Ај добредојде! Јас бев во 20 и во 22 недела на втор скрининг. Од 18 до 22 се прави. Ова го пишува на страницата од Систина: ,,Втор триместар - Од 18. до 22. гестациска недела се прави ултразвучен скрининг со кој покрај тоа што се следи растот на плодот, главна задача е детална анализа на анатомијата на фетусот, поединечно неговите органи и исклучување на вродени аномалии на плодот, почнувајќи од најтешките, кои се ризични по животот на плодот, сè до помалите или козметички дефекти. Се анализира папчаникот, плацентата, нејзината поставеност, но и должината на грлото на матката, кое ни го одредува ризикот за предвремено породување. Во периодот од 24. до 28. недела се прави и тест за откривање гестациски дијабет." Торч проверив околу 12 или 14 недела, не ми текнува баш.
Да се надоврзам. Дали ТОРЧ е задолжителен и дали има од - до недели кога треба да се направи? До сега ниту еден доктор не ми спомна, освен кумбс бидејќи сум рх негатив.
Па мислам дека во прво тромесечие се прави, не знам баш точно, но ако сакате може и подоцна. И мене никој не ми го спомна, но го направив.
Јас во 5 месец самоиницијативно го направив зашто ништо немам прележано и подобро е било кога да се направи барем да знаете на што имате антитела.
За втор скрининг веќе пишале, да не се повторувам, а Торч јас правев околу 16-17 недела, мислам, на едно одење сите анализи ми беа ( пап тест, микробиолошки брисеви, хив/хепатит, уринокултура и Торч) и јас имав правено неколку месеци после киретажата, но матичниот гинеколог ми рече дека добро е и во бременост да се провери за секој случај.
Сега заради ситуацијата, незнам дали да се испитува во Ск. Ај ќе прашам и доктор. А за брисеви, јас првите не ми се уште направени брисеви, има и втори кај 17та недела?
Не, тие се истите само ги правев подоцна Не ти реков добредојде во темава, уживај во најубавите три месеци од бременоста
И јас ги каснам првите брисеви, заради крварењето неколку пати. Сега планирав 15-16та недела да ги правам. Фала ви за топлото добредојде, со лесно на сите да ни е до крај
Добив информација за во Систина а изгледа ќе важи и сегде сите пред пораѓај или било каква интервенција освен анализи за хив и хепатит и крвна група и за корона ќе ни прават испитување.
Мила и јас торч правев минатата година, па докторката ми рече дека не е потребно да го правам пак. За секој случај, заради ситуацијата направив само igm во приватна лабараторија.
Денеска бев на скрининг во Систина плодова вода на граница (високо) треба да проверам скриен шеќер... Има ли некој вакво искуство? Мерки има на влез мерат тт и прашања од типот Дали сте биле во странство, Дали имате симптоми... И Сопругот беше со мене
Да, јас имам скриен шеќер, плодова вода повеќе и бебето е една недела понапредно. Провери си скриен шеќер.
Zdravo zenski.Dali site vtoriot skrining go pravite po privatnive bolnici i kaj specijalisti za skrining ili kaj vasite maticni lekari?Jas sum 19gn i mojata maticna nisto ne mi spomna za vtor skrining,samo rece deka treba pak da odam na 27april ,no ke se dogovorime za sigurno radi situacijava.Prasanje mi e dali po preporaka od maticen se odi na specijalist za skrining ili svoevolno odbirate kade ke go pravite skriningot?
Јас правев и кај специјалисти за скрининг и кај матичната, бидејќи и верувам. Мојата матична прави и скрининг.
Дали тие што сте околу 24 недела имате болки во половината? Со син ми се мислам многу покасно ми почнаа.
Јас имам кога ќе стојам повеќе од што треба. Пример ручек кога правам подолго време на нога и ме фаќа кичмата одма.