Е ако може да излезат високи д димери... наебав на чисто.. Оф леле ме уплаши сега цела ноќ нема да спијам. Многу страв имам од игли.. леле ако треба клексан да боцкамм... многу печело ми имаат кажувано....
Не се секирај, не се плаши Жал ми е ако те вознемирив, но сакав да споделам со вас, зошто лекариве не ми помагаат многу. Инаку, сите поминуваме низ истото, ќе биде се добро! Имај убав ден!
Ако треба, ќе го надминеш стравот. Ништо не е страшно, повеќето боцкаме во текот на бременоста. Тоа печење се издржува, не е некое што е престрашно, башка кратко трае. Без паники, сè што треба за твое и за доброто на бебето, тоа ќе се прави.
Синоќа ја ставив претпоследната вагиналета, вечер треба уште една.. Каква борба беше... Многу ми е тешко да ги ставам сега ептен ми пречи стомакот и не можам убаво да ги ставам... Земав и апликатор, со тоа е малце полесно, ама пак не е тоа тоа.. Нели треба да ги доближам колената за да можам да ја ставам. Во 15та недела без проблем ставав, сега не оди.. Со оглед на тоа што стомакот е поголем во второто тромесечие мора да е потешко. Но читам некои и во трето тромесечие ставаат вагиналети... Како да си олеснам?
Душата ми се стопли денес, бевме во ГАК на преглед и конечно бебушка ја видовме убаво, се се гледаше совршено. 776 грама е тешка 25+4 сме, докторка презадоволна а мене срцето полно.
Јас срам не срам ми ја ставаше ммПрво не му беше сеедно,но све за беба..Со средниот прст до крај и јас затварам нозе и во кревет.Јас сакав сама, ама кога и да се дофатев правев притосок и ми беше страв.
Тоа сакав да го пишам, каков срам од маж И мене ми ставаше едни вагиналети лани, одма се топеа и лом се правев додека легнам.
Аа не јас го бркам надвор, после му кажувам како сум се мачела. Он појма си нема од такви работи. Еднаш ме гледаше како ставам, пребледе од страв, ќе сум си направела рани..
Ако му е страв од тоа, нека стави кондом на прст или со апликаторот нека ти стави тој. Друг начин пред спиење легни на грб, свиткај ги нозете во колената раширени и пробај така.
Јас денес правев амниоцентеза. Мој беше изборот и за сите што се двоумат ,не боли и трае кратко 1 мин.Само да си отидете кај добар и искусен доктор.
Кога вашите мажи прв пат го почуствуваа бебето? Мојот само става раце, со глава се потпира со надеж дека ќе осети или слушне нешто
Мојава девојка инает голем е. Мрда цело време, дури и ми потскокнува стомакот кога мрда. Јас од пусти мерак од кога ќе мрдне чекам да ја снимам како се помера, нема абер тогаш. И татко и кога ја става раката мирна е,не сака да мрдне. Жал ми е за маж ми, чека само, таа не му мрда
Јас и ти исто сме со неделите нели? Мене ми рече матичниот дека сум многу слаба затоа ги чувствувам , баш и денес му реков, чудно ми е толку да ми се познава кога се помера а само 200 грама е. Рече поради тоа што си слаба повеќе чувствуваш. Го чувствувам од десна страна кога оди на средина, и на допир се осеќа кога се собира како топче,ќе удри, па ќе се исправи.. ама највеќе ми се познава кога лежам на грб. Нели кога лежиме стомакот е рамен и само топче ќе се појави на страна. Обично кога сум гладна. Нагалено почнав топче да ја викам
И моево палаво пиле не мрда кога мм ќе ја стави раката. Мрда, прета и кога тој ќе стави рака, прекинува. Само што ќе се тргне, почнува пак да клоца. Активен е дење-ноќе, убавина ми е кога мава
Да да тука сме некаде. Јас сум денес 19+2. Јас не сум во слабичките Во одење/стоење не го осеќам само кога ќе легнам или кога седам