Мене ми е 34 ми рекоа дека е одличен. Нормални се ако не се прејаки да се неиздржливи. Инаку кога се шири матката и ти расте мешето има менструални болки. Некогаш ми се појаки, еве сега пр ги имам доле ниско ама послаби. Имав и појаки ама се трпеа.
На моменти се јаки да не можам да се исправам и да одам, после с3 само ко менструални пр кога лежам... Фала ти
Додека се трпат е нормално. Ако осетиш ненормално јаки болки контактирај лекар. Инаку во бременост е се нормално.
Јас имам куче голема раса. Само што ми рипна со двете шепи директно на стомак и малце како да ме боли. Да одам ли на лекар женски? Многу се изнервирав, си плачам
Еве тазе искуство. Кај ти е постелката, преден или заден ѕид? На заден ништо не ти може прво, второ кучето кај татко ми константно ми скока... Мене Константин како ме рокна пред два дена и со право бев на доктор... Ништо не му е на бебето, ама ударот беше како од голем човек, е толку е јак.
Јас мислам ништо не е. Не знам која беше пред некој ден детето ја удри јако по стомак, а јас пред 3 дена паднав. И двете сме супер. А исто и при јако кочење во кола појасот многу јако ме стегна. Заштитено си е бебето, не се секирај. Како сакаш ти ама да не се влечкаш по болници за џабе.
Не се грижи ништo нема да биде бебетo си е заштитенo вo меше. Кoлку трудници имаат паднатo... Вo oваа ситуациjа сo вирус пoдoбрo е дoма и без грижи.
Дали ги броите движењата на бебето? Денес влегувам во 26та недела и на апликациите што ги користам пишува дека трева да се бројат. Дали доктор ви има кажано нешто за ова?
И јас сум 27 недела не ми спомнала дека треба да ги бројам ... иако мојата бебушка ретко кога е мирна
Во 17 недела сум. Се е во ред со срце освен што било помало за 2 недели. Значи на 17 бебето е големо како да е 15 недели. Живеам во странство па ме испратија во друг град да правам ултразвук дури за 2 недели. Маж ми е многу загрижен. Искуства некој?
Кај мене бебето во 18-19та недела (мислам така беше, не ме фаќај за збор) беше една недела назад. Сега во 33та сме 1 ден напред. Ич да не се секираш, ќе си напредне колку што треба со тек на време. Не е до тебе.
Ич за тоа не се секирај. Моето од почетокот на бременоста па се до 21 недела беше една недела поназад, а сега веќе си одговара за неделите.
Девојчиња што ќе правите со втор скрининг? Јас сум советувана од доктори да не превземам ништо сега во оваа ситуација, ако има нешто и се потсмири ( што чисто сумњам за набрзо) ќе збориме накнадно. Јас ако е се вака ќе го рипнам.
Јас ќе го правам вториот скрининг. Со кола ќе отидам, маска, ракавици,не верувам дека има гужва. Страв ми е не дека ми е сеедно ама и шубе ми е да не го направам прегледот.
Ама јас не сум во Скопје. Избегав кај свеки. 4 саати во два правци не ми се тепаат , Бог е голем, само он да не чува.
Пишав пред некое време за болки и притисок долу и ете ме со скратен цервикс. 18+3, бебе супер, цервикс 25 мм на едно мерење, на друго 28. Денес правев серклаж. Само плачам. После две биохемиски и еден миссед, сега ова. Сила немам.
Јас закажав за 2 април, па ќе видиме до тогаш живи и здрави да сме на тоа се сведе се! План ми е да си го чувам терминот, па ден два пред термин да се слушнам со др. Незнам што да ти кажам. А да одиш таму некаде нели планираше. Реално прегледов е битен. @LadyC си реновирала по дома Нова слика м? Види, прва бременост ми е така да и не сум многу компетентна, но од досегашново искуство, поготово пренаталниот што не ми успеа јас лично скрининзиве ги чекам ко лебче. Кај тебе е друга ситуација, слушај си доктор на крај на ден да не те буниме уште толку овде.
Мила, да не ти раскажувам и потресувам, ама имав ситуација набрзо пред 2 недели каде моја клиентка со правени скрининзи, нифти и сл у 7ми... Не сакам да пишам за тоа, ептен ме потресе, само сакам да кажам ништо не е мерило. Ама како тргнало малиов ми е со тт 4 дена, ќе мора утре да си одиме изгледа за Ск. Којзнае како ќе правиме... П.с. реновирам често, ќе видиш . Препорака од Владата.