Баш како вчера да беше кога го ставив тестот, не ми се веруваше дека е вистина. Ве чекам во трето, брзо ќе помине времето
За спиење, спијам како топ, ама имам перница за трудници од претходната бременост, максимално си ја искористив. Кога не сум трудна маж ми ми ја краде. Не се мачете, купете си раат е
Од денескаа ќе се дружиме и ние со Вас па ајдее што следува во второ тромесечие малку некој совет ? Денеска ги земав резултати од општа крвна слика ми кажа малку мокраќа ми е заматен и ме праша дали мокрам често викам па да можеби заради бременоста аа вика тогаш нормално е, да беше бактерија вика ќе покажеше. Па не знам некој совет ? Убаав ден <3
Најлесно е во второ, опуштено е. Имаш време да си се информираш околу бебето, купување облека и се што ти е потребно. Само некако многу испитувања има, крвни анализи посебно ако нешто не е како што треба, па контроли... Може мене така ми се погоди дека резултатите од димери и шеќер не беа баш ок ама дефинитивно второ ќе го памтам по лабораториите За мокрачата и мене еднаш ми беше матна, ништо страшно само повеќе течности треба да пиеш, обично ако си дехидрирана е матна. Уживај сега
Чао Оли и со среќа ! се гледаме за неколку седмици...и мене многу брзо ми помина бременоста до сега, ко во сон .
Дали пиете кафе?јас пред да останам бремена пиев по две на ден,денес сум 25та недела мирисот на кафе неможам да го смислам,какао пијам.
Јас пред да останам бремена обожавав кафе си пиев по 3 на ден сигурно ,ама и во првата бременост и во оваа сега неможам да го помирисам ,а не да го пијам ,повремено два три пати неделно знам да се напијам капучино во замена за кафе .
Откако останав бремена , кафе неможам да поднесам, само како на краш, најубаво ми е , а и за железото е добро . И да си си пожалам еве веќе 3 ноќи по ред, неможам да спијам. Дали дека спијам на грб, ме затега од кај бубрезите преку стомак , и ме боли неможам воздух да си земам. Ама само навечер денски нема гајле . Денски сум зомби.
Јас ни претходно не бев зависник од кафе, наработа пијев нес 2 во 1, дома за викенд си правев турско така голема шоља за мерак. А баш приметив баш кога останав бремена тој период ми се гадеше не го поднесував турско а еве отпосле дознав до што било, сега си пијам 2 во 1 со млеко на работа и кога излезам ладно нес.
И јас не можев да спијам ни во прво, ни во второ. Дури сега во 30та недела почнав да ги спијам 8 саати со 3 пати станување за во вц и вода да пијам. Легнувај си на страна и стави си перница позади тебе за да не се вртиш на грб во спиење.
Женки сега приметив. Сабајле наместо вит.ц сум се напила аналгин Значи незнам како сум можела да згрешам!!! А нит ме болеше нешто денес ниту ништо. Бар глава кога ме боли да згрешев Имам страшна грижа на совест за бебињата. 17+1 сум. Срам ми е веќе кај матичната да ѕвонам за вакви ствари, ваљда нема да им наштетам нешто Ми иде да скокнам од 3ти!!