Втор скрининг со 4д? Вие сте навистина среќни. Мене овде во Италиа ми го правеа со 2д си пишува и на сликите. Првиот скрининг ми беше со 3д имам две слики во портокалова боја, само тие се гледаат поубаво. Стварно не знам што да мислам.
Хелоу! Јас сега се вратив од втор скрининг, 23+5 сум. Бебето е супер, доста активно, 640гр. Едвај напраивме слики, рачето му беше нон стоп на лице и успан беше. Инаку каналот на цервиксот останува пододлепен има Y облик. Цервиксот е 40мм, ама искрено тоа ме плаши кога ќе стане потежок понатака...ми рече одмарање, вежбање и прошетки не, односи колку може помалце. Се надевам ќе остане внатре што е можно повеќе... Поздрав до сите ♡
24-та недела не е малку доцна за скрининг? Прашувам бидејќи овде ги прават од 18до 22 недели (не дека се за верување, уште кога прават скрининг со 2д ) Инаку приметив дека и мојот цервикс има некоја таква форма и потешко и болно е за мерење, едната страна ја мерат убаво , за другата прават 100 мановри и едвај издржувам од болка. Последниот пат го мереа на два дела па ги совираа мм за да добијат еден резултат. Не знам колку да верувам на таквото мерење, дали и кај тебе така мерат?
Мене матичната ми рече до 24та кога сакам и као подобро покасно. Она секогаш прво со прст да го види грлото дали е цврсто и ѕидот. После вагинално ми мери, ама сеа ме збуни како една па друга страна?! Должината ми е супер, но, најгоре пред да почне каналот од 12та недела ми стои одлепен. Тогаш се надеваше дека матката ќе се крене и ќе се "залепи" ама ништо. Во меѓувреме бев мн активна и вежбање и пешачење, односи....и пак е исто. Сега ништо од тоа нема да правам, се плашам кога ќе порасне уште повеќе да не притисне
Вака, на 2Д или црно белото ехо се гледа поубaво, односно се гледа скелетот, органите и сл. додека 4д е повише за ликот и заради наша лична радозналост. Мене гинекологот секогаш прво ме гледа на 2д се детално, а после само за сликање мењава на 4д. Ме интересира мерењето на цервикс. Мене тоа досега не ми е правено. Кога се прави, како се мери?
Може ти го мери абдоменално и не ти спомнува, сепак треба да пишува и на сликите од ехо што ги имаш. Инаку, цервикометрија правилно се прави со трансвагинално ехо, не дека разликата со абдоменално е којзнае колкава (барем не кај мене) Кај мене оваа бременост почнаа да го мерат од првиот скрининг, во претходната бременост гинекологот не ми спомна ниеднаш а не ми ни измери, тогаш не бев искусна и не обрнував многу внимание. Сега од самиот старт припазувам на многу работи, барам сама на секоја контрола да ми измерат цервикс и ред други работи заради претходниот предвремен пораѓај. Да не ти е на мисла и тебе барај сама да ти го измерат.
@Ines24 не мерат цервикс ако не е ниско постелката и ако не гледаат проблем што би укажувал на скратен цервикс. Мене ми го немаат мерено а сум 22 недела веќе. Сепак планирам на следниот преглед да измерам, ќе и спомнам на матичната, а можеш и ти ништо не те кошта. Цервикс се мери вагинално, како што кажа @Monella
Дали уште ги имате тие менструални болки? Ја нема едно време па овие два дена пак ми се појавија долу ниско но не се јаки онака нормално ги имав до 12та недела сега сум 18та. не знам дали е загрижувачки секоја болка ме вади од памет па сакам со вас да направам споредба за да не паникувам
Јас сум исто 18та на моменти имам но од кога почнав и магнеџиум со б6 да пијам многу поретко, согласно матичниот било нормално бидејќи се ширела матката
Пијам и јас магнезиум директ пропуштив 2 дена можеби да има влијание и тој пропуст. Да и мене така ми викаат се шири и расте стомак ама пак човек да не е мирен се нешто ќе заболи и одма триста мисли во глава а рано ми е за преглед не ми се трча на секое тек за 10 дена сум
@Milkiway и @ni.na и јас имав во 16та и во 18та болки долу ниско, и баш кога прашав ми рекоа Б6 и Магнезиум да пијам, наутро и навечер. Од ширење на матка било. А читав и дека кружен лигамент кој обично ја држи матката баш тие недели се растегнувал и затоа боли. Се смирив. Пиев неколку дена Мг+Б6 ама почнав да не ги чувствувам движењата на бебчето, и решив да ги прекинам. Среќа немав веќе болка и сега и неа си ја осеќам почесто. Од нив ми беше ко заспана и мирна сега само ако имам болка ќе се напијам, но не нонстоп
Значи кај сите е исто тие се болките овој период јас пијам Мг директ не зимам плус б6 ама ги пијам од 12та недела редовно само навечер. Не знаец дека ги успива за сега ќе го продолжам бар дури не се потсмират болкиве да не се вадам од памет
Кога ќе ти поминат болките, баш остави еден ден намерно не пиј и ќе видиш колку се поактивни. Јас така пробав и сега интересно ми е, па не ги пијам. Освен нели, ако немам болка