И јас имам мака, посебно со левиот колк, најчесто спијам свртена на левата страна и ноќе се разбудувам целата вкочанета, па ми треба еден саат пак да заспијам, па дури сум заспала во вц ми се приодува и така на рати. Магнезиум пијам и јас ама пак си боли. А времето од ден за ден, некојпат побрзо, некојпат поспоро, си барам занимации
И мене уште од сега ме болат,а тек 16та сум. Како и да е си спијам и на стомак убаво ми е. Се будам со грижа на совест ама најзгодно ми е така
И jас така спиев дoктoрката ми велеше да не се секирам дека ништo не му е на бебетo. Какo расте стoмак и да сакаш немoжеш да спиеш.
До 7ми месец си спиев на стомак, не скроз ама онака опуштено без да ми смета нешто, оти и не ми беше мн.голем стомакот до тогаш, е од 8ми навака почна нагло да ми расте и да сакам не можам да спијам на стомак, еве пробувам и не бива, мора на страна со колкот што викате и после боли, па на другата страна се вртам и таму боли колкот и ко да видеш ни спиена ни одморена.
Женички од која недела ви проверуваат должина на цервикс? Јас сум 14 + досега не ми провериле на контрола сум тек 18 та ,примам утрогестан сабајле и вечер вагинално имате сознание дали утрогестанот го држи цервиксот долг или ? Така како да прочитав некаде или се лажам?
Чао второ тромесечие, од денес влегувам во трето Второ ми беше супер! Си шетав, си купував работи за бебето, енергија имав. Настрана што се изнаодев по контроли, во убаво сеќавање ќе ми остане ова тромесечие. Едвај чекам да помине времево и да си го гушнам пиленцето
Здраво на сите, јас сум нова во форумов. Сакам да ве прашам и вас, бремена сум во 17-та недела и веќе 4 недели имам проблем со затнат нос, онака баш ме гуши, имав и панични напади. Првин мислев да не е настинка, па користев морска сол, разни спрејови на природна база, но сепак не е ова продолжува, бев кај оториноларинголог и тој се сомнева на алергија, меѓутоа еве веќе 5 денаа сум на терапија (Zirtek таблети, спреј аква мариис за алергија и магичниот Мералис спреј за нос којшто само двапати во тек на денот го користам, пред спиење обавезно бидејќи без него нема спиење). Сега читам на интернет и гледам дека може поради хормоните во бременост вакво нешто да се појави, па би сакала да прашам дали некоја имала ваков проблем, и доколку да, колку долго траел? Ви благодарам однапред на сите.
Од почеток на вторава бременост сум со затнат нос , 16+ 4 сум и од искуства што сум слушала може да си трае до крај до пород. Така да гледај спиј на повисоко, обично мене така бар малку ми е олеснето дишењето...
Оф, со вака затнат нос/синуси што и да е не можам ни да стојам, ни да седам, само при движење малку ме одзатнува, може кај мене нешто друго е, јас вака не спијам, од што ме гуши панични напади добивам.
Знам како ти е, не смееме ништо освен солена вода, не си различна, се мислам ќе се угушам у спиење, и воопшто не сум можела да дишам. Десната страна ми е константно затната, среќа левава некад ми пушта па така терам.
Јас сум со затнат нос веќе повеќе од 3 години поради синусите,мора да се навикнеш и дишеш преку уста само,мене носот не ми е затнат само кога го дувам после пет минути па ми е.
Со лесно Оли! Уште малку и ние ќе ти се придружиме И јас сум со константно затнат нос послениве месец дена, прво мислев дека ме фаќа некоја настинка/вироза, ама не е, туку изгледа е од бременоста... И мене ми е непријатно за спиење, користам Аква марис и инхалатор, колку- толку олеснува.
Леле како лета времето,како вчера да беше кога те читав за тестовите после ивф што ги правеше... Се дружиме и во трето за еден месец