Се простудирав верувај, сите примале магнезиум и утрогестан. Кога прашав мојот беше 4,5 (11 недела), потоа 3,5 (во 18та) и сега 3,0 во 22ра недела. Штом не било под 2-2,5 не било страшно. Но не сакам да чекам толку да дојде. Ништо да не примам, ни да лежам ни ништо посебно. У ред било моето. А од вчера, нонстоп го мислам ова. И нормално, ми е страв.
Извини, може не требаше да пишам. На пример мои другарки поима немаат што е цервикс. Нит им мереле нит ништо. Еве една е недела / две пред мене вагинално само во 6та недела ја гледале за срцева акција. Не знам стварно. Најверојатно докторите најдобро знаат.
Не, таман работа. Пиши си, не се исплашив од таа информација. Читав многу за цервиксот, и сама прочитав за многу искуства. А од друга страна многу мои роднини и пријателки, ниту еднаш не им е измерено цервикс досега, ниту им кажале димензии, па без проблем си родија дечиња. Можеби заради инвитрото, или заради крварењето на почеток, и сега вака се притресувам. Не е ок, од моја страна. Штом тој рече не, ќе го послушам. Ама мислата, ќе ми остане, зошто и мене не ми даде утрогестан како повеќето кои примаат
И мене матичната во овие 21 недела ниту еднаш не ми спомнала а пд 12та завршивме со вагинални прегледи и не ми кажала а и верувам знам дека не би напдавила пропуст. Ми мереле еднаш вп 18та на редовен преглед во ремедика ама се пожалив дека десно имав тапа болка и чисто се проверија за да се осигураме. Да не беше болката и јас да не се пожалев немаше ни тогаш да ме мерат.
Здраво. Јас имам едно деликатно прашање. Имавме сообраќајка во 22г.н од бременоста. Со бебето велат дека е се во ред. Прокрварев на денот на судирот. Отпосле ми течеше само темна застарена крв од демот. Нова свежо црвена немав. Јас поминав со скршена клучна коска над градниот кош ама мање битно. Не е проблемот за мене. Исплашена сум дека е можно да се породи бебето порано или незнам секакви мисли ми идат од стрес во главата. Во Германија се наоѓам докторите ме убедуваат дека е се во ред. Дали некој имал сличен проблем во брменоста и дали е можно тоа да боде предиспозиција за предвреме да се роди или нешто друго? Ви Благодарам.
Ако ти кажале дека е се океј значи така е, не знам дали некој доктор би оставил некого ако е ризичен. Пробај да мислиш позитивно му треба тоа на бебето
Ја кај 2ца Др одам, едниот ми рече дека утрогестан до 16та недела имало смисла да се прима после постелката лачела доволно, што утрогестанот бил ситница. Ја немам болки 40мм ми е цервиксот, не знам искрено зошто ми го дава овој другиов Др. Мислам превентивно затоа што бебето е од 6ти свртено со глава и притиска а имам цервикс Y облик па може затоа. Многу е грозно веќе, 3 пати на ден ставам мислам ќе се затнам колку има секој пат ново коа ставам прстите креч! Баш грозно.
Треба веќе да почнат да ти ги намалуваат, јас дабростон пиев 3х1 сега веќе 2х1 и уште ќе ми ги намалува мислам дека до 30та можеш да ги ставаш затоа што после тоа ќе треба да ти се спрема телото за пораѓај
Темава не ни е многу активна Ние тераме 22ра недела веќе клоцкаме дури и мм на допир осеќа како се движи и удира. Знае понекогаш дури и да ме заболи ударот или да ми направи некое нелагодно чувство..Дали и вас ви се случува ова? Иако сум ептен окезена кога ќе клоцне сепак ме вади од памет некогаш кога ќе ме заболи ...како е кај вас?
Ние сме 24та и јас го осеќам веќе 3-4 недели, ама секој ден сѐ повеќе Мм прошла недела прв пат убаво осети, му ја поткрена раката од тогаш кога и да стави рака, бебе е мирно, 2 секунди покасно, пак џумбус внатре
беснеење...А исто знае ли да те заболи некогаш кога ќе клоцне или ја сум ептен нежна еднаш стоев толку ме удри што морав да седнам И не знам дали само кај мене е ама се уморувам многу брзо ако нешто правам низ дома и одма се задишувам
Па не сум осетила баш болка, уште ми е така убаво, ама се посилно станува А за замор, се уморувам и јас, и ме заболува кичмата ниско.. ама гледам да пешачам доста, а по дома стандардни работи.. ако се заседнам, не можам да станам после Ми викаат бебе големо е, па може затоа уште сега заболува кичма (на втор скрининг 21+2 беше 540 гр ) А со спиење како си? Јас не можам да заспијам навечер, жешко ми е, вријам, се превртувам... кај ни е крајот во Јули и Август ако сега е вака...
И мене кичмата многу ме боли и јас гледам да пешачам ама па некогаш не можам долго да движам од умор и многу вода пијам па се дујам уште толку. За спиење не можам да се пожалам искрено до сега супер спијам ама јас сум и така спанка по природа. Легнувам во 21ч кома станувам во 7ч со можеби едно будење за вц и вода пиење. Сега почав перница да ставам меѓу нозе и уште подобро ми е...а за жештините и мене ми е страв како ќе биде тоа дури и сега преку ден се препотувам
Спанка сум и јас.. Ама сега скроз ми е сменет распоредот.. Жива ненаспана сум.. А колку си поправена? Јас веќе 8 кг... Не знам од што толку многу.. Јадам овошје и зеленчук повеќе, леб скоро и да не јадам - си правам од семки и интегрално брашно, благо скоро и да не јадам... пијам по 2,5-3 литра вода на ден, газираноне пијам.. што повеќе?!
Јас некои денови толку лесно се чувствувам што заборавам дека сум трудна Заборавам да јадам и попладне бар 3 часа сум во движење. Колку повеќе се движам, толку полесно ми е. Кога беа сега трите дена карантин, полудев. Дека не можев многу да движам, цела клапната бев. Не се форсирајте, ама гледајте да сте повеќе активни. Поубаво е.
И јас до сега сум толку точно 8кг поправена само што јас не пазам дека почнав со мањак и надокнадувам сакам да се поправам. По апликацијава што се водам идеално би ми било 68кг уште 7кг ми фалат валда ќе ги докачам. Во глобала сум на салати правам дома чорби често и печено гледам поздраво да е ама јадам количински баш ко за двајца. Можеби е нормално до сега 8 10 кг да се качат а може и двете многу вода пиеме а телото задржува течности ...
Јас па за карантинот дека бев во викендица во двор и ептен убаво ми беше движев не седнав уопште низ двор а штом дома дојдов клапнав и се осеќам тешко може и времево игра улога
И јас доста пешачам по 7-8км на ден по апликација додека е телефон во мене. А сигурно со мали дома уште толку правиме. За разлика од прва бременост кога не дигав потешко од 2кг и се движев само до wc и назад сега не сум застаната. Со 10кг од син ми во рака плус. Имам некои 5 кг плус. 62.5кг сум. Очекувам секако дека ке се зголеми килажа но не може и да сакам со ова темпо да достигнам 23кг плус како што имав. Не јадам количински,немам труднички желби. Бебето си мава ниско доле . И едвај чекам преглед понеделник.
Јас каква сум потешконод вода не кревам плус се со страв да не нешто се напрегам а си викам замисли тие сега со дете мало што се дома што праат поготово во период на мачнини ама се навикнуваш