еве ти со слика јас што испитував ама можда мене ми рекоа за ова зашто сум едно 10 години постара од тебе Прашај си секако.
Крвна слика јас правам редовно еднаш месечно по препорака на матичен гинеколог, хемоглобинот се уште ми е добар 125 на последната анализа (инаку сум 16та недела), но ако ти е под 110 тогаш треба да провериш серумско железо. Исто така крвна група и рх фактор доколку не си проверила до сега.
Крвната група и РХ факторот си ги знам, но сепак морав да ги проверам за да имам документ. А каде боцкаат, прст или вена? Прашувам за крвна слика
2018 кога се породив во приватна клиника пак ми правеа крвна група иако имав документ која сум,рекоа сегде било процедура пред било каква интервенција да се направи крвна група.
Мешиња знаете ли во Синлаб до колку саат боцкаат? Сестрата кај док ми рече до 19 ама ја ко што знам од вена треба на гладно да се боцка.. и исто дали со упатот (од к.вода) ќе ми прават проблем да одам во аеродром во тој синлаб? Касно видов дека ми е за во к.вода упатот
Јас секогаш одам накај 12 треба да е на гладно, а упатот е за било кој Синлаб без разлика шѕо пишува за Кисела Вода, и мене Личовски секогаш ми го издава за К. Вода а одам во Аеродром.
Да, но јас веќе испитав. Знам дека сум нулта негатив и гинекологот кажа да си имам документ бидејќи во 27ма недела треба инекција да примам.