Јас на почетокот споредував и биотрк излезе поточна лабараторија. Оти ми излегоа во болница и биотек 170, а трансфузија 1100... и затоа на биотек и верувам
Ццц немам коментар! Јас изгорена од Авицена, не сакам да стапнам таму 2 години скоро, си одам во син лаб демек добри биле. Разочарување скроз. Јас незнам што прават и што мислат лабараторииве
Да ти кажам искрено да си земеш упат за на трансфузиологија.Зошто Авицена веќе никогаш.Ова им е втор пат претходно со тсх ми се случи исто каде што следниот ден отидов во ординацијата кај што одам за тироидна и им ја кажувам работата викаат не им се во ред апаратите.Во рок од еден ден тсх во авицена ми излезе резултат 4 а ваму 2 .И тоа примав покачена терапија.Сега еве исто пак 1800 со 1100.Не дека ова 1100 е ниско ама пак не се споредува гледав дека во второ тромесечје до 1200 некаде се димерите а во трето до 1700.На контрола сум во вторник ама ќе пробам да се чујам со докторот да му кажам па што се мора мора се.
Сега во бременост испитував во доста лаборатории. Д димери и хемостаза испитував на Трансфузиологија и Ремедика и имав исти резултати и крвна слика на Трансфузиологија и Синлаб со исти резултати. Така да, овие 3 лаборатории според мене се добри.
Здраво женски. И јас официјално да се пријавам во темава. До сега пишував во поддршка и спонтан, но конечно сум за тука. Поради мојата неубава историја уште сум преплашена и покрај тоа што ја терам 16та недела, скоро 17та и сега за сега е во ред. Правев и нифти,ок е. Секоја недела по нешто има да не седам раат иако генерално добро се чувствувам па затоа да ве прашам. Сега најново нешто што не ми дава мир е болка долу меѓу нозете што ја опишувам како да сум возела точак мн долго време. Кога седам и лежам немам ништо. Болката е во одење, вртење во кревет итн. Сабајле исто немам мака ама после работа и седење долго, не ми е баш пријатна. Пијм магнезиум 2 пати на ден ама не ми помага којзнае колку. Сакав на преглед за недела ипол, бидејќи бев пред недела ипол, бебечето си беше таман и горе. Цервикс ми мереа во 12та недела, беше 43, ми рекоа наредно во 18та ќе ми мерат. Ќе одам поскоро од недела дена ако стане алармантно ама дали некој ја имал болкава во препони и срамна вака рано?
Јас приватни лабс НЕ ВЕРУВАМ ,поради лошо искуство. Си одам во Систина , а лабс исклучиво на државно .И не сакам да правам споредби. Вчера на трансфузија проверував Д димери и хемостаза. 26г.с. сум И д димери ми е 751.59 (реф.вредности 0-500) со доктор се уште немам направено консултација. Но сметам дека е ок.
Мене најмногу ми го гледаат активно парцијално време. Ми рекоа дека тој бил најбитен. И гинекологот и трансфузиологот.
И кај мене исто, димерите 3 пати по ред ми се 500, но имам скратено активирано парцијално време, и ми ја продлжуваат терапијата
И кај мене од трите фактори на хемостаза тромбинското време ми е постојано пониско, најниска референтна вредност е 16, а мене ми е 12. Другите ми се добри, исто и д-димерите. Но, докторите ми велат дека нив им е битно само активирано парцијално време. Јас примам клексани заради вродена тромбофилија, и до крај ке треба да ги примам.
Ај ваше мислење,Тања вели во нормала се ама читајќи ме фаќа страв дане треба да примам терапија,а Д димерите се 450
Анета убаво би било мислење и од трансфузиолог да имаш, пример за мене ќе ти пишам. Имав високи димери при првото инвитро до 1400, неуспешно, несмеам аспирин да примам оти крварам од него. Заради циркулацијата морав да примам фраксипарин, но покасно ми го вклучија, дури по позитивен тест. И затоа овој пат примав уште од втор ден на циклус, пред трансфер, до 12 недели обавезно ќе примам, може и до крај. Битна е и фамилијарната анамнеза, затоа битно е и трансфузиологот да каже дали треба или не фраксипарин. Кај мене мора заради хиперкоагулабилна состојба и ризик од тромбоза, и во фамилија имам мозочни удари околу мојата возраст на мои блиски. Имам ризик и затоа морам да ги примам. Да смеев аспирин бидејќи немам мутации немаше да примам фраксипарини, но морам бидејќи само тие не ми прават крварење.
Истото го чувствувам сега. Овие 3 дена. Но го чувствувам скроз доле, кај папокот сеуште не. И што испадна на крај? Тоа е тоа или? И јас незнам дали се бебињата ...18+ сум
Епа бебињата се Прво се нежни удари,а после ќе осетиш посилен и ќе знаеш дека тоа е тоа Исто и јас сум била 17-18та тогаш...ах ми фали тоа чувство