Да ве прашам ехо на срце правевте ли и во која недела? Колку време трае прегледот? Дали има врска со скринингот втор или не? Да си го рачунам времето
Не правев посебно ехо на срце. На втор скрининг бев на две места и таму му правеа ехокардиографија. По 45 минути ми траеја двата прегледи. Да имаше сомнеж некој од докторите, ќе одев и кај Драшко.
А втор скрининг ти си сакаше или така те советуваа? И не ми се смејте Драшко е др специјалист за срце кај дечиња?
Јас сакав две мислења. Правев во 20 недела во странство, а вториот пат во 22 недела кај Котларова во Ремедика. Драшко е за ехокардиографија, во Систина е тој.
Мене докторката ми рече во 22 втор скрининг кај неа, па во 25 за ехо на срце ако сакам. Има кај нас ординација за ехокардиографија, па таму ќе идам.
Мене вториот скрининг ми го направи 18+4 ,а за ехо на срце ми закажа во 22 ра недела...мојов доктор така ми закажа така и одам ,нема на пример ако сакаш да одиш на ехо на срце или не..ти закажува нареден преглед
Втор скрининг е задолжителен и се прави од 20-22 недела, а до 24та најдоцна и ехокардиографија тоа ако сакаш. Др.Драшко оди во Прилеп прави прегледи, само не знам точно каде и наплаќа 1500ден ми се чини.
Знам дека е задолжителен мила, грешка се изразив. Оли правела и 20та и 22ра недела. Затоа прашав зошто 2 пати. Инаку ќе се слушнам и јас во Плодност, па ќе прашам и таму што ќе ми кажат, сакав и ехокардиографија плус да правиме
Јас правев дури 2 пати ехо на срце кај Драшко, во 22ра и 29та недела, иако се' беше супер и првиот пат, кога веќе ми спомна за уште еднаш, ми беше "шубе" да не отидам, а не ми се даваа пари. Ако сакаш можеш да ги поклопиш во ист термин со скринингот, бидејќи скринингот е 18-22 недела, а ехо на срце на бебе 19-24 недела, ако добро се сеќавам. Ако не планираш да се пораѓаш во Систина (бидејќи со овој преглед таму, после имаш бесплатно ехокардио на бебето кога ќе се роди, барем така беше пред 2 год.), поефтино е да го направиш во Прилеп кај истиот доктор.
На вториот скрининг др. ми направи и ехо на срце. Јас до сега сум била на ехо околу 7ма,12та, 18та и 23та недела. Кај матичната одам само за рецепти. Според мене со дупли прегледи и скрининзи се прават дополнителни стресови. Мое размислување.
Ако има потреба, да ке одам. Незнаев како треба. Ако ми спомнат дека треба, ќе ги направам, тука видов дека може и 2 прегледи. Сама не барам ништо.посебно сега со вирусов, не би одела мн, многу
Девојки здраво. Вчера се разбудив со некоја алергија на гради и денес сеуште имам. Ама па мислам ако е алергија ќе имав и по стомак раце...можно ли е вака да изгледаат и искачаат стрии?
Мене стриите на гради кога ми искочија си беа линии, не вака. И јас мислам дека е алергија. Да не си сменила прашок, омекнувач, храна, лекарства? Ако не, консултирај се со лекар.
Фала, само тоа ми беше да не се стрии да не излегувам по докториве за цабе. Ништо не сум сменила, малку појака храна во неделата...
Не е тоа, и сопругот има над градите и помалце. Затоа мислев алергија ама па само таму?! Не перам со многу прашак и омекшивач, се исто користам. Битно ми беше да не се стрии, да не идам до кај Др. за тоа. Фала
Се пријавувам во темава, го започнав второто тромесечје. Ги земав вчера резултатите од брис, имам кандида, ќе ставам вагиналети. Ќе почекам малку ако се смири ситуацијава со коронава ќе отидам нареден месец на преглед кај матичната. Не ми е оди сега. Убав викенд на сите
Добредојде Немаш потреба за кандидата ако ти е да одиш по прегледи со ситуацијава. Кандидата не е нешто страшно, штом примаш терапија ќе се среди. Уживај во второто тромесечие.
Здраво јас сум 14та недела почеток на второ тромесечје. Сакав да ве прашам од симптоми што најмногу имате? Јас веќе се познавам во стомакот но не многу..дали нагло пораснува? Кај мене многу симптоми се смирија освен глад главоболка и повремено ми се лоши.. дали се појачуваат симптомите или се намалуваат во овој период? Фала