Другарке јади месо, месо! јас не јадам ништо од зеленчук, алергична сум скоро на се. брокула во животот не сум пробала па крвта секогаш супер!
Пишав и во труднички муабети ама нервозна бев во тој момент. Сега посмирено и тука да се искажам. Имав пишано во повеќе теми колку проблеми имав со матичната, како не сакаше ни брисеви да ми земе. Два пати бев само кај неа, си терав кај друг доктор. Еднаш ми зема брисеви и ги носев во државна, пишуваше да ги повторам бидејќи немало доволно примерок. Таа ми се правеше паметна дека сигурно имам кламидија штом така напишале на микробиологија. После недела дена пак отидов за брисеви и не сакаше да ми ги даде да си ги носам јас на приватно, ме тераше на неа да и плаќам таа да ги праќа. Се спукав се скарав со неа ме тераше приска да правам и да и плаќам на неа 4200 за тоа, а другите двајца доктори што ги посетував ми рекоа нема потреба да правам приска. Гледав дека само бизнис сака да прави и кога ми зеде брис ме гледаше и на ехо и не можеше срцева акција да најде, ме потресе скрос.. Не е стручна воопшто веќе е многу стара и со нервите изгледа не е како што треба. Ни скрининг не сакаше да ми прави без приска. Од тогаш воопшто не ни отидов кај неа. Ми се јавуваше да и однесам се што имам документи од бременост и анализи што сум правела и требале да ми стојат во картонот. Не и однесов ништо дома ги чував. Кај неа имав само резултати од првите брисеви. И така јас вчера влегувам во ординација кај неа и на сестрата и давам книшка, ми дава картон, јас во чекална си седнав и си го отворив картонот фино лепо си ги украдов резултатите и на сестрата и велам : абе ај утре ќе дојдам немам време сега. И си бегав од таму Денес си бев на преглед кај многу подобар доктор и го замолив да ми биде матичен. И така од денес ќе си терам кај него. Си добив и мајчина книшка, ми мереа притисок, ме ставија и на вага. Сега барем помирна глава, ќе бидам во добри раце, кај добар доктор.. Загрижен беше кога виде дека имам покачени леукоцити во мокрача и ми рече белото прање исто може да е проблем. Ми препиша Полигинакс и така сега ќе се лечам, па за две недели ќе одам скрининг да направиме и да ми земе брисеви. Инаку ми мереше и цервикс прв пат, рече добро е, плодова вода имало доволно, бебето супер се развива. Според последна менструација сум 20+0, според мерки на ехо бебето одговара за 20+5. Тежело 360 грама и главно било добро. За килажа малку се плашам и се замарам.. Многу покачив..Ама докторот овој пат ништо не спомна за тоа, осеќам дека на следен преглед ќе ме искара... Крвта ми рече добра дека е ама јас баш не ги разбирам тие резултатите. Ни потврди дека ќе имаме синче, се израдувавме пак хахах. И во 15 недела кажа дека е машко, ама не беше сигурен, сега со сигурност ни потврди. И така сега ќе чекаме 2 недели да поминат,па ќе чекам испитите да ги положам, после ќе чекаме свадбата да ни помине, и после конечно ќе можам целосно на бременоста да се посветам. Јас всушност и сега само на бебево мислам, ни факултет ме занима, свадба па ич не сакам да помислам.. ама тоа е не можам на никого да се објаснувам, кога купував пред некој ден облека за бебето сите од фамилијата ме погледнаа чудно и ми кажаа дека тоа сега не било приоритет ,да сум се фокусирала на свадбата. А јас околу свадбата воошто не се замарам, ништо немам завршено, а има уште еден месец до свадбата.. Искрено не ни сакам да ја правиме, но старите наши напнаа.. Но се ќе се издржи ,само бебето да ми биде во ред друго ништо не ми е важно..
Девојки, како ви е спиењето? Мене последнава недела ми станува се потешко, се вртам по сто пати во сон, се будам... Не ми е згодно никако. Си викам како ќе биде во трето тромесечие?
Спијам 8-9 часа, но со триста превртувања, станување за вц. А најголема мака ми се болките во колковите од спиење на страна, тоа намногу ме убива и ме буди. Но ќе издржам, ништо не се 9 месеци што и да ме боли и да ми пречи во споредба со убавините после 9-те месеци.
Ехе во второ спиев колку толку,ама во третооо Ја тргам перницава за трудници ќе ме изнервира,па станувам на пола вечер си ја враќам-без неа па ич не бива.. болат колкови,па срамната коска,тежии стомак и после некое време си подстанувам и така спијам во полулежечка позиција,па се доукочувам и горе и така у круг Се се издржуваа..
Како ми се спие само да знаеш ама со уште двајца палавковци кога ќе станат во 2 часот и до 4 сакаат да се играат .
I jas pijam kakao po 3 obaveznoo na den a aronija ja kupuvam zamrznatta od kam posto sveza nemozam da najdam jadam i med so kopriva ke vidam kako ke bidam za 1 mesec, naut jadam mnogu na rabota obaveznoo imam pred mene max davam pa ke vidimi shto ke bide
Денес 18недели. Официјално 5ти месец Цела недела уназад, три прсти од десна рака ме будат зашто ми трнат. По два три пати во ноќта. Не ми е јасно зошто? Секогаш само тие три....
Јас 2*400 матичниот ми даде бидејќи имав многу болки, а трпнење пропратно ама тоа се трпи. Прашај да не ти биде мисла
Мене како укочени ми се ама јас се боцкам со фраксипарин и мислам дека е од циркулацијата и се заборавам да прашам лекар.
Јас ги пијам кесичките од Алкалоид со б6. Докторката ми рече дека слободно можам и 3 дневно доколку имам болки, трпнење или ми се укочуваат нозете.
Исто е и кај мене со прстите, како реума да имам. Баба ми вика исто и било и нејзе ама таа има 70 години. Веројатно ни фали магнезиум па затоа.. Ама земи магнезиум цитрат, мене ме советуваа во таа форма. Обичниот многу малку се апсорбира во телото.
Истиот проблем и мене ме мачи. Само што кај мене почна да прогресира, па и во текот на денот кога раката ја држам во одредена положба се јавува, а без некаква причина чувствувам благо трнење на врвот од прстите. Гинекологот вика од отоци се јавува трнење... Ама јас се мислам циркулација е во прашање, не знам дали да инсистирам да направам д димери? Пијам магнезиум, ама не помага.