Фала ти, знам дека ќе е се во ред само не бев сигурна дали е само инфо или ете може да биде корисно за пораѓај или терапија. Фалааа
Најмногу е заради аномалии на срце, и на други органи. За кои може и да се советува понатамошно водење на бременост
Женски здраво. Дали 17 недела се осеќате тромаво или само јас мислам дека сум како во 9ти месец. Се задишувам кога се движам, едвај се местам за спиење, ужас, а не сум ни на пола пат.
Да,одев пешки и се задишував а не дека не сум дома активна турбо сум. Но вака ми беше кога ми опаѓаше серумското железо .Понеделник ке испитувам кс па ке видам. Може и кај тебе има улога,баш да чувстуваш замор од ништо
Исто а сум 16та уште. Се ме болу како да ми тежи стонак и некад за кичма се држам како во 9ти. Мислам дека немам кондиција пошто сигурно 18ч во лежење ми поминуваат кога не смееш да излезеш
А дали имате зголемен исцедок? Уште не ми се земени брисеви поради крварењето па мислам да не имам исцедок од некоја бактерија
И јас крв ќе испитам во понеделник, замор, ич кондиција немам и стомак ми тежи, се вртам у кревет ко тенк. А каде е 9ти месец срам ми е, што вака се однесувам.
Мене пак почна преку денот на спиење да ме тера. Волку поспана во првото тромесечие не бев, некни на последната крвна слика ми беше малку намален хемоглобинот 117, прашав дали да земам нешто, рекоа за сега не. Јас и пред бременоста правев циклуси со терапија на железо, сега сум без а не знам ни колку е. Можно е поспаноста да е од тоа нели? Наредна к.слика за месец дена.
Јас имав и сега чат-пат имам, ама значително се намали преку ноќ. Мењав гаќи ко луда. Вторите брисеви чисти беа.
Исто и јас. Некогаш имам, некогаш не. Брисеви правев во 23та,чисти беа. Си викам дали можеби зависи од тоа што јадеме и колку вода пиеме? Ова некое мое размислување.. Мислам дека кога јадам нешто благо, тогаш имам. Може и трескам глупости, ако некоја знае, нека пише.
Имам и јас од самиот почеток и прашав на гинеколог бидејки ги немав ни првите брисеви направено ми кажа дека е нормално (вагината се чисти ) се додека нема чуден мирис или изглед. Две недели подоцна правев брисеви и си беа чисти.
Сега во 35-та правев брисеви, нема ништо, чисти се, а исцедок имам секој ден. Сè додека не мириса лошо и не е во боја, мислам дека е ок.
Дали некој од вас имала грчеви и трнење во подколеници? Јас сум؟19 недела и веќе се неподносливи особено навечер, а пијам магнезиум
Јас па таков проблем имам со рацете-рамената и дланките.Последно кога бев кај гинекологот баш прашав за ова ми рече нормално било и ми препорачанда земам калциум директ .Некои 3-4дена пијам па не можам баш и да кажам дали имаат некаков ефект.