И ја се слагам. Таа супстанца што го прави горчлив, како и сите тоници не само швепс. Треба не знам колку литри да се пие секој ден за да наштети. Како и за се останато, тоа се мерки на претпазливост а не дека е забрането. Мене швепс многу ми помагаше првите 3 4 месеци го пиев понекогаш, еве се ок
Мене ептен ми бара организмот баш швепс претходно дп 12та недела на спрајт живеев..сега само швепс добро е штом е така па претпоставувам би имал симбол за забранет за трудници каков што има на пивото ..ќе си продолжам умерено
Дали некој примал OHB12? Од денес ми препиша гинекологот покрај Хеферол затоа што Хемоглобинот ми е 88 а Хемтокрит 26؛ Ама зашто Б12 не ми е јасно
Женски, дали сте осеќале како тапа болка/пулсирање доле како од вагината? Кратко трае, а вчера вечерта имав издржливи болки под папокот околу куковите. Претпоставувам не е страшно, ама сакам да не го мислам ако има некоја искуство.
Од каде купувате облека за трудници и ве молам за предлог од каде можам да нарачам да ми донесат до дома. Ништо не ме собира, а не ми се оди по продавници. Исто така, ме интересира кога со сигурност ви го кажаа полот на вашето малечко. Мене во 14 недела ми рекоа најверојатно е девојче, а сега во 16 со сигурност дека е момче. Иако најважно ми е да е живо, здраво,право и се да биде во ред, сепак би сакала и ваше мислење да слушнам. Поздрав мамички.
Чекам одговор и ја за облеката ама кажете и продавница асална што не се занесува со цени инаку мене на 1 скрининг 12та недела ми кажаа дека е машко па во 16та потврдивме . Иако и јас некако знаев дека е машко не знам зошто
@..barbie.. Не сум купувала ама ми се бендисале работи https://www.facebook.com/ButikZaTrudniciEva1/ и во кали outlet гледав хеланки по 320 мислам дека беа ,утре ќе одам накај аеродром ќе поминам и во двата. А за пол ,23 та недела сум уште никој не спомнал на 3Д мислела докторката дека е женско...
Ваикики, мене само таму ме собираа алиштата. Во Поинт Ретаил работи. Од Ева купив само еден тексас фустан, нешто помалку од 2000 беше
Дали знаеш дали утре работи тоа Ваикики ? Пробувам на нет да најдам инфо ама нема. Сакам и јас од таму имаат убаво и не се скапи
Побарај во Стружанка јас си најдов спавача таму памучна 380 денари имаат онака баш за спиење и спавачи што се како фустани што можеш и по надвор да ги носиш и плус памучни се и кажаа дека од нареднава недела ќе им донеле фустани летни. Ако ништо друго имаат прифатливи цени
Хелоу! Значи не можам да ви објаснам колку ми се гади денеска и тоа од пред некој саат. Одеднаш како не знам шо да сум јадела. До скоро немав никакви гадења а веќе 2 недели (инаку сум 24та) имам киселини и болки во желудник а еве денеска и гадење. Дали некоја од вас има слично искуство во второ тромесечие?
@Ines24 и мене денеска ми е катастрофа , како да ми тежи нешто на желудник дури и рамо ме боли . Јас сум 22 од утре и има деновии кога фино ме дрма тоа па и во второ тромесечие .
Еве јас прв пат во 24 та односно она недела почуствував гадење и тапи болки во желудник а до сега воопшто ништо .
Еве денеска е нов ден и сеуште имам како празнина во желудник (како после долго повраќање, а не повратив ниту еднаш) Па кога ме пресече стомакот вчера ниско, мислев готово крај е. За среќа си го осеќам бебчо. Си мислам дека сум каснала нешто или пак дека не одам редовно у вц па од тоа е сето тоа.