Мене со првиот батко уште од 12 недела ни кажа дека е машко, после само си потврдувавме А сега со baby n.2 се криеше на секој преглед и тоа добро Дури на втор скрининг во 22 недела, си ги отвори ноџињата да видиме дека е девојка
Можно е да се види. Мене ми кажаа во 12 недела пол на двете машко и женско, но за женското ми рече др со резерва. Често знаело понатака да порасне куре: ) Па потоа во 18та ми потврдија. Така да мислам ќе ти кажат
Уште пред пренаталниот тест да покаже и пред да одиме на првиот скрининг, во 10-та недела бев кога докторот ни кажа пол и немаше утка, така си излезе и уште си е
Здраво , сакам да прашам сега сме во 16та недела што треба да се прави нешто имам сега контрола во петок но највероватно само ехо да барам ли нешто да правам брисеви или како бидејќи сеуште ми немат правено Имајтее убав ден.
Здраво, Денес бев на преглед 15та недела. Супер е се, единствено што јас малку се замислив а Др. не изреагира како да е страшно е цервиксот. Должината е супер 42мм, затворен е цврст, но каналот е благо отворен 2.5мм. Рече до нареден преглед треба да се затвори. Слични искуства и колку имам простор да паничам? Рече да одмарам, тоа посекако максимално одмарам колку може. Фала ви ❤
Пол ми кажаа уште на прв скрининг со двете. И првото е маже и второво е маже. @simonka93 се надевам ќе ти се исполни желбата. Јас силно верував дека е женско и испадна маже и второво. Што и да е - здраво и живо да е. Да пишеш утре како ќе поминеш.
Ако воопшто отидам ради ситуацијава. Среќа др во нејзина ординација ќе ме гледа, ама мора крв да испитам Ќе се маскирам најверојатно
Девојки 37мм дали знаете дали е добар цервикс во 18+? Кога рече ќе се маскирам ме потсети на таа жената од ѓорче вчера што искочи сликата со гас маска дека се шета лабаво Не дека ти правам паника, да не бидам погрешно сватена, но до сега како процедурално е во 12та брисеви од вагина и цервикс. Јас па може така реагирам и затоа што сум изгорена предходно од бактерии што јас што маж ми. Како и да е провери си. @Anaouou
Ако ти е шубе да одиш за крв јави се во авицена прашај за дома да дојдат да ти земат крв.. ваљда сега со вирусов уште доаѓаат дома да боцкаат
Урина да проверувам месечно, и да синоќа бев на контрола значи ми зема брисеви сега ги однесов а едни за ПАП тој ги носи сам. Ми кажа и тој дека е дечко
Дали сте се соочиле со намален апетит во второ тромесечие? Ништо не ми се јаде, што и да помислам или почнам да јадам не ми е слатко и јадам на сила ама ептен малку. После пола саат пак сум гладна и пак ништо не ми се јаде дури некогаш мисчам дека ми се лоши од прегладнетост иако гадењето ми заврши во првото тромесечие. Пред малку се мерам намалена сум 1.5кг.
Девојки 20 недела сум, цела нок имав болки менструални, никако не можев да се наместам за спиење. Во текот на денов болките ми станаа како сечење ниско доле, иста болка како кога ке кивнеш, само континуирана. Бев кај Ивановски , ме прегледа рече се е во ред со бебе, со матка, со бешика... но болкиве не престануваат. Му се десило на некој?