Секое сабајле или на гладно или по доручек во соковник ( цвекло, јаболко, лимон, морков ) плус мед и ленено семе ако можеш да го јадеш.
Завршив со втор скрининг. Кај Котларова бев ( прв пат одам, предходно одев неколку пати кај Петрова и Димчев, но ме бендиса и Котларова ) пријатна, комуникативна, темелна и детална. Се е во ред, си ги гледав 45 минути скоро на екран но за жал неможеше да ми направи убави сликички од фацичките бидејќи многу мрдаат.. но тоа и не е толку важно ама сепак ме копка на кој наликуваат Цервикс во 18та 3,6 беше денес во 22+ измерен 3,3 - докторката ми рече океј е плус ми врати утрогестан вагинално, мојот доктор што ми го тргна во 14та и се опуштив малце, што не мора да значи но некако посигурно се чувствувам психолошки со утрогестанот ) џизс крај Ми се допадна во Ремедика дека има навидум добра организација и претпазливост во однос на ситуацијата. Маж ми не го пуштија, пуштаат само пациенти се прави дезинфекција на нозе и раце и мора да се носи маска по можност и ракавици. Сите што влегуваат пополнуваат еден прашалник се потпишуваат и пишуваат кај кој доктор одат на преглед.
Супер е Котларова, и јас одев кај неа и презадоволна сум од деталните објаснувања и од времетраењето на скрининзите.
Абе немај гајле. Мора да одиме тоа е. Денес сите пациентки со кои се сретнав беа трудници. Редуцирани им се прегледите точно дека почесто итни но мора да одиме на прегледи .. Не се секирај, маскирај се и терај Не се вози во лифт, оди пешки по скали во систина. И кога ќе еи дојдеш дома се фрли за перење.
Имав закажано на 1ви и откажав. Па си дојдов во Скопје. Од една страна шубе ми е бебчо да не го видам, од друга многу ми е страв да одам, не сум нормална... Мене ќе ме фати 23+5 ама ми рекоа таман ќе е пак.
Не знам зошто имам потреба да го споделам ова, вчера за прв пат ме клоцна бебето! можеби малку позитива помеѓу сета оваа загриженост би ни годела! 18та недела сум, среќа и среќни денови ви посакувам! ❤❤❤
Wow! Како вчера да те читав за забременување, како лета времето. Уживај во моментот, ќе дојдат уште поубави
И лифтовите во Систина се речиси празни. Јас бев во четвртокот, дури беа отворени и со изгаснато светло, од што ретко се користат. На скалите има поголема веројатност да сретнеш некој отколку во лифтот. @LadyC , без грижи, нема воопшто гужва во Систина, дури и паркингот беше речиси празен.
Мамичкии да Ве прашам за два дена влегувам во 20та недела. Значи не знам овие три дена односно во 19та како нагло да ми порасна стомак, а до сега дури не ми се познаваше мислам тие што не знаат дека сум бремена не ни приметуваат малку ми е чудно како така од еднаш дали имате приметено кај вас или не е можно така, јас очекував некако постепено
И јас до 16та недела немав ништо и мислам дека преку ноќ ми се наду прво па после се виде баш меше трудничко и мене ми беше чудно без грижи.
Zdravo da ve prasam. Dali osven na vaznite skrininzi odite i na redovnite mesecni pregled. So ogled na situacijata se dvumam. Inaku 17+ sum.
Јас бев на ехо само во 18 недела (сега сум 20) крвна слика немам правено од крај на јануари, сега во 20та недела имам втор скрининг и го закажав во Систина бидејки во државна не сакам да одам поради ситуацијата. ( Иначе живеам во источна Македонија кај што нема случаеви на Корона )
Jas na 2 skrining imam vo maj zakazano. A na eho bev pred 1 mesec pa se mislam za kontrolava najmnogu za ehoto mi e.
Здраво на сите. Јас од денес влегувам во второ тромесечие и се придружувам во групава. Ги направив стандардните брисеви во 12та недела и се добри. Месечно испитувам д димери и хемостаза и поминав прв скрининг. Што следно да очекувам од редовни прегледи и испитувања? Какво е тоа Торч и Кумбс испитување? Кога се прави? Кога се испитува скриен шеќер? Фала ви и со лесно на сите
Торч се испитува во 12 та недела,Кимбс се прави ако си негативна крвна група,следно ти е само крвна слика и урина со која што одиш на втор скрининг,скриен шеќер се испитува во 27ма недела
Добар ден Да ве поздравам, стигнав и јас во оваа група Веднаш имам прашањевториот скрининг од која до која недела беше? И торч дали е задолжително, јас минатата година имам испитувано. Никој не ми спомнал за торч до сега.