Здраво, Ве молам за совет - 15та недела сум и подледниве 2 недели имам страшни главоболки.. Пијам многу вода, здраво се хранам, пешачам.. Што смеам да пијам за да олеснам ситуација? Некои денови не можам да ја помрднам главата без чувство на остра болка.. нормално ли е периодов да има главоболки, поврзано ли е со стадиумот на бременоста или е нешто сосема друго? Ви благодарам
Јас имав 2 пати страшна мигрена тука некаде 3-4ти месец. Нема баш нешто што можеш да направиш. Кога ептен е неиздржливо напиј се парацетамол. Јас седев во затемнета соба, без телефон, компјутер, телевизор и си одмарав. Ми сметаше светлина и буквално секаков звук. Два дена така и ми поминуваше. Само многу вода, бегај од јако сонце и масажа.
Да, мешето преку ноќ ќе се појави Ова е најубавото и најлесното тромесечие, искористи го да си направиш списоци со потребни ствари за бебето и веќе после 6-7ми месец можеш да си почнеш со пазарување. Има преубави теми, види во категорија 'Бебе' има доста совети многу корисни.
Ја касно читам. Бидејќи го откажав скринингот во 21ра мислев нема да може да се прави покасно, ама испадна и Ложанковски и у Систина да ми кажат дека е од 20-24 та недела. Јас го правев во 23+4 вчера. Чисто да си знаете дека може. @Alishan30 и ти мила да знаеш.
Јас имам страшни главоболки цела бременост а поготово преминот од прво во второ тромесечие, така да се е нормално. Ти пишала и Јана темна просторија, одмор, вода и масажа. Јас се масирав кај масер тој период само врат и ми беше многу подобро, но заради ситуацијава престанав и сега ме масира маж ми со АЛПА руска вода. И парацетамоли пијам, некогаш за џабе, некогаш занаат да ми помогнат. Тоа е.
Девојки, има денови кога имам болки во стомакот како во рана бременост, нормално ли е? Ја започнав 17-та недела, на последната контрола ми рекоа дека плацентата ми е поставена ниско, можно е да е тоа причината? Инаку примам прогестерон, болките не се секојдневни ама кога се јавуваат (како денес) траат по цел ден. Стомак уште не ми пораснал, од почетната килажа имам -1 кг и се уште не го осеќам движењето на бебето (еднаш, двапати осетив како пулсирање на нерв )не знам дали е тоа бидејќи не се повторило од вчера.
Јас сум 20 недела на почеток ,стомачето рипна , болки во стомакот немав ни на почеток ни сега.. Уште знам понекогаш да повраќам ,а сеуште не сум го почувствувала убаво туку така како внатрешно скокоткање...или така треба ( прва бременост )
Дека прва бременост ти е. Како ќе расте мешето така ќе го осеќаш повеќе и повеќе. За повраќањето секој е своја индивидуа и е различен скроз. Некои повраќаат цело време во текот на бременоста, некои до 3 месеци, некои воопшто и тн...
Здраво мешиња јас сум 25+2 и се чуствувам многуу мачно, имам несоница веќе една недела не можам до 4-5 да заспијам не можсм положба да најдам и ме фаќа нервоза само по 4-5 саати спијам и по цел ден сум заникаде, пробувам и преку ден не можам се мачам само... Со мм идеме да пешачиме пола саат и нозете не ги осеќам и грбот и само гледам да легнам, нервозно се осеќам ,мешето ми е оптегнато ,бебе си мрда си го осеќам,а јас некоја тежина во градите... Дали е нормално овој период да ми е така? Извинете на долгиот пост.. позз
Нормално е. Земи си перница за трудници, јас ја искористив максимално, пиј магнезиум и б6 може ќе те релаксира и убави мисли само
Дали е нормално доле да чуствувам како тежина и како да имам топка некоја не ме боли ама како да ми пречи иначе сум 16та недела?
Препорака за стручен и смирен гинеколог за водење бременост, кој обрнува внимание, др. Радица Бојчева - центар или др. Агнеса - капиштец? Благодарам.
Здраво почнувам 15та недела и имам како кркорења во стомакот како црева кога си гладен..обично после јадење пиење.. рано ми е да го осеќам бебето но дали некој имал вакви кркорења грчеви ни ја не знам што се Инаку и јас осеќам слаби менструални болки од старт па и се уште ми рекоа дека е нормално мислам дека се осеќам од што сум слаба? Како е кај вас ?
Пред да почнам да ги чувствувам бебињата истото го доживував. Гласно кркорење и како цревата да ми се превртуваа
Девојки кога е втор скрининг и каде правевте? Прв скрининг правев пред 4нед кај матичната но за втор сакам и кај специјалист.. а сега треба на ехо преглед да одам(16та сум)..за што е овој ехо преглед и каков е дали вагинален или на абдомен?
Јас правев во 22 недела во систина бидејќи сега околу вирусот и не прават државно така ми кажа матичниот а не сакав да се оставам без да правиме. Кај Димчев правев и абдоменално беше ехо.