Абдоминален треба да ти е овој. Како и претходните еха кај матичниот гинеколог го мерат... Втор скрининг ти е од 20 до 24 недела.
Исто во Систина?..јас вп Ремедика обично одам па повеќе таму ме влече за втор скрининг само ете се ми е страв да не утнам доктор првиот скрининг ми го правеше матичната
И јас закажав кај Котларова за 4 недели од сега пошто не знам како ќе биде тогаш Петрова, а ми ја фалеа Котларова. Не сум била до сега кај неа, се надевам дека ќе биде ОК.
Добро ве најдов 14та полна од денес. Коооонечно два дена без поврајќање и мачнини,се надевам помина хоророт. Но денес ми се појавија болки јаки во лев колк. Имав и за првата бременост,но многу подоцна ми се појавија. Земам магнезиум 250 навечер може кр треба и сабајле да земам. Или па калциум се зема плус во бременост? Феминион2 од витамини земам. За 2 недели на контрола во полна 16та па се надевам ке се види и пол
Здраво јас сум 16+4 и досега не правев скрининг, а докторката денес ми рече после 20та недела да одам за скрининг, ми рече дали во чаир или некоја клиника, можете да ми препорачате некаде со што имате добро искуство, и дали некој правеше во чаир?
Првиот скрининг бев кај Петрова, вториот кај Котларова. Двете топ. Вториот скрининг Котларова 50 мин ми го правеше со детално објаснување, и покрај коронава.
Првиот скрининг не го правеше? Тој е многу битен да се направи или можеби не си била во можност а тебе докторката ти кажала за вториот скрининг околу 20 недела. Имаш и посебна тема за скрининг можеш таму да прочиташ
ништо не ми рече за првиот скрининг, отидов прв пат кога бев 6 недели, после на 12 недели ипол и сега на 16 и денес рече дека требам после 20та недела скрининг да правам, тоа ми е прв пат да го спомне
Кога си била на 12 недели можно ли е да ти правела скрининг а да не ти кажала оти баш тогаш се прави првиот.
незнам, колку трае тоа време ама сите прегледи беа брзи како секој и не ми спомна ниту еднаш за прв скрининг и нели ако ми го правеше првиот би требала и вториот кај неа, нели не би требало да ми каже ти требаш после 20та да го направиш кажи кај сакаш за упат,,, незнам сега многу се плашам дека првиот не ми го правеше, а јас како прво бебе и ништо незнаев ни дека постои тоа, и таа како доктор не го ни спомна првиот
Јас сум 16та макај 15та имав многу кркорења во стомак сега се потсмирија ама не знам како да препознаам движења или уште е рано... на моменти околу папокот ме боли и подуена сум стомаков како да ми се истегнува. Дека сум слабичка се' осеќам ама движење јок или не знам да препознаам... рано ли е?
Не е рано, и јас незнам да распознаам, а сигурно си имаат тие движења. 17та недела сум, и како преку ноќ да ми порасна меше, 1ден ме боли, изгледа од тегнење и ширење на матка и кожа. Посебно на вртење како топче цврсто се прави и затега. Следниот ден е подобро. Од киселини ми сопреа до 13та недела, еве ги 3-4 дена секое попладне и навечер ги имамморам со тестенини да прекинам, слабост ми се. Првиот скрининг ми траеше цели 40мин, мн детален. 5 пати нухален мереа за да не згрешат и просек да извадат, секоја карактеристика ја гледаа. За втор сега се спремам во следниве недели. А за трет ќе прашам, порано не беше задолжителен, матичниот гледаше мерки на бебче, плодова вода и постелка, сега може се сменило нешто. Како ќе ни кажат-така ќе правиме Мн сакам полот да го дознаам и да си нарачувам работи за бебенце, знам дека е рано. Ама бар едно боденце од мерак
И мене ми е слично како тебе со тоа истегнување на стомак и како топче.. ми порасна и мене стомакот и само стомак имам како прејадена изгледам а сум поправена 5кг скоро ама се во стомак иде за моја среќа. Тоа ме интересираше уште после 12та сите симптоми ми се смирија и сега секоја болка ме вади од памет и плаши па после ќе осетам нешто ќе се смирам и се така. Мене уште на прв скринонг ми кажаа машко ама рано е секако па ќе видиме така дали ќе остане и ја само гледам бодиња
Ако си слабичка затоа и не ти се познаваат 5кг, туку само во меше. Јас сум само кило ипол поправена, ама полничка сум, со 76кг почнав, и несакам да ставам на мене, само у бебче нека одат килограмите А за движењата било битно и постелка на кој ѕид на матка е, тие што им било на преден помалку осеќаат, а на заден повеќе. Ама нас ни е прва бременост, и што ако ми е на заден ѕид кога јас појма немам дали тоа што ме полазило е некакво движење
Мене не ми ни кажале како е поставена..е да пак нема да знам ми кажаа кркорењето дека е знак тоа ми е смирено..некогаш нешто осеќам и врска немам дали е тоа а јадам многу благо и стално ми кркори стомаков и сум подуена ај ќе видиме за некоја недела валда ќе почнеме да препознаваме А за поправање долго се трудев ама не можев да качам ни килце сега ми е шанса да одам барем појака на пораѓај