Оффф дај боже да се они Ама неможам да ги наречам удари, затоа што чувствувам само како вриење скроз доле на почеток на горниот дел на вагината. Тенкс
Девојки Среќен 8ми Март , да се пријавам и јас во оваа тема 17+1 сум , вчера бевме на преглед докторот рече крофна е дека се е ок и следно по 5 недели за втор скрининг. Тоа иде 22ра недела да не е касно или таман е ?
Здраво и добредојде Таман е од 20-24 недела е втор скрининг. Со лесно, да си имаш убав остаток од бременоста. Пријави се во термини на породување да те пишат и таму
Дали има денови кога послабо го чувствувате бебето? Вчера и денес некако млитаво ме мава по еднаш/два пати од време и тоа е. 25+1 сум
Да, и јас така понекогаш, баш пишував за тоа пред неколку денови. 2,3 дена ептен слабо мрдаше.. Баш кога бев на контрола прашав. Рече докторот дека има периоди кога бебка спие повеќе и затоа е така, не е опасно Инаку 24+0 сум
Јас уште два дена ве дружам во второ тромесечие,моето бебе е ептен активно навечер неможам да спијам од што многу клоца
Со една нога сум за во темава, или веќе сум за тука, не знам. Од утре 13+1 сум. Договоривме прв скрининг за во петок Едвај чекам пол да откријам. За ќерче навивам, а и инстинктот тоа ми вика. Само мм мисли дека пак ќе е синче
И мене кога правев крвна слика во Авицена во урина покажуваше некои бактерии, правев и уринокултура излегоа негативни резултати. Не знам сега периодов со гриповите каде е најдобро да се оди за да се провери крвна слика, јас не сум за да чекам ред во државна :/
Јас треба да одам за проверка на шеќер, железо и леукоцити ама ќе си почекам. Периодов не планирам да шетам по лабаратории....
Да почекаме, ама не се знае до кога ке трае ова . И што е најтрагично, како поминуваат деновите, станува се полошо. А испитувања и контроли мора да се прават.
Здраво на сите! Денес сум 14+5 и на преглед за 2 дена, дали ќе се види пол и кога видовте вие? Фала и убав ден!
Кај нас уште на првиот скрининг 12+1 докторката го кажа полот, но рече да го земеме тоа со резерва, бидејки е рано. На прегледот 16+2 ни потврди дека е женско.
Да, сум чула дека ако кажат женско може да е рано па да испадне машко после : ) и јас тогаш правев скрининг ама некако многу мрдаше и не успеа да види