Исто и маж ми, нон стоп чека да го почувствува и само еднаш бебето му даде знак се надевам следниве недели дека почесто ќе може да го чувствува. На апликацијата What to expect викаат може да се проба the flashlight test, со блиц да му се светне на бебето за да мрдне
Од 16 до 20 недела ,јас во 17 ме боцна Др.Димчев Систина а материјалот сама си го однесов во ману со упат од матичен гинеколог
6300 само боцкање а ману со упат 700 ден.За во ману освен плофовата вода и крв од вена една епрувета треба јас не носев таму ме боцнаа.
Да ве прашам сакам дали на некоја и отекуваат нозете и кога почнува тоа? Свадба ќе имам за 20 дена, океј сум сега, ама свекрвата досадува да сум земела уште едни штикли поголем број. Овие ми се тас таман, малку петата ми излегува, а на прстите точни ми се. Ако земам поголеми нема да можам да одам ќе ми излегува ногата..
Тоа секако ќе земам, имам дома нови балетанки. Ама за преку ден кога ќе одиме во матично и црква, па и за фотосесијата. Не знам дали ќе можам да ги облечам штиклите.
Да бе, ти за својата свадба се спремаш Па не мораш сега да купуваш кондури, почекај и ќе ги земеш некој ден пред свадба, ќе видиш како ќе си со нозете.
Купени ми се.. Морав да ги земам едвај најдов ниски и згодни. И за пробите за фустан ми кажаа со штиклите да одам за должината да ми ја направат.
Е па тогаш вториот пар ако имаш потреба ќе го купиш, не предвреме. Ако пред свадбата ти се смалат овие што ги имаш, тогаш ќе земеш, не сега.
Јас во првата бременост многу отеков ама ,отоците ги добив крај на 8 ми почеток на 9 месец и плус беше многу жешко времето .Мислам да не зимаш поголем број туку како што ти пишала Оли да си земеш балетанки ако ти се уморат нозете да си ги смениш штиклите со балетанки
Мене искрено нозете на секоја свадба ми биле отечени од штикли Потекував и јас претходните 2 недели, намалив на благо и сол, почнав да пијам вода по 3л минимум и сега сум добра. И јас сум за балетанки резерва да си земеш, а не штикли. Секако не треба да си долго време на високо.
Јас сум 21 г.с. и те како ја осеќам мојава принцеза, особено кога лежам ,здивот ми се зема . Кога сум поприлично опуштена движењата дури ме потресуваат...ама убаво ми е да дава такви знаци . Кога сум на работа , а и кога подолго време зборувам, ми се случува да немам воздух е ме фаќа паника, излегувам на балкон само да допрам до воздух.. Вас ви се случува ли нешто слично?
И јас го осеќам син ми, некогаш посилно, некогаш послабо. 22+1 сум и мислам дека е нормално и јас губам воздух, се задишувам и кога не давам никаков напор. Некогаш при зборување, некогаш од ништо. Ти изгледа посилно ги осеќаш движењата. Сум зборувала со други трудници, и тие така се потресувале кога ќе дадело знак бебето. Јас не чувствувам толку силно, можеби понатаму ќе почне посилно.
Само што го направив вториот скрининг јас сум 21+2 а бебето одговара на 20+3 докторката ми рече дека нема место за паника не е страшно добро напреднува.за скриен шекер ми рече да проверам обавезно ради тоа што плодовата вода ми е многу горе.
Петокот го направивме и вториот скрининг! Срцето ми беше полно кога го видов синко. Слава му на Бога сите органи се во ред, има плодова вода, добар проток на крв од папочната врвца. И докторот ни кажа дека имаме немирно бебе.