А почнавте ли движењата и од надвор на стомакот при допир да ги чувствувате? Јас ги чувствувам но од надвор на стомакот не се забележува Но морам да кажам поубаво чувство од тоа кога мрда нема
Јас а ставам рака прекинуваат движењата инаку еднаш го приметив стомаков како ми се поткрева при удар ако мислиш и на такво движење...тоа додека лежиш мислам ќе успееш да видиш ама тој ден бев ептен со благо прејадена. а колку често го чувствуваш во текот на денот? Само како скокоткање или и удари?
За тоа мислев дали стомакот ти се поткрева, кај мене уште не се случило. А ако сум помалку активна а седнам го чувствувам да мрда како удари, ама некои денови па многу слабо ако сум поактивна денот.
Ни кај мене не се поткрева стомак при движења. По јадење додека сум на грб е најактивна, и зимам одма моб и штом пуштам видео за да снимам под папок, таа престанува Штом го исклучам снимањето, пак почнува И никако да ги фатам движењата да се видливи. Под папок осеќам и десно и лево и на средина. Паметни се, не даваат да ги видиме волку рано
@ni.na пиши го терминот, ти си ни тука генерациски изгледа, во темава ако сакаш https://forum.femina.mk/threads/Термини-на-породување.3883/page-267
Кај мене баш фино се крева кога клоца, само уште го осеќам доле под папок лево а поретко десно. А богами и на повеќе сало го осеќам со првата бременост го гњавев маж ми да стави рака, сега дека ризична му викам ич не ме допирај, бегај
Исто ми правеше, како да знаеше дека ја чекам... Нека порасне уште некоја недела ќе успееш, пробај кога има музика во позадина, јас така ја "фатив", и' ја погодив песната
И јас предходно 16та недела осеќав како голицкање дури не ни знаев дека мрда се мислев облеката ми е и веќе од 20та почна фудбал да игра внатре и тоа без благо, кога јадам благо мислам дека збудалува се поткрева стомакот кај што мава
Јас од денеска влегов во 15та недела и се уште го немам почувствувано бебево.Ве читам погоре горе доле овој период сте почнале да ги чувствувате.На минатото ехо рече дека се е во ред и дека бебето е напредно 3 дена,барем на ехо така покажуваше.Јас не пијам магнезиум оти немам некоја болка,онака одвреме навреме самослабо.Килограми уште немам ни 1 качено. На контрола сум дури на 28ми мај,кој ќе чека дотогаш..
Секој различно обично тие со повеќе бремености порано ги осеќаат од кај 20та недела па натака ќе почнеш да осеќаш. Барем и јас кога ја прашав докторката ми вика аа рано ти е накај 20 недела дури
Не си се оптеретувај со тоа. Проо се осеќа мнооогу слабо, треба да лежиш да одмараш, па дури и да се сконцентрираш. Јас од 16та почнав да го осеќам како рипче да ти плива во стомак, а сега веќе во различни ситуации не само кога ќе легнам. Особено ако постелката ти е на предна страна, мислам многу покасно ќе го осетиш.
@firequeenn Јас сум 24 та недела и го осеќам само кога сум легната на грб... Нема правила од кога или колку силно и често ќе го осеќаш. Со золва ми баш правев муабет вика чекај чекај сега едвај чекаш да мрдне ќе те видам за месец дена ко ќе ти ги поместува внатрешните органи
Ја шпионирам темава одамна, и еве дојде и ден да се придружам и јас тука 14та недела од денес, не ми се верува колку брзо минува времето. Кога бев 7ма, 8ма ми изгледаше ехеее до второ тромесечие уште колку има. Додека трепнав помина. Сега одвај чекам да ми порасне стомаков, ма да веќе го чувствувам како малку да е заоблен под папокот
Добредојде во оваа група меше Ќе се дружиме овде, сега ти следи најубавиот период од бременоста, ова тромесечие Гали меше и уживај, за кратко и веќе ќе имаш меше
Девојки да се пријавам и јас сум во второ тромесечје.14 недела и 3 дена Првиот скрининг и проската помина супер,сега чекаме следен преглед ќе биде околу 16 та недела.Што гледаат кај бебчето во 16 та недела?Од поискусните
И после породување правац на сликање на колковите. И јас така боли боли и сега 5 години по породување ме чека промена на колк. Проверка на колковите и д витамин по породување. Обавезно.
Јас имав класичен преглед за напредокот на бебето и крвна слика и урина мислам и брисеви тогаш правев. Но тоа зависи до докторот некои не прават крвна слика секој месец, некои зимаат брисеви порано или подоцна зависи и до докторот
Скраја да е, болката е.нормална поради ширење на карлицата, не секоја ја има таа несреќа да стигне до промена на колк,баш ми е жал за тебе. Ако болката е константна, долготрајна и неиздржлива тогаш треба да се реагира, во спротивно мислам дека нема потреба од вакви мислења кои може да создадат страв и паника кај трудниците. Се надевам ќе помине се' добро кај тебе