Имаш право, така е. Има разни болести кои не зависат ни од пренаталните тестови.. болести кои се јавуваат во 7 и 8 месец за жал. Но, ако ништо друго психолошки ми е полесно да ми минува бременоста кога ќе слушнам на скрининг/преглед дека се е во ред. П.с ова до сега ти е најсимпатично реновирање
Не го мењам. Тоа е син ми на година дена. Господ да не чува, ќе биде се во ред, ќе родиш, ќе видиш каква среќа се и најмннннн кога ќе те нервираат. Ти ќе имаш дупла среќа срцка
Добро утро девојки, 16та недела сум и вчера вечерта додека гледав тв приметив дека кога ќе легнам на страна осеќам како пулсирање, поспоро и не повеќе од минута. Не е ваљда дека можам да го осеќам толку рано? Или така изгледа кога се шири матката? Не сум загрижена него се ме интересира Фала ❤
Јас еве сега сум во 17 та и до сега така некогаш како што кажавте осетив пулсирање ама се мислев ајде викам црева се нешто што знам, а сабајлево не знам како три пати осетив појaко пулсирање ама скроз на лева страна а лежев на десна страна ама како позади да ми беше кај бубрег не знам рано ли е или стануваме немирни
И ја некако мислам дека е рано, ама па знам како ми било кога не можев на вц по 3-4 дена и ова е нешто друго...мислам дека сепак си го знаеме телото сега и повеќе него било кога затоа што сме повнимателни. Како и да е убаво чувство
Јас таму прочитав на една страна имаше калкулатор и ми стоше орви движење на 25ти месецов паа викам сигурно е можно нема да гледаме толку точно до денови
Јас не верував дека е бебето, пошто ептен мало, нема логика да се осеќа и кога отидов на гинеколог го прашав, рече бебето е. Кај секого е индивидуално. А прва бременост ми е За една недела влегувам во 7ми. Тоа лудува сега во стомак. Што ќе биде кога ќе кљчи повеќе тежина не знам
Кај кого правеше мила? Во која клиника и колку те чинеше? Јас бев денес на ехо,докторката измери 28 мм и ми рече можно е серклаж ама ќе пратиме,контрола по 1 недела... дали беше со анестезија? Молим те пиши ми како помина
Сега ти пишав во труднички, пред ова да видам. Инаку правев во Систина, Ивановски ме води. Дента му отидов нс итен преглед пошто кај матичната ова го видовме и ме задржа. Прво исто ми рече да одмарам и да ставам прогестерон ама после рече ај да средиме превентивно сепак и дента ме правеше. Прекратка интервенција, со целосна анестезија. Те пуштаат другиот ден дома. Нема болки, малку непријатност има газа со бетадин после интервенцијата, ама ја вадат и таа и ок си. Физички ич не е страшно али јас психички лошо поднесувам. Форумов го изначитав, ги најдов сите мислења поврзани со ова и гледам дека повеќето се позитивни па ќе видиме. Инаку контрола ми закажа тек за 4 недели. Тогаш ќе ми го праи и големиот скрининг. Инаку бебушка супер беше на ехо и сега ама мене на другово ми беше паметот. Следете ситуација вие, не знам која недела си, ама ако си повеќе, си во подобра ситуација.
Жени како стоите со притисокот? Јас сум 14та недела и до сега нон стоп ми е низок. Денес ептен лошо се осеќав, слабост, вртоглавица, лошење. Мислев да не ми е од прогестеронот што почнав да го земам орално, потоа ми текна да измерам притисок и 94/52 Не знам дали постапив добро, се напив 2 чаши кока кола и лапнав малку чоколадо, кафе периодов не можам. Друго што може да ми помогне?
Дечки здраво Беисеви во 12та недела се прават, па после на крај во 35та здравје. Во меѓувреме не се прават задолжителни или само ако имаме потреба?
Јас првата бременост така правев. Сега правев плус во 18та дека во 12та имав бактерија. Ако немаш вагинален исцедок со мирис или чешање мислам дека нема потреба. @LadyC што реши, ќе одиш на скрининг?
Не. Немам намера да се пикам во Ск додека не се смири се. Претешко ми е, ама тоа е најдобро за мене, бебуш и детето во моментов. Одат на контрола девојчиња, ама ја не се пикам , не би да ризикувам ...
Јас од старт сум со низок притисок,ссмо кока кола ми помага и турско кафе ,некогаш и лимон ке истискаш во кафето.
Мила колку ние и да избегаваме да одиме во Скопје, скопјани ке дојдат кај нас. Еве вчера гледам на паркингот пред нашата зграда полно скопски коли, кои порано не сум ги видела. Дали доагјат на гости, или имаат изнајмено апартмани на подолго време не знам, битно полно е. Ке се сретнеш со нив во ходник, во лифт, со овој вирус не се знае кој е заразен и кај можеш да го фатиш. Затоа си велам, само господ да не чува, да ги почитуваме мерките на претпазливост и тоа е . Друго за жал не можеме да стотиме. Јас на пример сум со високо ризична бременост, морам да одам на контроли. А дали ке одам Скопје или друг град кај што нема регистирано заразени, штом го напуштам станот веке сум во опасност.