Не е проблем. Се надевам се смири малку. Таква е болката како што опишуваш и особено се јавува при нагли движења како кашлање ,смеење, кивање,свртување нагло во кревет, при одење .... Чат пат и јас мене ми се случува. Ајде само убави мисли ,позитивно . па пиши како си поминала на прегледот.
Да, кога ми се случува тоа, пробувам да сменам положба на седење/лежење или да поодам малце низ дома. Понекогаш помага понекогаш не.
Нормално е кога си бремена да се заморуваш повеќе, како напредува бременоста и потешко ќе станува, не дека те утешив, но едноставно треба да си го слушаме телото во овој период, не можеме исто да сме активни како претходно, и истата работа што сме ја завршувале лесно и без проблем претходно сега може да не умори прилично брзо. Кога ќе почувствуваш дека телото бара одмор, не форсирај, седни или подлегни, ќе завршиш кога ќе можеш Ајде еден update од мене, бевме на втор скрининг пред некој ден, бебушка е добра, органчињата ги гледаше матичниот рече дека се е во ред, се си функционира како што треба, тежина измери 450гр што ми се виде како малку со оглед на тоа што јас сум 8кг + кои почнувам да ги чувствувам дека ми тежат и брзо се заморувам посебно по скали или угорнина. Ќе почнам да внимавам повеќе на исхраната, повеќе овошје и зеленчук, а благото мора да го намалам некако, иако единствен порок ми е Денес полни 23 недели
Поминаа 10 дена, малку ми беше подобро, еве ми дадоа уште една тура, само сега земав Аериус таблети, па да видиме, никогаш не сум била алергична, не знам од што би можело да биде, од што бев загрижена многу не прашав дали смеам алерго тест да правам.
Бев денес убаво поминавме, и докторот рече дека лигамети и мускули таква бола прават ништо страшно а вика и дека цело време напон си давала за повраќање и тука се си има така да не се плаши ок е.И така добри сме
Здраво сакам да Ве прашам дали сеуште отиде често во тоалет односно ве тера на мокрење мене сега мислам дека и повише отколку во претходен период?
Мене многу често како претплатена да сум во тоалетот на работата,а истото ми се дешава и во текот на ноќта да станам по 2-3 пати
Јас често одам во тоалет! Направени се брисеви и уринокултура и тие се во ред, така што инфекција или бактерија се исклучени. Вчера ми се одеше во тоалет и бебе на два пати ме клоцна ептен ниско долу. Така да сигурно и бебињата притискаат.
И мене др ми го кажа истото. Правев брис и уринокултура поради бактерија претходно и во ред беа а многу често одам во тоалет. Потоа кога го гледаше на ехо беше баш таму некаде сместено за да ме тера да мокрам хахахаха јас кога и да помислам да не ми се оди во вц, ми се приодува хахаха
Се е во ред, ми го закажа за еден месец вториот скининг во 20та недела. Тебе кога ти рекоа за втор скрининг?
Супер и мене ми рекоа за тогаш 21, 22 недела само што јас сега во вторник ке одам пак ради конзилијарно, а да за прегледи прво одев на две недели е сега на 1 месец.
Сакам само да споделам, сигурно има друга група на оваа тема ама сакав и тука да се изјаснам.Денес бев чисто да направам крвна слика проверка еднаш месечно и викам ај и д-дмери да проверм онака по што до 12 недела примав клексани и од тогаш немав проверено а и никој не ми напомена.И денес дојде ред проверував во Авицена , ми стига резултат во 16 часот д-димери 1800 одма ме фати паника и во истиот момент отидов во Биотек да прверам тие пак ги даваат резултатите за 1 час. Некаде околу 19 и 30 ми стигаат резултати д-димери 1100 .Стварно да незнае човек на кого да верува.Во ист ден правена проверка два различни резултати што реално не е мала разликата.
И јас да споделам Денес бевме на преглед, 16+2 сме, бебка супер напредува и дефинитивно е женско . Исто и резултатите од nifty се добри, па сега може малку полесно да се дише
A колку плати во авицена? Јас треба да проверувам и гледам ценовник ама не знам што од тоа наведено се се проверува.. чисто да знам дали да зимам упат за на трансфузиологија
Одете на државно за испитувања. Во синлаб правев две крвни слики на размак од 3 дена скроз различни искочија. Па дури и урината беше различна, а во меѓувреме правев урино култура таа испадна чиста.